И мене ме фаќа страв. Татко и носи 46.5, 47. 2 години и 4 месеци е адидас 26ка. Чизми земав 27 сега ама не адидас. Не и се ни големи. Таман за на подебело чорапче.
Хехе, и вие сте "ногати" Морав ова да ти го покажам: Спојлер: Фамилијарно наследство Ова е постарата ќерка кога беше мала, со 48цата од татко ѝ.
Ваљда нема до 42 да стаса. Со 41 ќе се помирам. Се тешам и висока е, 100цм, вака на лик не делува голема ногата
18 месеци ,23,5 најк баш таман му се, а има и едни 25ка најк маалце му се големки ама не претерано,може да ги носи.
Ќерка ми 3г и 4м носи 25,26, скоро и земав 26ка, но и 25ки топлинки, чизмички и се точни. Синко за 1м ќе полни 6г, 34
Забележав кај големото стапалото дека стагнира во раст од септември. Од тогаш носи 24 број. И знам дека треба така да биде, оти ако менував на секои 3 месеци нов број до 5 години ќе стаса до 40 Малово си има мало ноже, па очекувам понатаму кога ќе се разрипа и растрча убаво, да и порасне побрзо ножето Сега носи 19-20.