1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бубрези на плодот во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Spagetka, 27 мај 2011.

  1. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас сум 37 недела , во 35 недела бев на приватна контрола кај гинеколог , го прегледа плодот и се беше во ред додека не ни кажа да одиме до клиника за секој случај да ги провериме бубрезите на бебето затоа што она не била стручњак за бубрези.Рече дека е СЕ во ред ама за секој случај да се проверат.
    Кога бевме пак на преглед , повторно ги прегледаа и рекоа дека функционираат нормално и двата само едниот е помал од другиот,кога ке биде породот здравје Боже да му речеме на педијатарот кога првпат ке го прегледа бебето да ги прегледа и бубрезите.Докторката цело време ни вели дека е Се во ред дека и двата бубрези работат и дека нема потреба од паника .Ве молам ако има некој ваков случај да ни објасни какво значење има тоа што едниот е помал од другиот,дали има потреба од паника или не.

    Благодарам
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Обавезно да одиш на второ мислење.
    Не дека мислам дека е нешто страшно , туку моронски доктори те вадат од памет.
    Уживај си во бременоста :)
     
  3. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Бев и на второ мислење исто рече дека едниот покажува дека е помал од другиот ама рече дека не гледа никаков проблем,рече дека функционираат и двата и нема место за паника.Во 35 недела десниот бубрег показа големина 25.1 мм а левиот 30.9 мм сега сум 37 недела и пред некој ден го направивме вториот преглед каде што докторката ни реце деканема место за паника штом и двата работат добро ама сепак пак показа дека едниот е поголем од другиот само не ни кажа колку , само реце кога ке се породам да побарам да го прегледа педијатар бебето ( бубрезите ) и да понбараме мислење од него
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Еве јас имам бубрези со различна големина, десниот ми е поголем од левиот. Ако функционираат ко што треба, јас мислам дека нема зошто да паничиш.
     
    На ireta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Немој да се секираш, мене во 38-39 недела од памет ме извадија дека бешиката на бебето била зголемена и бубрезите биле различна големина. После сите прегледи и испитувања во бременоста пред породување од памет се извадив. Кога отидов за второ мислење димензиите на бешиката беа намалени (ми вика, може не било мочкано бебето, се испразнила бешиката и се намалила :) ), исто ми рече дека нема причини за паника и дека се си функционира ОК. Кога се породив 100 пати проверував дали мочка бебето, првиот ден од памет се извадив кога гледав суви пелени :( , додека не ми кажа сестрата дека прво треба да почне да цица и ќе почне да си мочка нормално. Штом органите си функционираат, не би требало да има проблем. И да те утешам како мене една другарка што ми кажа :) -нема на нива да се пораѓаш, туку во болница, има лекари, се ќе проверат и ако (не дај Боже треба) ќе реагираат.
    Мисли на убави работи, спремај се за бебето и со лесно да си поминете и ти и бебето на породување :)
     
  6. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Здравје во среда сум на ЦТГ па ке прасам за бешиката,незнам како и што ке биде затоа што докторката рече дека нема веке да имам класични прегледи него само ЦТГ и мокрача,ама сепак јас сама ке побарам уште еднашка да ги видиме бубрезите и бешиката на бебето.
    Фала ви на убавите зборови се надевам само на убави работи
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ова имево, како што сме учеле беше конгенитална диспланзија или така нешто хаха.
    Како што памтам, се појавува поради некоја си инфекција, не ме фаќајте за збор или онаа болеста гломерулонефритис, и истата доведува до атрофија на бубрегот. Е има и случаи кај што бубрегот ја менува местоположбата -во карличната празнина некогаш.
    Мислам дека не би требало да има некој посериозен проблем сега, во бременоста.
    Колку што знам, понатаму во животот, би можело да има некои проблеми со крвниот притисок или евентуално болки?
    И башка, ако има некои посериозни проблеми, би требалo да си извади... тоа памтам отприлика, не ми е тука тоа скриптата за болести на уринарен тракт. Колку сум запамтила од едно читање -толку.
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Леле, Gunshine, не можам да те сфатам што ти бара муабетов тука... „Не знам што, не памтам како беше, ама може ќе треба да му се вади бубрегот на бебето?!“ Извини, ама свесна си што пишуваш? Женава е исплашена за нероденото бебе, а ти буквално трескаш. Мислам, ај да се факти, па макар и неубави. Ова твоево, уште проследено со она зеленоно „хаха“ не можам да го сфатам. Многу злобно, таков впечаток ми оставаш. Не сум изреагирала до сега на нечиј пост, секој е одговорен за сопствената глупост, ама вакво нешто... :x
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Значи и кажав дека толку паметам од тоа што сум прочитала.
    Нема причина за паника, не е толку честа појавава, ама не е ни толку ретка, па да не може да се консултира со уште мал милиот други специјалисти. Крај.

