Броени денови.... Баш ме замисли. Познавајќи се себе си мислам дека времето би го посветила на љубов со најблиските. Би ги средувала несредените и недовршените работи. Би кажала на секој по некоја недореченост што ми останала. Деновите ќе ги минувам во љубов љубов и само љубов со најблиските, а во ноќите во тишината удобно ќе се навалам на фотељата спроти прозорецот со цигара и квалитетно кафе, ќе ги пакувам сите убави спомени кои ќе ги понесам со себе.
Глупаво ми звучи тоа броени денови и као ќе направиме се што не сме имале храброст да направиме...ма немој. Па што ако недај Боже умреш утре а не го знаеш тоа? Луѓе не се вели за џабе 'живеј го денот како да ти е последен'. И оваа мислам дека треба секое утро да си ја повторуваме! Не ни требаат броени денови за нешто да направиме во животот. Тој што знае да живее ќе го живее животот на најубав можен начин додека е здрав и додека е во можност. И тоа што го пишите дека ќе го правите во броените денови треба да го правите сега и одма. Тоа е суштината на животот. Цврќето треба да го наводнуваме додека е убаво и зелено, а не кога ќе овене или коа ќе се исуши.