1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.139
    Пол:
    Женски
    Имам неколку бројаници кои не ги носам на себе туку си ги чувам. Подарени ми се од особено драги личности и се купени од цркви и манастири каде заедно имаме патувано. Не сум во можност да ги носам затоа што скоро по ставањето сите тие веднаш ми се проширија и сега се доволно големи за да паднат од рака. :|
     
  2. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    44.544
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам нешто. Би сакала да си носам бројаница на раката, верувам ќе ме заштити од зло, ќе бидам поблизу до Господ, ќе ми прави да се чувствувам убаво и сигурно. Прашањето ми е, дали доколку носам, сум обврзана да се молам, 33 молитви на ден или слично? Замолувам некој што знае да ми објасни. Благодарам :)
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Не сум доволно компетентна да ти одговорам,ама бројаници носам добри 15-16 години и кога ќе ми се скинат,си ставам нови,значи константно носам.
    Е сега,да бидам искрена,не се молам како што треба да се кажуваат молитви на секое снопче од бројаницата вртејќи го,ама сепак кога ми е тешко или лошо,знам да ја фатам со рака бројаницата и онака да се помолам,се чувствувам многу душевно исполнета одкога носам бројаница на рака :)
     
    На sonuvana, Orthophill, JaneMarple и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JaneMarple

    JaneMarple Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    @Rama јас носев порано подолго време бројаници,имав разни бои. Не сум се молела така по 33пати ама во нервоза знаела да ми се најде како занимација низ рака. Важно е во што веруваш дека ќе ти се оствари,делува како плацебо. Е сега ако вербата е насочена кон релано остварливи нешта е во ред. На пример да имам верба во нешто никогаш не остварливо и не знам како и колку пати да се молам со или без бројаница ништо од таква пуста верба.
     
    На Luminary, sonuvana, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Е сега,нормално дека Бројаницата не е "семоќна" ама не поврзува со Бог,и важно е се што правиме да правиме со голема верба,ама едноставно некои работи не се средуваат ни со голема молитва и посветеност,подложни сме на многу искушенија и ќе минуваме низ тоа што треба да минуваме.
    Во секој случај добро е да се носи бројаница,јас до вчера носев 4,две извадив,си оставив на рака само 2,и како што кажав многу години ги немам симнато од рака бројаниците,не можам да се замислам макар ни една да немам.
    Кога ми е тешко си се молам со кратка молитва која ми доаѓа од срце и така....
     
    На Veta, Luminary, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    Прашањево е како да го поставува некој војник, појден на фронт и сега прашува, дали оружјето кое му го дале треба да го употребува или е доволно да го носи на грб/појас. :)
    Бројаницата е помошно средство во молитвата. Света е затоа што секое зрно од бројаницата е исплетено од 7 крстови. Но, уште посвета ќе биде ако се молиме со неа.
    Основната молитва на бројаница е: „Господи Иисус Христе, Сине и Слове Божји, помилуј не` грешните!“ Доколку се молиме со оваа молитва, дневно ќе ни одземе околу 5 минути за да ја кажеме 33 пати. Доколку се немате молено и не сте се молеле, пробајте да се молите барем 5 дена во неделата, ако не можете секој ден. Покрај основната молитва на бројаница, убаво ќе биде да го читате и Символот на верата барем еднаш, „Отче наш“ и „Богородице Дево“, ако можете минимално по еднаш, да се читаат „Отче наш“ и „Богородице Дево“ по трипати уште е подобро.
    (Символот на верата, „Отче наш“ и „Богородице Дево“ можете да ги најдете во секое календарче.)
     
    На Veta, vevija, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Бројаницата не е ниту амајлија, ниту украс, христијанството не познава, ниту признава амајлии. Точно, нејзината функција е да се искажува молитва со нејзина помош, како што подобро е објаснето од страна на @Orthophill.Сепак, лично сметам, дека нејзиното присуство само по себе нас не доближува и потсетува на Бог, па дури и не поттикнува на во себе искажана молитва, особено во одредени ситуации кога не би можела да се искаже гласно.
     
    На hermosa, Rama, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    Овде „не“ е негација или кратка заменска форма за директен предмет? :)
     
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Секако кратка заменска форма:). Дури се посомневав дека може ќе предизвика нејаснотија, ама подоцна. Важно, разјаснивме.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Машки
    Дали доколку утре некој или некоја уметничка креира прстен со сребрен триаголник на врвот и направи приказна дека тој триаголник го симболизира Божјото тројство или сл. дали ќе верувате дека тој прстен ќе ве штити од зло, ќе ве доближува до Господ, ќе ви носи среќа и сл?

