Ve molam, dali od vas ima nekoja sho vaka se ima potreseno???? Dali ima nekoja kaj koja sè bilo vo red i na sè ispitano se deshava vaka pri kraj na bremenosta??!?!!?
- So prioriteten izdaden popladne vlegov istiot den poruchek. Mnogu sum zadovolna od nachinot na koj razgovarashe i mi objasnuvashe
Zdravo devojki , 23 nedela sum denes pravev 2 skrining , mi kazaa deka edniot bubreg bil pogolem mi kazaa deka toa mozelo da znaci za nekoja anomalija drugoto se e vo red so bebeto .. dali ima nekoj nekoe iskustvo nekoj sovet samo na toa mislam..
Мајка ми е родена со еден мал бубрег, другиот е нормален и има дел од помалиот бубрег на него (ова на специјално некое снимање го установија) и до сега проблеми со бубрезите немала, дури и овој малиот и работи нормално. Сигурно ќе мислиш до крај, се додека не се роди што и да ти кажат, но верувам ќе биде се во ред. Матичната не го приметила тоа? Каде правеше скрининг сега?
Skrining pravev vo drzavna organite sega se razvivale i sega e videno mi kazaa ako sakam da se zeme od plodovata voda ili na poskapiot nacin preku krv da se ispita dali ima nekoja anomalija
Јас имав исто искуство ко твоето и мојата докторка ниеднаш не спомна земање на плодова вода или испитување преку крв. Искрено, не ни знам дали тоа може точно да покаже за каква аномалија се работи, малку ко бизнис да сакаат да си направат. Кога се роди малата, прво направивме ехо, па после испитување за рефлукс, дмса скен и магнетна резонанца. Со тие испитувања точно се виде за каков проблем се работи. Јас ти ја препорачувам Елена Петрова во Ремедика за скрининг и да си направиш муабет со неа во врска со проблемов.
Батали државна, да си бараш второ мислење и уште еден скрининг. Зошто во државна знаат малку и од памет да извадат, а да не е нешто страшно. Најубаво Ремедика или Систина оди на уште еден скрининг...
Здраво, Јас сум 22 недела бременост и на скринингот излезе дека левиот бубрег е со пиелон 6.9мм со нормален бубрежен паренцим . Докторката рече не е ништо страшно би било добро уште еднаш да го види во 28недела бебето. Во моментот бев збунета но денеска се загрижив некако всушност и незнам што значи наодов . Ако некој разбира и би можел да ми објасни малце би била благодарна .
Здраво, ќе можете ли да ми кажете што се длучи со вашето дете како се роди како му се бубрезите ние се родивме со билатерална хидронефроза пред 5 дена, моментално лежиме во клиника и ни ставиа катетер
Јас сеуште не сум породена ,чекам, се надевам ќе биде деновиве.Во меѓувреме се намали проширувањето на каналот но ми рекоа обавезно ехо на бубрези кога ќе се роди бебето за да се исклучи секоја веројатност , како сте вие сега?
Здраво, Дали се породивте? јас сум слична дијагноза па сум загрижена за зголемениот пиелон од 7мм....
супер. се надевам ќе се среди со тек на време како што е по книга). а пред пораѓај колку беа пиелоните
супер. се надевам ќе се среди со тек на време како што е по книга). а пред пораѓај колку беа пиелоните
Не ми кажаа точно,др.Гордана Петровска ми го правеше скеинингот и ми рече сега е се во ред, но мојот матичен гинеколог го виде пак проширувањето и рече не било зачително ама сепак би било добро кога ќе се породам да направиме ехо и во право беше.И наскринингот прв ми рњкоа на ливиот бубрег а испадна на двата дека има проширување.И јас се надевам дека ќе се среди.
да, согласно уверувањата на гинеколозите и специјалистите со тие вредности во текот на првите 6 месеци се средуваат пиелоните, но, сепак е непријатно со исчекувањето. ќе биде се во ред на крај.)
Zdravo.....maloto mi e 10 dena ,uste vo bremenost mi bese dijagnosticirana hidronefroza kaj bebeto...... Za utre zakazano pregled kaj doktor Risto Simeonov vo Sistina......me interesira dali nekoj ima iskustvo so ovoj problem i mislenje za doktor Simeonov dokolku ima nekoj da spodeli kako tece pregledot
Добср стручен доктор со оваа проблематика за проширени пиелони ксј фетус и хиперехогени црева. Бев кај матичната на преглед, ми рече да следиме за 2 недели како ќе биде, па дали да правам амниоцинеза. Но нема шанси да издржам 2 недели во мисла.