2 години се малите,пред некој ден им купив патики за во градинка. Баткото 25 бр. Дадата 23 бр. Големата 5 год. 29 бр. Ќе ја стигне изгледа братчето во бројот..
Синко е три години и еден месец, вчера земавме патики 29ипол број 29ката го стегаа а пролетта носеше 26.5 27,некако ми се чини дека многу му расти ногата, за право е и висок ама сепак ми се видоа многу три броја за неколку месеци. Летово влечките му се 29 ама сепак не ми беа баш ориентација, сандалите 28 ги омали за месец ипол и затоа му земав патики не ми се исплати да земам за 20 дена нови. Сите обувки ми се живи нови нема носено подолго обувка од 3 месеци
Сега купивме nike и champion 25ки. Доби на подарок геокс 24ка , ама некако големки му се. Сепак зависи од модел,калап . До вчера имаше адидас и зара 23ки и конверс 22ка Зара гледам може уште малку да ги поноси. 24ка огромни му беа.
Мојов е 5 години и 5 месеци , и веќе носи 30/31 . Овие што му ги зедов последно патиките се 31 , 30 му беа кнап . Висина нема многу , нормална за неговата возраст , ама стапалата му се големи некако . Ќерката исто големи стапала , 25/26 , има 3 години и 4 месеци .
А мојов на 4г и 6м што носи 31 Таман си носи твоето хаха Малата ми е 23м, за пола месец 2 ке полни и носи 24ка (nike имаме и 25ка)
Здраво мајки, имам едно прашање, на колку време од прилика им менувате нови чевличиња на малите ? Кај мене малата 13 месеци, моментално носи 19 или 20, зависи од калапот, некаде 20 точни некаде големи. Е сега сакав да ве прашам, пошто пријатели ќе одат во странство, па сакам да ми земат чизмички за во.декември да има..па се мислев 21 број дали да земат . Фала ви
Се зависи до моделот, каков им е калапот, измери му го ноџето со сантиметар и од прилика ке знаеш, на јазикот обично пишува и сантиметри. Мојата е 3 години, носи 28 1/2. Кај и да е чизми ќе купуваме 29.
Ме фаќа страв да не го стигне татко и' во пубертет. Ќе биде "тешко нејзе" Сепак женско е, нели. Но твојов секогаш бил машала, па така што не се ни очекува да има мала нога Големата на 6 и пол носи 32.