    _______________

    офтопик: Бог да чува, само кажав што знам. Брееееееј, женско ако не прокоментира вака на ваква работа, незнам кој. Дали сум злобна -моја работа. Не ми е намерата својата злоба да ја прикажувам вака, најмалку во овој подфорум. И не го кажав тоа како што ти го изврте. Фала, чао, пријатно.
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Ганшајн ќе те замолам да не пишуваш за нешто ако не си сигурна. Не ми се лути за ова, ама опасно е да даваш погрешни податоци, особено кога се работи за здравје. Немам лоша намера со ова што те опоменувам, најискрено.
    Еве да појаснам некои работи да не дојде до непотребна паника. Конгенитална дисплазија (не диспланзија) не се јавува поради инфекција туку поради проблеми во развојот на фетусот, најчесто ДНК грешки. Се манифестира со нормални навидум бубрези но не функционираат.
    Гломерулонефритите не се конгенитални болести, значи болести на плодот, туку се јавуваат после раѓање и се резултат или на инфекција или се автоимуни (значи има повеќе видови).
    Атрофија на бубрег е исто болест на возрасната популација, при која што доаѓа до скврчување на бубрегот од различни причини.
    Кај фетус може да се јави и бубрежна ектопија, тоа е бубрегот да не се наоѓа во својата нормална позиција и положба, во зависност каде се наоѓа дали има место да се развива зависи дали ќе финкционира или не.
    За Spagetka нема место за паника. Има многу луѓе со различна големина на бубрезите, но си функционираат нормално. Можно е после пороѓај да се изедначи големината, а можи да остани помал едниот. Се додека функционираат нормално, нема потреба од паники.
     
    На AndrianaV и ireta им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Абе глупости.Речиси кај сите луѓе се разликува големината на бубрезите како и нивната поставеност,едниот е погоре од другиот.Воопшто да не се секираш.Имам братучетче,истото и го викаа на мајка и,глупости у боја,кога се роди,кога почна да се развива и бубрезите да функционираат (зошто сега нели,додека е во стомакот сеуште не ја обавуваат функцијата за која што се предодредени),да си обавуваат тоа што треба и се изедначија како што треба.
     
  12. Spagetka

    Spagetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Денеска бев пак на преглед и ни рекоа дека бубрезите добро работат и дека бешиката е добро сепак земав упат за клиника уште еднашка да провериме.Е сега ве молам мајки што ви рекле слично како мене објаснете ми некои работи.Веке два пати ни кажуваат дека плодот покажува недела помалку.Денеска не ми кажаа колку ама колку јас што видов и разбирам покажа 36 недела а јас сум 39 недела дали е ова некаков проблем тоа што е бебето ситно и мало не ми е ништо страшно ке се поправи моево тежи моментално 2600 гр само ме плаши да не е проблем сто покажува недела помалку.Веке две докторки ми викаат дека е СЕ во ред тоа ништо не значи ама сакам вие како поискусни мајки да ми кажете дали е во ред и дали и на вас ви се случило тоа а да не е ништо страшно.
    Благодарам
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, нормално е тоа. Ако заостануваше повеќе од две недели тогаш има причина за загриженост. А плус/минус две недели не е ништо страшно. Опушти се, мисли позитивно и чувај си ја силата, ќе ти треба за породувањето ;)
     
  14. bapa

    bapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    здраво на сите, и јас имам еден проблем ке ве молам за мислење. бремена сум во 23 недела... пред некој ден бев на преглед и ми утврдија дека имам просируванје на бубрезните каналчинја на плодот, не знам дали е истото тоа за кое вие дискутирате.. и докторката во еден наврат ми рече дека тоа е маркер за даунов синдрем и ми препорача амниоцинтеза. дали некој има вакво искуство ?
     
  15. @macence@

    @macence@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Има ли некој сознание до која димензија е нормално да бидат бубрежните пиелони?
     
  16. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Денес докторката ми кажа дека нормално е до 7мм.
     
  17. @macence@

    @macence@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Верче4 Kaj koja doktorka bese?
     
  18. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Во Плодност кај др. Кристинка Пајаковска.
     
  19. skorpija90

    skorpija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Здраво, денес бев на скрининг и ми кажаа дека чашките на бибрезите најверојатно како твојот проблем, се зголемени едната е 8мм а др 9мм, ми предложи исто аминосинтеза, и јас сум 23 недела и имам 26 год, матичната ми кажа да одам на 2 мислење да не правам аминосинтеза, кај тебе што се случи се е во ред? Направи аминосинтеза?
     
  20. Искра 90Ј

    Искра 90Ј Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2018
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    168
    Здраво, денес на преглед ми констатираа на плодот дека едното бубреже конкретбо чашката е на горна граница во големина т.е 0.44 а другото е нормално 0.34. Докторот вели нема простор паника ќе следиме. Сакам да знам искуства, што би било ако е поголема...