Онаа кремата од нивеа шо е за брчки само за повозрасни жени е?? Знае некој?? Инаку и ја со моите 20 год се мачам со тој проблем.Брчки ми се појавија најверојатно поради тоа што навечер после излегување никако не си го миев лицето ,,ме мрзеше,ама сеа си патам ...глупа жена !!!
http://doktori.mk/element/view/4cfedf73 ... alku-brcki еве неколку совети како до помалку брчки. Јас имам околу очите и на челото и знам дека ми се појавија зошто често мижуркам, значи избегнувајте го тоа.
На млади години не би препорачувала креми за брчки, соодветна крема за лицето е најдобро. Јас веќе неколку дена почнав да користам масло од Јојоба на природна база е, 2, 3 пати неделно, го поминувам нежно лицето со памук, навечер пред спиење. Уште од првиот пат се забележа дека е помека кожата, сеуште немам брчки но сепак е подобро нешто на природна база отколку овие кремите што содржат секакви хемикалии.
Јас некако кожата под очите уморна ми е се примети, е сега не дека не спијам или седам до доцна, ама имам 27 год. Инаку немам некои видливи брчки, па сериозно да се загрижам. Сега гледам дека млади девојки побрзо стареат, не знам дали е до хранаат или до што е.
Јас летово имав смртен случај, еден куп проблеми, нервирања, сонцево дополнително и лицето ми се испи. За 3 месеци како 3 години да остарев. Сфатив дека не сум се ни погледнала во огледало цело време. И сега не можам да се препознаам. Не знам дали да земам некоја крем или ќе ми живни после летово..
Овие двете линии на челото ме нервират, некоја хидратантна крема, само да не е за зрела кожа, барем малце да се ублажат, постои ли неке такво чудо?
Јас уште некој месец ке полнам 27 и многу се разочарав кога забеележав брчки околу очите,сакам да почнам да користам крем од еуцерин Q10(дневен,ноќен,и за околу очи) или пак со хијалуронска киселина оти овие од еуцерин кремовиве ептен ми ги исфалија најубави биле. Ако има некој користено нека ми пише да знам дали се стварно ефикасни...Инаку еднаш бев на едно предавање од страна на дерматолози каде ни објаснуваа дека никогаш не е рано да почнат да се користат креми со колаген...зошто ако и фали на кожата колаген ке го искористи од кремот,ако има доволно нема да го искористи,ама битно не било стетно и на бебе да намачкаме таков крем... Е сега не знам коллку е ова точно,ама така ни кажа дерматологот...и има некоја логика....незнам
Мене негативно ми влијае, абе дури да отидам до вц да се измијам, цело лице ми се вцрвенува и почнува да ме пече. Незнам оти.. можеби токсична му е на мојов..
Ме преплаши таа каде што одам на козметичар. Ми рече, твојата кожа е пресува и мораш да ја храниш со хидратантен крем. Бидејќи јас сум шубеџифка си купив балсам со невен. Се надевам ќе има добри резултати
јас конечно си погодив крема за лице,на Росал е ,face fit ,едноставно прекрасна. Може да се користи и на помлади години,буквално ми ги исчисти сите мозолчиња и ако редовно ја ставам лицето ми е стакло.Некаде околу 400 или 500 денати ја купив ама и вредат парите ё
Иако имам 36 год.немам брчки на лицето и не користам креми anti age. Има влијание и тоа што кожата ми е нормална до комбинирана,ретко се шминкам со сите пропратни работи,бидејќи кожата тоа не ми го поднесува.За секојдневна употреба го користам кремот Very my 3 во 1 од Oriflame и прекрасно го матира лицето,а и долготраен е.Дава природен и свеж изглед. Во процесот на стареење на кожата најголемо внимание има генетиката и исхраната.
Блазе си ти. Сега младите се повозрасни изгледаат и имаат брчки. Јас мислам генетиката е пресудна и стресот. Колку пати сме виделе жени кои како девојки биле убавици, а сега се остарени и пропаднати?
Јас на моиве години имам мали брчки околу очите. Многу ме нервираат. А еве мајка ми нема, а жена во години.
Ај и јас ќе пробам па ќе ви кажам. Баш читав за ова дека на 10 дена може да се става, и за креми од овча плацента дека биле добри за против брчки. Па ова со спермата бесплатно да го испробаме.
Креми од овча плацента за нега на лице и раце има во каталозите на tianDe.Кога бев на промоција една девојка доби гратис пилинг за лице на основа на овча плацента.Ефектот беше буквално .Кожата беше видно сјајна и свежа.Јас имам искуство со кремата за раце.
Ми се појавија брчки а имам 20 год. брчките ми се над носот ги напрегам очите на сонце ...а не носам очила-не можам.. Лек?
Побарај некој серум или крема која ќе ти го потхрани и затегне тој дел. Кремите за почетни брчки се препорачуваат за над 25-27 години но кога веќе имаш проблем ќе мораш да земеш од тие креми. Сепак нанесувај крема за против брчки само локално, односно над носот каде што очигледно е дека ќе ти се појават брчки, немораш на цело лице. Најдобро прашај во аптека или пак во некоја од дрогерииве Космо, ДМ ќе ти препорачаат нешто. Зависи и колку пари си спремна да дадеш. Јас како што знам има од сите фирми Нивеа, Гарниер, Зиаја, од поскапиве брендови Диор, Клиник, Есте Лаудер, медицинските Еуцерин, Виши, Авен...