Нека ме поправи некој ако грешам, но мислам дека тие 33 молитви не треба да ги научиме напамет и баш нив да ги повторуваме, туку се пример како отприлика треба да се молиме со бројаницата.
@baba Rada Можеме да се молиме за што сакаме, однос со Бог е личен и за секоја единка посебен иако он ги гледа длабоките помисли во срцето. Во Светото Писмо ќе најдеш многу примери дека треба да се молиме за сите ...независнот дали се наши непријатели, роднини , политичари итн. Пример се точно ! Бројаницата помага при молитвата да ја задржиш концентрацијата за изговарање на молитвата. Исусовата молитва Господи Исусе Христе помилуј ме мене грешниот/ната е една од најубавите и најдлабоки молитви која ја практувале многу светители. Иако нема правило но најубавата молитва доаѓа од самото срце може и да има нејасни зборови но мора да имаме верба и надеж во Бoга дека ќе бидеме услишани. Времето местото не се ни малку важни ако во себе чуствуваме потреба за молитва убаво и пожелно е тогаш да ја изговориме. Најубавата молитва Шетајќи се со своето мало кученце близу велелепната црква во својот град, момчето го слушна утринското биење на камбаните. За миг застана невино зјапајќи во сериозните лица на луѓето кои минуваа по пешачката патека низ паркот каде тој играше, а која водеше директно до задната капија на новата црква. Помисли: кога и јас би знаел да се молам. И во моментот му текна. Се спушти на колена и почна: A, Б, В, Г, Ѓ, Ж, Ѕ... онака, како што ги имаше запаметено буквите од азбуката, од тоа што го беше научила поголемата сестричка која сега веќе одеше на училиште. Тогаш, итајќи низ патеката се појави млад, ведар човек облечен во црно. Не можеше, а да го одмине туку-така момчето кое чудно клечејќи во занес ги кажуваше неправилно буквите од азбуката, иако брзаше. - Што правиш така клечејќи дете? - го праша момчето, кое скоро се дрзна. - Еве чичко, се молам. Не ги знаев зборовите на молитвата правилно, па си реков ќе ги кажам буквите, а Господ правилно ќе ги нареди. Младиот свештеник се насмеа, знаејќи дека тој ден ја чул најубавата молитва. извор : http://preminportal.com.mk/266-vesti/16567-najubavata-molitva-31-07-2015 ) Инаку има многу примери за чуда после молење јас ќе ти издвојам едно: Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога…“ и среде молитва, за чудо и радост на сите започнало да врне дожд. Селаните започнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе… Не сум тоа јас… “ Манастирот е чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!“ Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се моли за неговите духовни чеда, за верниот народ на нашата Света македонска православна црква како и за сите кои со вера го повикуваат. извор: http://preminportal.com.mk/duhovnos...-gavril-svetogorec-ep-velichki-ne-sum-toa-jas Иде ПАСХА ДОБРО ВОСКРЕСЕНИЕ НА СИТЕ
Ме интересира што треба да се направи доколку бројаницата се скине? И дали треба да се носи на лева или десна рака?
однесија во најблискиот манастир они знаат ќе ти кажат во иднини како да постапуваш со скинати бројаници. не е битно на која рака ја носиш битно е да се молиш со нејзе
Бројаница се носи на лева рака за да ти биде десната слободна за крстење. Кога е стара, износена, скината или се чува или се закопува на некое чисто место. Нема потреба скината бројаница да се носи по цркви и манастири.
@carangigia Бројаницата се носи на лева рака. Пожелно е да се молиш на неа,но не треба да ја вадиш од рака дур не ти се скине. Е сега,праша што кога ќе ти се скине? Не треба никакво закопување,едноставно може да си ги чуваш настрана во некоја кутија на пример или кеса.
Нема врска ова, можеш да ја вадиш кога сакаш. Поубаво да ја вадиш отколку да се капеш со неа, на пример. Така ја чуваш, а со капењето ја уништуваш. Нема потреба да ја носиш постојано.
Знам дека со капењето се уништува побрзо...но јас штом еднаш ќе ставам бројаница,не ја вадам никако,ни за капење ни за излегување(освен за време на интимности ) Бројаници носам добри 15-16 години,уште од мала,не можам да се замислам без бројаница на рака,имам износено стотици досега.
@Matotheja нормално, за ова нема правило, затоа што не би ни требала да имаш односи пред брак. Бројаниците служат за броење на молитвите -значи, додека не се молиш нема потреба ни да ја носиш. Се останато е бабини приказни. Јас ја носам мојата затоа што порано имав панични напади, па за да се смирам посегнував по молитва. Секогаш ја вадам кога се капам, не планирам да ја мокрам, а за останато, кога како ми дојде. Сега моментално не ја носам затоа што не смеам да носам ништо метално на себе, а не сакам да ја заборавам кога ја симнам.
Ако интимностите се природни и се вршат меѓу оние кои се во црковен брак - бројаниците не мора да се вадат. Ако се работи противприроден блуд, вонбрачен блуд или прељуба, нема потреба ни да се ставаат. Бројаницата се користи за да се молиме со неа, а не за украс или за „амајлија“.
Нема правило сестре,ама тоа е една "почит" исто како што не треба да имаш секс ни во соба полна со икони. @DAngel Е сега за тоа дека не треба да имаме однос пред брак 200 % си во право,но јебига не сме безгрешни ионака никој Но кога веќе го правиме "забранетото" може барем малку од малку да ги ублажиме околностите,под тоа мислам на немање на себе бројаница,или икона во соба за време на тој чин
@Rama, јас не реков дека немам односи, нити се пропагирам како некој верник, само кажав дека тоа што ќе ја симнеш ништо не менува
@DAngel и @Rama не заборавајте дека и во вас има потенцијал да бидете светици. Само треба тој потенцијал треба да го искористите. Како што го искористија света Фотина Самаријанката (која разговараше со Христа на бунарот, евангелие според св. ап. и ев. Јован) или како света Марија Египетска, или пак многу поедноставно да си се венчате со дечковците.
Те сфатив,не мислев на тебе само. Општо зборав(и јас спаѓам во таа група). Верник сум,но не безгрешен верник....
Не постои безгрешен човек, без разлика дали е верник или не. Луѓе сме и сите грешиме но многу е погрешно да се вадиме на тоа дека имаме право да грешиме затоа што сите грешат и да си правиме гревови свесно. Блудот на пример, кој е спомнат погоре, немав поим дека е грев, па и смртен, еден од најстрашните, најтешките и најлошите, но кога научив, престанав да го правам тој грев. Дури и таквите помисли. И останати грешни работи... не можам да направам нешто ако знам дека е грев, а ако направам несакајќи, несвесно, во афект, тогаш совеста ме гризе. И се трудам да правам што е можно помалку грешки. Кон тоа треба да се стремиме сите ние верници. Колку е почиста душата, толку е поголема божјата благодат. Среќа наша што Бог е милостив. Се извинувам што сум малку оф топик, само сакав да се надоврзам.
И јас се стремам кон тоа да бидам "помалку грешна". Но,еден бил безгрешен и совршен само. А,останатите ние сме створени грешни,со цел да се каеме,да се исповедаме за своите грешки и гревови кои се направени свесно или несвесно,без разлика. Блудството е голем грев,не го оправдувам ама ич. Но,знаеме за жал како е кога човек е или бил во врска
@melnicanecot @Rama @Bitter-Sweet фала Мене не ми се скина бројаницата, но пред некое време купив нова бројаница која е на ластик (а кај нив постои поголем ризик да се скине ластикот). Ова прашање ми се мота во главата откако на фб видов девојка која објавила дека и се скинала бројаницата, а сите кои коментираа пишаа дека во тој случај бројаницата требало да се запали. Мене ова многу ме збуни, почнав да гуглам на нет и јас самата наидов на такви линкови. Поттикната од тоа што го прочитав го поставив тука прашањето. Еве неколку линкови. Па доколку некој знае нешто подетално за тоа нека објасни http://republika.mk/836557 http://stil.kurir.rs/lifestyle/71519/sta-sa-brojanicom-kada-se-pokida-obicaj-koji-valja-ispostovati
Почитувана, како што ти пиша и @DAngel , светите предмети или се закопуваат на место на кое не се гази или пак се спалуваат и пак пепелта се истура на место на кое не се гази. Така е за оштетените икони, така е за бројаниците, така се постапува и со свештеничките одежди, со убрусите, црковните прекривки итн.