@honest girl опиши ни ја твојата дневна рутина во одржување на кожата на лицето да видиме дали ти е проблемот во негата. Дали правилна нега му посветуваш на лицето? Не почнувај одма со филери, ако не го негуваш правилно лицето тогаш прашање на време кога на друго место ќе ти се појави брчка. За почеток почни со употреба на серум со хијалуронска кислеина или крема и нанесувај на деловите кои ти се по склони на брчки.
Причината за линијата која е површинска но се познава е како резултат на осмехот што ми бега на таа страна на друго место немам воопшто брчки инаку се грижам за кожата најдобро што можам редовно ја чистам шминката и користам хидратантна крема на органска база од хаушка со други креми не го преоптоварувам лицето. А зошто не филери? Ми кажаа по ординацииве дека тоа е природна супстанца која веќе ја имаме во организмот...
Добро е, се потсмири малку, почна да пишуваш со мали букви. Можеш ли ти да ја сликаш таа брчка и да ни ја покажеш? Да видиме дали е нам ќе ни изгледа толку страшно колку што ти изгледа тебе... Околу ординациите- тие ќе ти кажат сѐ што сакаш да чуеш само за да ти ги земат парите, не го заборавај тоа.
Не сакам епен оф топик да забегам ама да одговорам чисто од почит, разбирам што сакаш да кажеш јас и не сум така мала и неоформена како што опиша имам 23 и завршено факултет ова е скроз друга тема а мислењето и ставот за образованието ми останува ист. Грижата за сопствениот изглед мислам дека не е негативна одлика. Поздрав
Taa prirodna stupstanca se vika hijaluronska kiselina i funkcijata i e da ja odrzuva elasticnosta na kozata i da so tekot na godinite se gubi no ti imas samo 23. Taa sostojka ne ja ima samo vo filerite tuku vo milion kremi na pazarot. Konkretno od kozmetika Afrodita imas cela linija ma kremi i serumi so hijaluron, mozebi ke ti se namali brckata. Jas smetam deka ti e mbogu rano da upotrebuvas fileri no sepak ti si znaes...
Има и на Балеа, знам @Moira многу го фалеше тоа најдесно. Ама обично овие линии со хијалурон се за кожа над 30 години. Редактирам. Не се гледа најдобро на сликата, пробај доколку можеш сликај со камера со повеќе мегапиксели, ова ми изгледа дека е сликано со камерата од компјутерот. Ако е таа црната линија десно, тогаш сепак се приметува, ете можеш со бустерот најдесно да пробаш да видиш како ќе ти се покаже.
Вака значи како линија ми е, кога ја гледам на огледало се гледа дека е површинска посебно кога се смеам ми се изразува повеќе,д-р Коста ми рече дека е како резултат на осмехот, мимични брчки или нз уште како ги викаат, ми кажа дека филерот ќе направи да исчезне линијата за околу една година и потоа пак на исто ќе се врати воопшто не било штетно и не оставало последици во смисла да стане имуна кожата на хијалурон па да нема спас после е сега ако ме лаже не знам што да кажам. @sesilija @mims-89 Вие некако ме премислувате нз што да правам, за креми немам трпение а наводно филеров одма давал резултати. Ај да не замарам и да не се повторуваме доволно ми кажавте и фала за советите, јас ќе видам што како па ќе пишам резултати.
Дај препорачајте ми некоја крема поефикасна против брчки? Пишувам никој не ми одговара имам години и на челото имам бајги линии кои ми се познаваат многу и од левата страна испод окото...за пазење се пазам многу, правам маски, легнувам со масла бадемово или пак маслиново ама пак еве.
Имаш искуство, постојано ставаш крема за сончање, лето, зимо? Јас ми се појавија ситни брлки околу очи кои се гледаат кога се смеам, а имам над 30 години, и се си мислам не посветував доволно внимание кога одев на одмор да се сончам, инаку одам по 3 дена на одмор, значи се сончам малку. Искуство со креми за сончање? Колку висок фактор да се користи преку цела година?
На челото немам брчки но имам smile lines (не знам како да ги преведам ). Некое чаре да се намали видливоста?
Кога ставаш крема, масло, или било што влажно на лицето, одвои некоја минута за масирање, ако имаш некој ваков ролер, уште поубаво.
Мислам дека еднаш видов во МиниСо кај нас, ама најисплатливо ти е од Алиекспрес да си нарачаш кога ќе помине ситуацијава.
Споредив две жени кои се иста генерација. Едната е постојано на сонце, работи во земјоделство, а другата сонце не ја фаќа. Резултатот е дека едната изгледа како девојката, а другата како баба.