Кога почнав да забележувам и најмала видлива брчка, ја земав оваа маска од dm и се покажа многу ефективна. Ако ја немате пробано, ја препорачувам.
Здраво девојки, веќе од 1ва средно почнаа да ми се прават брчки околу устава, претпоставувам имав сува кожа, а сега се повеќе и повеќе ми се познаваат дури се осеќам ко некоја старичка. Дали знаете како барем даги намалам? Инаку во последно косристам вазелин и колку толку ја чувствувам помека кожава таму.
Тема како за мене. На 23 години кожава како за 30 ми е. Многу почнаа да ме нервираат брчките околу очи, старо се чувствувам. Има нешто што ви помогнало?
Рано е од сега некако не знам. Може само да се продлабочат, a искрено грдо изгледа не би рекла дека не се..
И јас ги имам, 25 сум, па што. Не ти се ни приметуваат. Треба човек ептен да те загледа, па да види. Не ти изгледаат воопшто грдо.
Не го виткај ич вратот и ќе остани мазно. Знам дека звучам арогантно, ама искрено некогаш барате проблеми кај шо нема.
Не е ништо ова, но од тоа што сум читала требало стрикно спиење на грб како и сите знаеме нели носење на очила за сонце
Последниве месеци под очи забележувам малечки линии што ми прават нервоза. Дали е нормално на 21-22 првпат да се појават? Или стресот што го имав последниве месеци ми го забрза појавувањето. Не знам што да преземам, да спречам појавување на нови... Секоја недела како да забележувам нова и нова линија. На едната страна многу полошо изгледа од другата.
До пред неколку месеци немав ништо, како на бебе ми беше лицето. Што е право и сега немам на друго место никакви линии, но ми сметаат и овие. И како се повлошени ми делуваат, сакам некако да спречам да се вдлабнат повеќе или да се намали видливоста. Сепак сум само 22, на 40 не сакам да замислам како ќе личат .
Само со хидратација, ништо друго за твоја возраст на Др.Конопка кремата во зелена туба https://www.bellina.mk/p/462/regene...a-suva-i-senzitivna-kozha-20-ml?categories=65
Имате ли совет што да ставаме на лице со темни кругови околу очите? Исто со линии од двете страни на устата, како назолабијални брчки, баш како мустаќи, така ги вика таа, кога става коректор под очи, наместо да изгледа подобро, изгледа темно, сиво. Девојката е скоро 19 години. Треба да се слика за матура а се секира зашто не би изгледала убаво.
Искрено, за темни кругови креми не помагаат. Единствено да направи некои испитувања за да се најде причината
Хидратација треба. Можат да се намалат но, ако се наследни ништо не можеш. Друго,се покриваат со шминка подобро да оди да ја нашминкаат, второ може сама да ги покрие со портокалов коректор, пудра па коректор. За хидратација велат дека ќесички од варен чај камилица помагаат иако јас користам eye pads но поради возраста не знам дали би биле соодветни за нејзе. Ги намалува колку толку но никако не ги отстранува трајно. Ги има во Белина околу 800 денари се.
Eucerin Hyaluron Filler крем за околу очи. Имав употребено пола тубиче и веднаш видов резултати, направив пауза од неколку месеци (во меѓувреме си се продлабочија) и сега го купив второто ама од второто уште немам резултат.