Непал, родното место на Буда. 9. Април.1993 се раѓа момче од мајката Маја Деви Таманг, истото име на мајката на Гуатама Сидарта - Буда. Неговиот старт во школо трае само 2 години, а потоа заминува од школото кажувајќи им на своите сокласници дека има некаков внатрешен повик и дека мора да заврши голема работа за Непал и светот. 2005 седнува да медитира под едно дрво во селото во кое што живее и одбива да јаде и пие вода цели 10 месеци. Науката е шокирана и доваѓаат екипи од Discovery Channel да снимаат документарец и вршат испитувања со тим од нутриционисти и лекари. Рам Бомџон, Буда момчето, не се мрднува од својата положба цели 10 месеци. По 10 месеци се буди, околу него се пали оган и му ја нарушува медитацијата. Се буди и им кажува на 7 луѓе кои доаѓаат да го посетат дека во наредните 6 години ќе исчезне во џунглада во длабока медитација. По неговото 6 годишно трагање и медитација се враќа во Непал и има средба со локалните политичари и бара да му обезбедат безбедност и мирно место за медитација. Тој веќе има многу следбеници од целиот свет и е познат под името Маитрија Гуру, инаку Маитрија се верува дека е второто доаѓање на Буда на Земјата. Овде имате видео со негови говори, против јадење месо и повик за светски мир и љубов.
Интересно навистина, но гледано од моја страна, ова ми е забегана работа...убаво е што ова момче проповеда народот да се сврти кон духовноста за спас на нацијата, но ете и он самиот е свесен дека народот го гледа и слуша како за забава. Нуклеарки ни летаат над глави, терористи, бомбаши, и какви ти не психошфркнати профили од луѓе си прават чистка и намалување на популацијата во светот а ние сега допрва ќе го чекаме спасителот на земјава. Што ти нема на овој свет, лудница
Мене Мoгли ми е пo интересен лик. Сериoзнo, штo фaјде aкo гo преспие живoтoт (пoмине вo медитaцијa)? Еве некa не бaрa местo, пoдрумoт ми е прaзен. Зa мене се oвa сaмo умислени фaци желни зa внимaние.
Во ова видео баш го објаснува тоа што ти го зборуваш. За бомбите, убиствата и што е причината на сето тоа. Јас веќе некое време го следам и доста ми е интересен. Се верува дека е Бодисатва. Се има откажано од својот живот за спас на што е можно повеќе живи суштества или по Будистички, чувствителни суштества. Во Будистичките списи е запишано дека секогаш кога ќе умре идејата за морал и етика и вредни религиозни принципи ќе се појавува нов човек што ќе го потсетува човештвото на вистинските вредности на живеењето. Не јаде, не пие, нема секс со жени, мора тој прв да се просветли, за да може да им помогне и на другите луѓе да дојдат до таму. Еве уште едно видео каде неговиот говор објаснува подетално зошто баш одбрал да го прави тоа.
Добро, пишуваме на тема религија па сакав нешто по ново да вметнам на форумот. Нешто несекојдневно и чудно. Не секој на своите 15 години би седнал во медитација и да остане во неподвижна положба 10 месеци. Да речеме дека доклку постоел Исус така како што го пишува во Библијата тој почнал да прави чуда после 30-тата година, а момчето на своите 15. Ако постои Буда таков како што го пишува во Будистичките сутри и списи тогаш и тој малку закаснал со чудата. И Саи Баба и остали Инаку друго нешто што имам забележано е менувањето на неговото тело. Поради веќе споменатите услови под кои живее, од година на година се менува постојано во физичкиот изглед.
Малку познавање имам за него, но штом ти го следиш неговиот животен пат, дали знаеш да ми одговориш зошто не дозволил да му ја исечат косата кога се иницирал, нели тогаш будите ги бричат главите?
Кога реков дека го следам мислев на тоа дека го гледам вака на видеа на јутуб. Новите средби со луѓето, исто како што проверувам за Северна Кореја секојдневно и дали ќе има трета светска војна. Бричењето на главите во будизмот е симболика на понизност и скромност. Тој не е монах, тој е Бодисатва. Во својот концепт тој ги отфрла непотребните традиции и се фокусира на главните нешта т.е ахимсата (не насилство - вегетерјанство), концентрација (дајана), љубов и сочуство кон сите живи суштества. Нешта што мислам дека треба да ни бидат важни на нас луѓето, не кој што облека носи и колку долга коса има и дали се бриче под мишките Lol
Според Христовите објави за денешницата мисијата на источните учители како и онаа на Буда одамна е завршена и надмината. А по Исусовата жртва на Голгота, ниту еден пат не води до Бога без Христа. Христос е единствениот небесен учител и спасител на сите луѓе и души. Само медитирање не е доволно. Тоа додуша може да даде извесна внатрешна сила и спокој (зависно од тоа кон кого и кон што се насочува кон медитантот), но мир во светот може да настане само преку остварување (примена) на божествените закони за љубов кон ближните (вклучувајќи ги тука природата и животните). Дека момчето вооптшо не мрдало десет месеци многумина го оспоруваат затоа што не било под константен видео надзор. Непалската полиција спасила жена од Словачка која била заточена од страна на божемниот „буда„, а повеќе селани од истиот биле дури и физички нападнати. Вистинскиот Буда пред неколку милениуми, слично како и Исус од Назарет, подучувал за ахимса (ненасилство) и истото го живеел за пример, за разлика од „модерниов„.
