1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Со било која рака да се крсти човек и во која било рака да држи бројаница, Бог нема да го казни.

    Од колено на колено се пренесува дека со десна рака се прекрстува.... Крсти се ти и со лева ако сакаш, само глупо е за гледање... Сите наопаку, ти терсене :D

    Битно додека се искрени молитвите, Бог не казнува за такви ситници.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па и да не се крсти и да не држи бројаница, Бог нема да го/ја казни. Мислам зошто Бог би казнувал за нешто што Самиот не заповедал? Зошто Бог би казнувал за ствари кои некој човек ги измислил и ги наметнал како човечки обичаи?
    Замисли сега ја и ти измислиме обичај луѓето да се кружат (вртат кругови) со две раце истовремено и го наметнеме тоа како обичај и после неколку векови Бог ги казнува луѓето затоа што не се кружат со рацете како што ние сме правеле? :) Нема логика нели?
    Супер е човек да си верува, ама луѓето треба да веруваат и со срце и со разум. Кога верникот ќе го исклучи мозокот, тоа е тажно, но истовремено и опасно за него и неговата околина.
     
    На Bender Rodriguez, baba Rada, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.

    Бројаниците се прават со рзличен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.

    КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА

    Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Христова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат.
    Како треба да ја започнеме нашата молитва? Собирајќи ги тие мисли од лутање, со левата рака ја држиме бројаницата а со палецот и показалецот ја одбројуваме секоја кажана молитва со по еден јазол.

    Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ МЕ!

    ИСУСОВАТА МОЛИТТВА е најважна молитва за секој христијанин. Таа, според црковните правила може да ги замени сите други молитви кажани дома. Затоашто е осветета со самото име Христово, таа, во нашето срце внесува божествена благодат и неискажлив душевен мир, кога често ја повторуваме. Многу православни христијани толку многу навикнале на неа што постојано ја изговараат, па дури и кога спијат затоа што, кога човек навикне на неа таа посганува механизам што се одвива како на пр. процесот на дишење. Најголемата сила на оваа молитва се состои во самото име на ИСУСА ХРИСГА, кое истерува од нашето срце секаков немир.

    Освен ИСУСОВАТА МОЛТВА, христијаните рдовно се молат и на Пресветата Богородица светителите на следниот начин: ПРЕСВЕТА БОГОГОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ГРЕШНИОТ СВЕТИ (името на светителот), МОЛИ ГО БОГА ЗА МЕНЕ ГРЕШИОТ.

    Со помош на бројницата можеме да се молиме и на нашите ближни или својот народ, и тоа на едннствен начин: На првиот јазол од бројаницата ги кажуваме следните зборови: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ ГО (чедото, народот) СВОЈ (името или повеќе имиња од списокот) а на другите останати јазли не го спомнуваме името или имињата за кои се молиме туку само велиме: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГИ СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.

    Исто така можеме да се молиме и за нашите упокоени роднини и иријатели:
    ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА УПОКОЕНИТЕ ТВОИ ЧЕДА (имињата). А понатаму ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА СПОМНАТИТЕ .
    Кога сме сами. добро би било да избереме тивко место каде што можеме во тишина да се молиме. Православниот христијанин, најчесто се моли пред икона со запалено кандило. Може да се моли: кога седи, кога лежи доколку телесно е уморен или болен. Пожелно е пред кажуваиње на молитвата да се прекрстиме. На тој начин нашето внимание полесно се врзува за зборовите од молитвата. Меѓутоа, молитвата "на бројаница" може да се кажува и на секое место и во секоја прилика: во автобус, воз, парк, чекална па дури и во разговор, доколку активно не се учествува во истиот. Повеќето христијани пред спиење ја осенуваат својата постела со крсниот знак и легнуваат заедно со бројаницата, молејќи се тивко се додека не заспијат. Наутро кога ќе станат гледајќи ја до себе својата другарка, веднаш повторно Му се обраќаат на Својот Создател со молитва.

