Последната тема на @baba Rada ме инспирираше да ја создадам оваа. Поентата на темата ми е следнава: имате уште неколку денови живот, што би правеле, со кого би го провеле времето? Јас многу пати имам размислувано за ова.Да ми кажат имаш уште и толку време живот.Нема да пропаѓам во место и да тонам.Туку ќе одам и ќе го направам се она што сум сакала да го направам, а не сум го направила.Ќе поминувам време со моите, ќе гледам буквално секој миг да правам нешто. Ако ми кажат сега во средно или на факс ќе ги оставам искрено и преостанатото време квалитетно ќе го трошам. Би сакала да чујам и ваши мислења. *доколку е дупла или сметате дека нема да развие дискусија кантосајте ја.
Броени денови...еххх..тоа ти е исто како на претстава, завесата се спушта а ти сакаш уште, не ти се верува дека завршила..... Ќе плачам...плачам...ништо друго....
Колку е апсурдно тоа што на сите одговорите ни се базираат на тоа дека ќе ги направиме работите за кои досега сме немале храброст и сме ги потискале во себе. А не сме ни свесни за жал ( или сепак сме ) дека може и утре да не снема, се е толку неизвесно а ние сме секогаш во исчекување на она вистинско време, кое и во многу наврати знае и да не дојде никогаш. И јас за жал ќе кажам дека доколку дознаам дека ми се избројани деновите на овој свет, сите неискажани чувства и емоции потиснати во мене би ги споделила. Премногу работи кријам во мене кои за жал немам храброст да ги кажам и си ги носам со мене како белег. Исто така, цело време би го поминала со моите најсакани. Тоа ми е приоритет. А да, би се дрзнала да направам "забранети работи " чисто да видам како е да си немирен Спојлер Само дај Боже да не дојде до ова никогаш, ми се живее
Искрено.Јас сум гоолем оптимист.Од кога памтам за себе и во најцрното барам нешто бело. Во темата на бабето баш пишував, многу пати сум размислувала ,,А утре ако умрам”? И интересно е тоа што повеќето би направиле работи кои дотогаш не сме ги направиле. А зашто?Бидејќи сега велиме, ај утре, ај задутре и одлагаме само бидејќи си викаме ,,има време ај утре ќе го направам тоа” И ја некогаш го правам тоа.И за во школо исто.Ќе научам 2 лекции и си викам ај утре или ај попосле и после цврц ништо. Освен ако не си кажам ,,абе кое утре, нема утре денес ќе седнеш ќе завршиш се”. И ова некогаш многу ми помага.Многу се осеќам убаво кога знам дека се ми е завршено, исчистено, научено, средено и стокмено.И некогаш си викам ,,е баш кога е комплетно се можам и да умрам”
Па види феминке,ако ми останат неколку дена зошто да чекам смртта да дојде по мене , јас ќе ѝ отидам да ја изненадам
Зезни пред да те зезнат а? Опасно Ја би седела и би се забављала за инат на смртта.Да види колку може да ни е убаво и интересно овде
Прво би плачела и кукала, би доживеала нервен слом, бидејќи колку и да не го сакам овој земски живот, сепак не сум спремна толку лесно да го напуштам, откако би се изнаплачила за сите пари, ќе се изнапијам убаво алкохол, ќе потонам во длабоко пијанство, се да ми биде лер за момент... И кога ќе дојдам на себеси, би го поминувала секој момент со најблиските, би барала нивна прошка за се, би отишла на патување некаде, да осетам земска среќа за последно.... Единствено што мислам дека не би можела да направам е тоа да ги изустам некои мои тајни кои со години ги носам како товар, не би сакала никој да ги знае како досега, така и кога ќе ме нема, не сум себична, и не е дека не сакам да ми се лутат, едноставно не би имала храброст да ги погледнам во очи и да споделам....
Интересна тема, ми се свиѓа. Хмм... што би направила, искрено баш и не знам, веројатно тие денови би ѓи поминала со најблиските, би се присетувала на сите убави моменти што до тогаш сум ѓи доживеала, па и би создала последни убави моменти, би отишла на некое кратко патување (зависи колку дена имам во тие бројани). Можеби ќе соберам храброст и тогаш ќе ги признаам чувствата спрема една особа (ако биде истата) Ќе се рокнам у вена со многу мала доза чисто да видам како им било на овие што се маваат Искрено морам да се надоврзам на еден од претходните одговори, навистина е жално тоа што не правиме или не сме направиле одредени работи само поради тоа што сме немале храброст, сите сме свесни дека животот е премногу кратко, буквално како една сијалица свети и наеднаш прегорува и згаснуваш, ист е и животот не знаеме што ни носи следната секунда.