Мене не ми изгледа ништо поинаков од сите останати источњачки мистици кои се појавиле низ годините придружени со големо медиумско внимание, за да потоа нечујно заминат во историјата и потонат во заборав. Во однос на научните докази, ако малку повеќе се прочепка, релативно лесно се доаѓа до не толку драматичната и фасцинантна научна вистина. А вистината, накратко, е следнава: за време на неговиот фамозен пост, момчето Буда било оградено со јаже, а љубопитните посетители можеле да го набљудуваат само од растојание од 30-ина метри, и тоа само од зори до самрак. Навечер, неговите следбеници поставувале непроѕирен параван пред него и никој, апсолутно никој, не може со сигурност да тврди што правел дечково за тоа време. За време на неговиот повеќемесечен пост без храна и вода не биле дозволени никакви научни испитувања врз него - на тимот од луѓе кои имале желба да го испитаат не им било дозволено дури ни да му земат крв за да проверат дали навистина не јадел. Што се однесува до екипата од Дискавери и нивниот фамозен документарец, вреди да се спомне дека во неа немало ниту еден медицински експерт, а исто така и на нив не им било дозволено да снимаат после 5 часот попладне. Би рекол дека науката е далеку од шокирана. Ова во превод значи дека треба да му веруваме на збор на Рам Бахадур Бомџон и на неговите следбеници дека тој не јадел, не пиел и не извршувал физиолошки потреби во текот на цели 10 месеци. Thanks, but no thanks. Во принцип, сите оние кои тврдат дека имаат натприродни моќи можеме да ги поделиме во 2 групи: оние кои навистина веруваат во тоа дека имаат натприродни моќи (а немаат) и оние кои свесно и намерно ги измамуваат луѓето дека имаат натприродни моќи (а немаат). И секако, да не ја заборавиме жената која била ослободена од заробеништво од непалската полиција од овој „свет“ човек, која ја спомна @daylight. Ако малку пробуричкаме низ минатото на сите вакви мистици од типот на Ром Бомџон, Саи Баба, Ошо и ним слични (па и Мајка Тереза од западниве простори), и прочитаме нешто од независни извори, нешто што не е нивна лична пропаганда или пропаганда на нивните следбеници, ќе откриеме интересни работи - работи кои не само што укажуваат на измама, туку и на тоа дека тие и не се баш толку свети, безгрешни и натприродни колку што би сакале да се претставуваат.
Интересни ми се мантрите и молитвите, имаат некаква поврзаност со Хиндуизам, а во исто време и Тибетански Будизам. Интересно е што сите монаси носат жолта или портокалова облека или црвена, а монасите од неговиот ред носат плава одежда. додека мантрата е пак. Om A Hung Mahen Yana Guru Pani Siddhi Hung
Неговите следбеници киднапирале жена од словачка и скршиле рака и и се заканувале да не каже некои информации пред полицијата. Додека овој медитирал напаѓал луѓе со секира кои му пречеле. Малку сомнителна ми е работава.... In 2012 Nepal Police held a press meet reporting that they rescued a Slovakian woman who was abducted by Bomjon. The Slovak woman had a broken arm and was very weak. The reports say she told local journalists that she has been threatened by Bomjon’s followers not to reveal anything to the media or police.[9][10] The BBC quoted Nepal's Republica newspaper, that the villagers claimed they had been looking for wild fruit and vegetables when Bomjon had thrashed them with an axe handle for around 22 hours on July 22, 2010. Bomjon said the locals had been interrupting his meditation by climbing onto his platform, mimicking him, and attempting to manhandle him, and that he was "therefore forced to beat them". According to the newspaper, he claims he slapped them "two or three times", while the attackers alleged that they had been assaulted more seriously.[11] Истражив малку повеќе и не е само ова, еве уште: http://irregulartimes.com/2012/06/02/ram-bomjon-the-buddha-boys-reign-of-terror-continues/