    Многу е корисно наутро и навечер да се одвои одредено време за молитва. Светиот апостол Павле ни препорачува "да се молиме постојано", Секако, кога сме во друштво не мохеме да се молиме на ист начин како кога сме сами. Кога сме во друштво не треба да привлекуваме внимание со нашата молтва, туку внимателно, едноставно молчејќи, да ја изговараме молитвата следејќи ја со незабележително вртење на бројаницата. Молитвата во себе можеме многу лесно да ја кажуваме движејќи го јазикот при затворена уста и со мислите да ги следиме зборовите од молитвата. Накратко кажано, можше да се молиме секогаш и на секое место, а за тоа да не знае никој освен Бог, на Кого Му се молеле. Секое привлекување внимание со нашето молење не е во духот на вистинската молитва. Молењето треба да се извршува во покајание и смирение, скромно и тивко "во тајната одаја од срцето наше".

    Кога сме на молитва, Светите Отци забрануваат било какво мечтаење или замислување на слики. Нашето внимание треба да биде насочено во зборвите од молитвата. Тоа се постигнува со упорно вежбање, но и со бавно кажување на зборовите од молитвата, а не со брзање, со цел да се постигне одредениот број на молитви. Бог ја исполнува само онаа молвтва, која е кажана со внимание н смирение. Сепак, потребното вниманне тешко се постигнува, затоа се препорачува молитвата да се кажува и во моменти кога сме расеани. Ваквиот начин го навикнува умот на постојана молитва. Постојаната молитва, е слична на водните капки, шго непрекинато паѓаат на камен и прават длабнатина во истиот.

    Бројаницата. во моментот кога не ја користиме, можеме да ја чуваме во џебот, а ако е мала - на раката. Не е убаво да привлекуваме внимание со бројницата. а посебно не да се игра со прстите. Таа служи исклучибо за молитва, а не за играње или украс.
    Кон неа треба да имаме должно почитување. Монасите и монахињите, кои ги плетат бројаниците, се молат за време на работењето, и тие се плод на молитвата.

    Затоа, браќа и сестри, да се молиме на нашиот Спасител Господ Исус Христос и неговите светии за себе и за нашите ближни, како би добиле благодат во овој краток земен живот од Светиот Дух, и би се удостиле со вечната награда на небесата, Господ секогаш е со нас, на секое место, и посгојано не учи дека царството небесно е внатре во нас - во нашите срца. А тоа значи, дека треба секогаш да бидеме со Него преку МОЛИТВАТА и другите свети добродетели. Важно е да знаеме дали нашата молитва поткрепена со подвизи, правејќи ги преку постот, милостињата и другите добри дела, му е мила на Бога. Многу е опасно да се бавиме со молитва без почесто исповедување на своите гревови пред духовникот илн парохискиот свештеник. Исто, неопходно е смирение и трпение кон своите домашни и колеги на работа. Бог не ја прима секоја молитва, посебно не на човек чија совест е обременета со злопамтење и омраза кон ближниот. Господ не учи најпапред да се измириме со братот свој, а потоа да му принесеме жртва, Ако некој не разгневил или ни направил некоја неправда, добро е пред почетокот на својата молитва да се помолиме со зборовите: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГО ТВОЕТО ЧЕДО (името иа оној кој ни згрешил)И МЕНЕ ГРЕШНИОТ. Навистина не е возможно да се добие ни една христијанска особина без благодат од Бога и неа ја добиваме првенствено преку молитвата. Затоа МОЛИТВАТА Е ЦАРИЦА НА СЕ ШТО Е ДОБРО И КОРИСНО ЗА НАШАТА ДУША таа воедно не вознесува и соединува со БОГА.
     
    На korisnichka, sonuvana, melnicanecot и 6 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Оваа сцена можам да ја визуализирам во македонските народни приказни каде што Ванчо Петрушевски е преправен како ѓавол и навечер доаѓа и му ги расплетува чворовите на Лазар Бараков. А Ѓорги Колозов му кажува ујдурма како да направи чвор кој што натемаго нема да може да го одврзе :D

    [​IMG]

    Но не можам да ја визуелизирам оваа сцена во реалноста. Неизбежно се поставуваат прашањата: Зарем навистина ѓаволот кого Исус го нарекува „лукавиот“ не може да расплете еден чвор? Внук ми што има 8 години може да расплете бројаница, а не пак ѓаволот

    И зошто ѓаволот би му ги расплетувал чворовите на бројаницата на тој монах? Да го спречи да се моли? Зарем тој монах не може да се моли без бројаница? Ако можеле да се молат без бројаница Исус, апостолите и сите илјадници христијани низ вековите (пред да навлезе овој обичај во источното христијанство), зошто да не можел и тој монах? А и денес скоро сите христијани во светот се молат без бројаница без проблем (со исклучок на одредено малцинство меѓу православните верници) и немаат никаков проблем со молењето. Затоа ми е чудно зошто тој монах не можел да се моли без бројаница и зошто ѓаволот си немал попаметна работа, па чворовите му ги растурал. Ми делува баш како деца некои што се заиграле со чворови :)
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Бројаницата е украс од кој црквата добива пари со негово продавање, а познавам монаси кои ги плетат бројаниците и им ги дават на свои познати за да им ги продаваат по фирми.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Абе знаеш како викаат, кога човек има мака на се се надева и во се верува.

    Нема Бог да го казни некого ако се моли без бројаница, тоа е апсурдно, ама луѓето си купуваат бројаници и се крстат зашто така се чувствуваат поблиску до Спасителот.

    Останало тоа со генерации и генерации, и се продолжува во иднина...
     
    На sonuvana и Rama им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Само едно можам да заклучам,ако се бара логика во верата тешко дека ќе се најде. Се си има своја симболика и предание како што зошто ... И јас така слушнав/прочитав, така пренесувам ..
     
    Последна измена: 9 април 2017
    На sonuvana, Rama, CoCoGiiiRL и 3 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова е веројатно така затоа што живееш во околина каде што верниците ја исклучуваат логиката и разумот кога станува збор за верата или пак можеби читаш верски статии од сајтови кои го мотивираат истото. Ако ги прошириш малку веските видици ќе видиш дека има и поинакви верници, кои бараат разум и логика во верата т.е. го љубат Бог и со својот разум, а не само со срце.

    Точно, кога човек е во мака, емоциите знаат да го потиснат разумот. Но проблемот е што некои луѓе веруваат и практикуваат апсурдности и суеверија и кога не се во мака, туку тоа им е религиозниот стил на живеење (сега зборувам општо). Ова веќе не е исклучок, туку правило во нивната вера.

    И ако нашите предци слепо верувале во некои традиции, ние не сме должни да ја продолжиме таа штафета. Секоја генерација треба да се труди да ја надмине претходната, да напредува.
    Кога Апостол Павле дошол на овие простори и и сведочел за Исус на паганката Лидија, таа може слично да рече: абе убаво е ова што го велиш Павле за тој восктеснат Исус, ама знаеш, моите родители биле пагани, нивните родители исто и така си останало со генерации..
    Но за наша среќа Лидија не изреагирала така. Таа сфатила дека тоа што Павле го збори има логика и држи вода, и затоа одлучила да го прифати и да ја надмине нејзината генерација и да се промени на подобро.
     
    На ♡BuBaLe♡ и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Поубаво кажано АМИН...кој разбрал разбра.
    Верувам во Бог, верувам во него како креатор на цел овој прекрасен свет, но верувам дека човекот некаде ја искривил вистината за да може да го употребуваме мозокот.
     
    На EvAngelos и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos во право си, и верувај сум читала,слушала, прашувала, истражувала...документарци со оваа тема имам гледано многу, и тие за 'тајната библија' кои одеа на Нешанал Џиографик...и единствен заклучок ми е - пак да се вратам на она најнеминовното - слепа вера со искрено срце и правилни побуди :/
    А целиот првичен мој пост беше за тоа во која рака се држи бројаницата и зошто - во левата и кажано е зошто..

    Можеме вака до бееескрај, и сите ќе бидеме во право :)
     
    Последна измена: 9 април 2017
    На Rama, CoCoGiiiRL и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Нормално дека Бог нема да казни никого,ако се моли без бројаница.Според мене самото име кажува броење,барем јас така го сфаќам,ако треба да кажам одредена молитва ете да речеме 100 пати,наместо да ставам рецки или што знам како,поедноставно е со бројаница од 100 чвора,а пак тоа што е плетена со молитва од свештени лица и дава религиска вредност,по што се разликува од обичната бројаница.Вака гледам на ова.
     
    На Rama, ♡BuBaLe♡ и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  12. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Немало врска со која рака ќе се прекрстиш ова навистина прв пат го слушам од некој секако нема да казнува но можеби твојата молитва нема да биде прифатена..
    Десната страна и во крстење и во молитви се практикува незнам како можете така да размислувате кога нешто не се знае подобро да не се прокоментира..
     
    На xxhexx, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали тоа значи дека молитвите на Исус и Неговите апостоли не биле прифатени бидејќи они не се прекрстувале, ниту пак вртеле бројаници?
     
  14. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Боже господе прости им што зборуваат...

    Ти сметаш дека крстувањето и молитвата е залудно?
     
    На Rama и Vitaly им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Од каде ова дека молитвата е залудна? Збориме за вртење бројаници, тоа не е исто што и молитви.
    1 милијарда католици се молат без бројаници. 800 милиони протестанти исто така. Православните се околу 250 милиони, ама мнозинството од нив не се молат со бројаници. Дури и оние кои носат бројаници ги носат од помодарство. Па не веруваш ваљда дека Бог ги игнорира молитвите на сите, освен на оние што вртат бројаници :)
    Бог нема допирни точки со бројаниците. Тие се измислени од луѓе стотици години после Исус. И прекрстувањето исто така. Тоа се човечки обичаи, а не Божји заповеди или Божји регулативи.

    Има луѓе што се боцкаат со игли додека се молат. Кога би им кажала дека тоа се измислени човечки обичаи и тие слично така возбудено би изреагирале: САКАШ ДА КАЖЕШ ДЕКА БОЦКАЊЕТО СО ИГЛИ ЗА ВРЕМЕ НА МОЛИТВА Е ЗАЛУДНО??!!! :o

    Жал ми е ако повредувам нечии религиозни чувства, но ова се историски факти кои како возрасни треба храбро да ги прифатиме.
     
    На ♡BuBaLe♡ и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Овде нешто друго си кажал и на тоа мислев..

    Како и да е не треба да се биде тврдоглав на вавки теми секој си има свое верување најбитно е да веруваш со сето срце и да се молиш за бога и за доброто и за лошото, секој си има свое верување и треба своето да го сака туѓото да го почитува..

    Од каква и вера да сме сепак бог е еден од него помош бараме нема погрешно молење никој не може да биде грешник ако си покорен кон бога единствен грешник е тој што не го почитува на било каков начин.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Извор : http://bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=36
    Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата

    01. Спомни, Господи, за мир во светот.
    02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие.
    03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Епископот наш и неговото братство.
    04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици.
    05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство.
    06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби.
    07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ.
    08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас.
    09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители.
    10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини.
    11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе.
    12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите.
    13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат.
    14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки.
    15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите.
    16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства.
    17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри.
    18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците.
    19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во
    искушение.
    20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа.
    21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и
    парохии.
    22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и
    цркви.
    23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и
    очајаните.
    24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа.
    25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите.
    26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото
    Православие.
    27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно.
    28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и
    болничарите.
    29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа.
    30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси.
    31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз.
    32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите,
    роднините, дедовците и прадедовците наши.
    33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.
     
    На korisnichka, sonuvana, Chica.Loca и 2 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Господ нека ми прости АМА многу од овие твои молитви не ми се допаѓаат, нарочито за помилување на политичари и судии, злосторници..идр.
    Дали Бог воопшто ни ги слуша молитвите, дали не чува од поплави, несреќи, земјотреси,......дали бадијала се молиме!?.
    Упорно се молите а Бог упорно ви дава се за кое нејќете да го имате и доживеете.

    пс.
    заборави молитва и за коцкарите, кога веќе ги спомна наркоманите, пушачите и алкохоличарите.
     
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Тие се, на Бигорски се наведени
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Бабе,ништо лично ама ќе те прашам само:а дали ние го слушаме Господ кога ни заповеда да го љубиме ближниот како себеси? Дали го слушаме кога ни вели ако не удре некој по едниот образ ние да го завртеме и другиот?
    Дали често посетуваме болни и изнемоштени? Дали помагаме на сираци,бездомници и вдовици?
    Мислам дека НЕ!
    Оти упорно гледаме да го прегазиме блискиот и непријателот а не да го љубиме,и после се жалиме оти Господ ни "давал" војни и поплави,земјотреси....

    Значи ваше право е аман свативме веќе,НЕ СЕ МОЛЕТЕ на бројаници,патем никој не ве тера.
    Ама не мора да се мешаат баби и жаби.
     
    На CoCoGiiiRL, sonuvana, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.