Е сега замисли какво е чувството да не носиш ништо на рака, а сепак ништо да не ти фали и твојот спокој да не зависи од бројаници, ланчиња, крстчиња и други амајлии. Тоа е чувство на слобода.
Верувањето (самоубедувањето) дека бројаницата исполнува желби е чисто празноверие и нема апсолутно никаква врска со вистинската намена на бројаниците. Во тој контекст, подобро е човек воопшто да не носи (да не употребува) бројаница отколку преку погрешното носење (и користење) да ја осквернави самата бројаница, а преку тоа и да хули на Бога и на православното предание.
Па не би ги нарекла бројаниците и крстовите амајлии. Амајлија не постои во христијанството. Не кажав дека мојот спокој зависи исклучиво од бројаницата. И без бројаница можам да се помолам. Кажав дека без неа како нешто да ми фали, затоа што подолг период носам и сум навикната.
Па не знам шо да речам, ете, баш тогаш се случувало да ми се исполни желбата, можеби е случајност, шо знам
Како деца, ќе не однесеа на екскурзија и ние од тезги таму си купувавме бројаници. Ама не треба! Се купуваат од цркви и манастири. Ми се испокинаа и уништија сите тие. Имав црна, бела, сина и црвена. После си купив од црква ама не се сеќавам што се случи со неа а сега носам бројаница која ми е поклон од другарка, од манастирот во Вељуса.
Дали можеш да го замислиш Господ како некој кој што се замара на која рака ќе ставиш некаква бројаница? Демек он ќе види одозгора и ако сме ја ставиле тоа бројаницата на правилната рака, ќе не наградува со среќа, бериќет, здравје, ксмет, успеси итн. Замисли целиов свет гори, у Сирија луѓе умираат од хемиски отрови, Африка ја пркосат гладови, сида, фрчат терористички напади низ светов, луѓево злобни, себични, неморал насекаде, луѓе у депресии, се самоубиваат... а Господ таков ѕирка одозгоре и се замара со бројаници, на која рака луѓето носат бројаници Нешто не ми штима мене овде.
Вие што не ви е врска кај се носи дали го знаете значењето на бројаницата добронамерно прашувам затоа што незнам кај вас како е кај нас муслиманите бројаниците стриктно треба да се држат на десна рака.
Тоа е широк поим би ти препорачала да го научиш значењето на православните бројаници кои сметаш дека на глава треба да се носат тоа по мене воопшто не е убаво така да се рече не е обичен моден додаток.
Дали се знае од кога поттекнува овој обичај за крстење со раката и кој го измислил? Има ли некакви историски извори за тоа кој прв се прекрстил со раката? И дали ако некој се прекрсти со левата рака, тоа би било грев само затоа што некој со векови после Исус му текнало ваков обичај? Поентата ми е дали Бог би ги казнувал луѓето затоа што не постапуваат според оние работи кои им текнале или им се сониле на поединци низ вековите? Точно така, муслиманите користат бројаница за клањање, додека будистите и православните повторуваат (мантраат) молитви со бројаница. Бидејќи будизмот датира од неколку векови пред Исус, а уште повеќе векови од појавата на православието, очигледно е дека будизмот извршил големо влијание врз православието на истокот, врз уметноста на иконите, па и врз оваа пракса на повторување молитви со бројаница. Еве како изгледа будистичка бројаница: