1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Ништо не значи и дошол денот да се скини,купи си нова .Абе немојте одма црни мисли во умот да ви идат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Му откажале кочнивите на моторот... Среќа не се десило нешто ептен катастрофално, иако ноќта беше лоша. Значи сепак имаше нешто.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Повеќе од 15 години постојано носам бројаници, ми се скинале неколку досега, и никогаш не се случило ништо лошо, ете едноставно така се погодило да се поклопи, не мисли веднаш на лошо.
     
    На kuc и poi им се допаѓа ова.
  4. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Еден бивш дечко ми даде сребрена бројаница незнам како да ја опишам слично како белезија од св Јован Бигорски и не ја носев толку за да не се потсеќам на бившиот и едно време еден ден два дена ја носев другиот дента бев покрај езеро на едно кајче седнав тука и после тоа незнам ни како ми се скина дали од фармерското јакна или од седење незнам и бројаницата се скина на делови парчиња и падна долу на езерото и ништо не можев да ги земам, што може да значи тоа?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Тоа може да значи само едно. Те вика свети Јован да го посетиш во Бигорскиот манастир и да си купиш нова бројаница, но да не ја користиш само како украс, туку да се молиш со неа.
     
    На edna_malecka, kuc, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Носам уште од основно црна бројаница и постојано имам на рака. Кога ќе ми се скине купувам нова. Читам тука дека требало да се молиш со бројаницата, јас не го практикувам тоа. Ја носам од навика, како да ми фали нешто кога ја немам на рака.
     
  7. Economylover998

    Economylover998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Девојки јас си имав црна бројаница која си ја носев неколку години но денес сум ја изгубила нз како ми паднала од рака малку ми беше подраширена во последно време дали е лош знак да не треба нешто да направам?
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека тоа би бил лош знак, со тек на време сите бројаници се кинат, не си ти виновна што несвесно си ја загубила. Купи си нова, и моли се на неа.
     
  9. cocobomb

    cocobomb Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    47
    Здраво, би сакала да прашам дали некоја од вас знае каде можам да купам бела бројаница со монистри, не плетена? Знам дека класичните плетени ги има по црквите, но на ваква не сум наишла тука кај нас барем, ми ја искинаа мојата а не е од тука.
    Многу бев привржана за нес и се молам секоја вечер.
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ако не ти се изгубени зрнцата, побарај рибарски конец и нанижи си ги.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Побарај во некој од манастирите, обично таму имаат повеќе избор на разни бројаници. Во Бигорски имав видено порано такви со бели монистра.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Женски
    Имам плетена бројаница. Ми беше подарок како мала. И ја носам секој ден.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sky Daisy

    Sky Daisy Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Првата бројаница на која се сеќавам ми беше златна боја. Ја носев некое време и еден ден додека си играв на игралиште ми се скина. Ми беше преубава а никаде не можам да најдам таква иста.
    Потоа долго време не носев додека мајка ми не ми купи розева во 7мо одделение на Крстовден. Оттогаш ја носам, еве скоро 6 години ќе бидат.
    Инаку имам и други, разни скоро во сите бои, само небесна сина не можам никако да најдам а баш долго време сакам.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    889
    Пол:
    Машки
    Првата и единствена бројаница ми ја донесе мајка ми од Охрид која лично и ја подарил владиката пред 2 години.
    Како атеист и современ комунист првата реакција ми беше негативна, но потоа сфатив дека стои многу cool, па сега не излегувам од дома без неа. Бројаницата е црна како и мојот саат, ги носам заедно на левата рака и многу ја засакав.
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Бројаницата не се носи за да стои кул на рака, таа се носи за да се молиме на неа. Не те осудувам, ама сам кажуваш дека си атеист и ти изгледа кул на рака, односно не ја носиш од религиски причини. Искрено малку ми е чудно тоа, ама ти си знаеш.
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.