    Ова ми е поентата. Погледнете ја целава работа од перспектива на Господ. За момент замислете дека сте Господ со цел подобро да го воочите тоа. Го создавате целиот Универзум, планетата Земја, создавате растенија, животни, луѓе... и едед од тие луѓе зема некакво врвче, го врзува во чворови и прави алка од него (бројаница). И некои од останатите луѓе ја ставаат таа алка и сега очекуваат од вас да ги штитите од зло тие луѓе што го имаат ова на раката, очекуваат да се доближите баш до нив, да правите да им биде убаво и сл.
    А таму некоја во болница што се моли без бројаница, е таа ќе извини, ама приоритет имаат овие што ставиле бројаница околу раката.
    Ви изгледа ова на разумен Создател на Универзумот кој своето делување и помагање ги управува спрема тоа дали некој ставил нешто на раката или не?
     
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски


    Но, токму тоа погоре беше дискутирано. Како што е објаснето бројаницата е помошно средство во молитвата, но нема својство на амајлија, штитник од зло, предизвикувач на среќни случувања и слично. Следствено, треба да се употребува согласно намената, без притоа да се очекува дека сама по себе ќе не штити од ништо. Бездруго, никој не оспори дека Бог ја слуша нашата молитва каде и да сме и во каква форма и да е искажана, со бројаница или без, важно е да биде од срце и искрено упатена.
     
    На kuc, Rama, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Машки
    Бројачници како бројаницата можат да бидат корисни само за броење на молитви (заради чворчињата). Турците имале слични бројаници ама со топчиња, како гердани. Сепак имајќи предвид дека Господ Исус Христос заповедал да не повторуваме напразно молитви, нивната улога излегува дека е контра учењето на Исус. Е сега некој може да рече дека не повторува „напразно“ 33 пати или 100 пати една иста молитва, но науката (психологијата) има докажано дека доколку едно исто нешто повторуваме многу пати, дека тоа станува ноторно несвесно повторување (како и секоја навика), а разумот се фокусира на други работи.

    И друга работа, доколку искуството покажало дека луѓето ги користат бројаниците како амајлии, залудно е што некој ќе вели „ама не треба така да се користат, туку вака...“. 90% од луѓето пак ќе ги користат како амајлиии и луѓето во целост ќе имаат повеќе штета од нив, отколку корист. А и оние 10% што велат дека ги користат „како што треба“ и тие, иако не признаваат, сепак имаат мал идолопоклонички однос кон нив верувајќи дека во нив има нешто посебно. Едноставно таква е нашата човечка природа, кога вклучуваме било каков предмет во нашето религиозно општење со Бог - да ни се развива идолопоклонички однос и кон тој предмет. Тоа е во човековата природа и затоа Бог десетици пати во Библијата забранува идоли, амајлии и сл.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    Нашиот Господ и Спасител Иисус Христос, втоарата ипостас на Најсвета Троица, преку светиот апостол Павле, во Првото послание до Солунјаните рекол:
    „Молете се постојано!“(1Сол.5,17)
     
    На hermosa, korisnichka, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    На која рака се носи на десна или на лева рака?
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Според некое непишано правило, бројаниците секогаш се носат на лева рака :)
     
    На cresa-jagoda и Kikiccc им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.190
    Пол:
    Женски
    Каде можат да се најдат слични во мкд?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ги има во манастирите/црквите?
     
    Последна измена: 11 август 2019
  17. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    пробај по манастирите, како последната не сум сретнал ама како првите две да.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.190
    Пол:
    Женски
    Не барам стриктно како од сликите, само сакам подолга бројаница со зрна, слично на ѓердан, а гледам луѓето што земале бројаници од црква носат од волнените на рака, исто само за нив се пишува на темава, па не бев сигурна дали се наоѓа воопшто таква каква што барам.
     
    Последна измена: 11 август 2019
  19. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Во Св. Јован Бигорски имаш сигурно.
    а за поблиску види во Матка, Марков манастир итн
     
    На Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  20. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Девојки носев бројаница на раката долго време. Поклон ми е од дечко ми од Св. Јован Бигорски и нормално за мене има огромно значење. Пред малку од нигде никаде се скина, т.е. падна крстето и само звук слушнав. Не ја ни чепнав, а скината на невозможно место. Имам многу лошо чувство. Го барав дечко ми повеќе од 10 пати и шуќур по 20мин. се јави и ми се "испонаша" дека е во интернет кафе. Многу паничам, многу е чудно и необјасливо ова. Дали некој знае што значи?