Кога и да ги слушам if tomorrow never comes или if today was your last day, секогаш размислувам на оваа тема. И на крајот се се сведува на тоа дека би ги собрала сите што ми се драги и ми значат на едно место, за да им кажам дека ги сакам и дека ми е мило што биле дел од мојот живот. Ништо друго не е толку важно.
Ќе се покајам за своите гревови, ќе ги исповедам, деновите ќе ги поминам посветувајќи повеќе време на блиските и ниту една минута нема да ја трошам залудно.
Ќе го направам сето она од кое што сум се плашела до тогаш. Ќе се ослободам од сите стеги со кои сум била окована. Ќе го разбудам детето во мене и ќе му дозволам да ме "брука" пред луѓето. Ќе ги опсипувам сите околу мене до љубов и бакнежи. Ќе им ставам насмевки на лицето. Ќе запознаам колку што може повеќе луѓе и ќе слушнам колку што може повеќе приказни. Моето "внатрешно јас" ќе го изнесам надвор. Ќе, ќе, ќе... Зошто не велам сега, сега, сега? Зошто би го правела ова само ако некој ми ги соопшти преостанатите денови од животот, иако најчесто смртта затропува на врата без да не извести. Ти благодарам @Feminka22 што ме поттикна да се потсетам колку прекрасен би бил животот да ги правам сите овие нешта кои би ги правела дотолку знам дека ќе умрам. Ајде, отидов јас да си ги изгушкам саканите!
Дoбрa темa. Пa првo секaкo декa ќе бидaм вo шoк и ќе ми требa мaлце време мoјoв мoзoк дa гo сфaти тoa. Пoсле верувaм декa би плaчелa некoе време дoдекa не се oсвестaм штo се случувa. Мислaм декa првo би пoгледнaлa нaнaзaд вo мoјoт живoт, штo дoбрo или лoшo сум стoрилa.Би се oбиделa дa ги прoнaјдaм oние луѓе кoи вo истa ситуaцијa кaкo мoјaтa.Би им кaжaлa нa oние луѓе штo ги сaкaм кoлку всушнoст ми знaчaт и сум среќнa штo биле вo мoјoт живoт.Би уживaлa вo секoј мoмент пoминaт сo фaмилијaтa, ќе oтидaм нa местaтa кoи сум сaкaлa дa ги пoсетaм , ќе гo нaпрaвaм oнa oд кoе сум се плaшелa.И нaјверoјaтнo би се приклучилa нa некoјa хумaнитaрнa oргaнизaцијa и би им пoмaгaлa нa беспoмoшните. Не би сaкaлa дa пaднaм вo депресијa, туку и вo oвaa ситуaцијa сaкaм дa гледaм пoзитивнo.Би сaкaлa дa ширaм љубoв и пoзитивнa енергијa. И еве дoдекa гo пишувaм oвa, пo не знaм кoј пaт сфaќaм кoлку сум блaгoслoвенa сo некoи луѓе и рaбoти, без рaзликa нa oнa низ штo пoминувaм.
Ќе плачам, ќе се смеам, искрено ќе му признаам на оние кои ги сакам дека се единствени, најдобри. Сите пари кои ги имам заштедено ќе ги потрошам на подароци и луди проводи,патување ако има време. Секоја секунда ќе се трудам да ја минувам со најблиските, нема да ми биде гајле ако грешам.
Би им се јавила на сите што ги сакам и би им кажала дека ги сакам, дека се им е простено и тоа што го направиле и тоа што мислат дека можеби ми го направиле или рекле, па ме повредило и би им побарала прошка исто за возврат. Сакам да си отидам во мир, а и тие по мене да останат во мир, да не се измачува некој дека можеби не покажал доволно дека ме сака или дека нешто ме повредило, па сум си отишла лута на него....не сакам никој да се мачи со мисла дека нешто останало недоречено или неразјаснето меѓу нас. Во суштина, ми изгледа како голем благослов да знам кога приближно ќе умрам, но нормално, тоа да биде тоа што подоцна во животот.
Ехеееее зизки у рајот ќе има, затоа он ќе побрза, како едвај да чекал да му дадат зелено светло Јас како што не им верувам на докторите, нема да ги сфатам за сериозно, може да се зезнам па да си поживеам.