мислам дека си избрала погрешна крема мајка ми користи Нивеа ку 10(има 56 години) пред да купиш некоја крема прво прочитај за која возраст е наменета
И ова е точно. Имам братучетка што од 15 год користи макси, креми, нон стоп пудра, менува сапуни за лице често и сега е многу постаролика од мене иако сме на иста возраст. А за пудра леле колку малку ставам абе една од 2010 купена уште ни пола не е потрошена и ми е старв да не се расипала затоа што нема датум до кога да се користи. Ама ќе ја баталам ...
имам многу суво лице користев еден крем од авон солушн ама не ми беше нешто погоден,сега си купив од нивеа - нивеа софт со масло од јојоба и витамин Е, после 5 секунди откако ќе се намачкам ми го упива лицето,ќе видиме како ќе се покажи.Тоа што ме загрижува е што кога ќе се насмеам околу очите ми се собира кожата и изгледам како стара баба уф леле понекогаш неможам сама да си се поднесам поради тоа, незнам со што да се мачкам тука.....
АНТИРИД се користи после 30тата година, тогаш почнуваат оние БРЧКИ не си играј со лицето оти спротивен ефект можеш да добиеш, и пред време лицето да ти се збрчка после вракање назад нема.
Јас по 23 година забележав мало опуштање на кожата околу устата. сега имам 26. ама секоја година тенките линии што само јас засега ги забележувам сите ќе ги видат. блазе си им на тие што природно изгледаат убаво и без брчки.
Па секако дека уште од мали години ќе имаат брчки кога на сите слики на фб се со свиткани чела... демек поубави се ?
Замислете имам само 16 години и имам мали ептен мали линиички, брчки по целото чело, а и по лицето така имам, под очите најмногу.. и најмногу се чудам во тоа што го пишуваат дека здравата исхрана без внесување на шекер и маснотии, помага за позатегнато, мазно и без акни, убаво лице. Зошто се чудам? Затоа што познавам мноогу девојчиња кои на моја возраст имат беспрекорно чисто лице без акни и брчки а јадат се и сешто, значи воопшто не внимаваат на исхраната! А јас веќе еве цела година како внимавам на искраната, најмногу што можам внесувам здрава храна, овошје и зеленчук, манџи итн.. јадам помалку леб, скоро ич, а благото еднаш до двапати најмногу во месец и редовно вежбам и трчам, а од сето тоа нема ни малку ефект, повторни си го имам истото лице, мнооогу проблематично лице, мрсно.. а да не го прескокнам и тоа што користам гелови за миење за мрсно лице, и пудра ставам само 1 до 2пати најмногу во месецот. значи мојот заклучок е дека природата никој и НИШТО неможе да ја смени!
Се сложувам. Има луѓе кои и покрај многу проблеми имаат убаво лице, без брчки, а има и млади на 18 год или на 20 што кога се смејат на образите им се прават 2 реда врчки. Јас имам 26 и засега не сум нешто збрчкана, Има девојки моја генерација што бразди имаат толкави покрај устата , на челото , под очите. Засега изгледам свежо, а за натаму ќе видиме. Мислав како превентива да земам некоја крема за плус 25, ама како што читав од вашите псотови дека и со пудра на лице не треба да се легнува, се премислив. Инаку и пудра многу ретко ставам, ама пдообро. Вишок пудра лошо изгледа. Кога ќе видма девојка со една лопата пудра, па таа уште повеќе си ги сиаткнува брчките така.
Премногу сте млади за антирид креми. Но, секојдневна нега на лицето секако е неопходна. -Користете крема која убаво и длабински го хидрира лицето. Оние со сува кожа се склони кон создавање на брчки на помлада возраст. -Избегнувајте сончање на лицето. Многу важно. Погледнете ги жените од Нордиските земји. Помалку сонце-помлад изглед. -Сум приметила дека девојки/жени кои имаат проблеми со видот, а не носат очила или леќи, имаат многу брчки поради постојаното напрегање да фокусираат. -За да не се опушти мускулатурата на лицето-секојдневни масажи на пример при нанесувањето на кремата. Масажата се врши од внатре кон нанадвор, односно со оптегнување на мускулите во спротивен правец од оној во кој се опуштаат.
Јас едно време многу читав за намирници кои омагаат да се изгледа младо. Бадеми, суво грозје, суви сливи, банани и слично.
Лошата исхрана може да доведе до рано губење на колаген и да предизвика брчки. Исто така и недоволно пиење на вода
Имам 21 година...Денеска приметив дека капакот на едното око ми е како збрчкан малку...Можно ли е бидејќи ставам и пудра, повеќе од што треба врз очните капаци? И случајно да не знаете некоја крема?
ХЕЛП МЕ СОМБОДИ ! Имам само 18 години, а моите очи се ко на 50 годишна ! Потечени, збрчкани и од страните, и на капаците, а сега и кај подочњаците ! И капаците ми се како паднати малку.. Челото ми е исто така како овенето, а приметувам и некои линии на страната на усните
За отокот на очите ти препорачувам да ставаш мраз( со коцка мраз ке поминуваш секое сабајле) и мозеш да си купиш ролл-он со кофеин на гарниер( не е воопшто скап 300 ден. максимум) а ако ти се даваат повеќе пари аквапоринот за очи на еуцерин. Би ти препорачала и хидратантна крема за цело лице, а за усните лабело за хидратација.
Тоа за очите може да го испробам, ти благодарам! Инаку користам една специјална крема као демек за спречување на почетните брчки, но тој е за 25+ а јас сум само 18... Имам родител лекар, рече дека немало спас на случајот, но сепак гледам да видам дали некој барем малку го решил проблемот бидејки моиве брчки станаа веке видливи... Сестра ми е 27 години, и кога сме заедно некаде и ке сретнеме некој познат што не не знае убаво, мисли дека јас сум постарата
Со кремите, третманите и такви ствари само се одложува процесот, а кога тогаш тоа што треба ќе си излезе на површина, за жал. Се надевам дека го имам фатено на мајка ми генот, ама сеуште е рано да се каже. Има над 40, а лице како за 30, а никогаш во животот не ставила нешто друго освен обична крема. Така што според мене се е генетски ама баш се.
Јас фала богу немам брчки на мајка ми брчки почнаа да и се појавуваат на 55+ год.излеа на нејзе сум си метната
Една позитивна работа на мојата мизерна, ужасно мрсна кожа е тоа што потешко се прават брчки.. Да не знаеш што е полошо..
и јас имам мрсна кожа но сепак имам брчки,тенки линиички на образите кога се смеам,уф ги мразам ни креми ми помага ни ништо