Имам запознаено веќе 2-3 следбеника од Европа и ги негираат тие настани, не само што ги негираат туку вината ја префрлаат на сите што се здружувале против неговата мисија во Непал. Скоро секој мистик се соочува со вакви искушенија и за секого се зборува се и се измислуваат заговори само за да се зацрни неговото име. Тоа е патот на мистиците и вие да почнете да правите нешто за општо добро ќе се појават разни муабети за вас и ќе ви наметнуваат разни дела. Тоа е концептот по кои работи човештвото. Инаку во една медитација во шумата бил пронајден со меч и на тоа изјавил „дури и Буда морал да се брани и заштити себе си“ Инаку веќе ги има земено Будистичките принципи на живеење и не верувам дека би ја прекршил таа заклетва. 1.Човекот не смее да лаже 2.Човекот не смее да краде 3.Човекот не смее да западне во сексуална блуд 4.Човекот не смее да зема штетни супстанции 5. Човекот не смее да убива (ахимса,вегетерјанство,не насилство)
Сакаш да кажеш дека речиси секој мистик е стварно вистински мистик само сите сакаат да го зацрнат нивното име? А за сликата.Значи сите тие што не го следат будизмот тонат во песимизам, абе не зезај. Ако правиш нешто општо добро нема да има разни муабети за да се зацрне тој добар човек. Ако е сомнително нешто што е абсолутна фантазија е тогаш друга работа. Донирај пари за деца без родители, направи нешто видно, никој нема да те мрази.
Она што сакам да го кажам јас е дека во Будистичката иницијација на Махајана Традицијата постојат правила кои треба да се прифатат за одењето на својот пат подоцна. Тоа се 5-те принципи слични на Христијанските 10 Божји заповеди во нашата традиција. А оној што е свесен зошто ги прифаќа тие 5 принципи пред да се одлучи да ги прифати и свесноста за тоа каква карма сноси тоа ако не ги прифаќаш и аплицираш понатаму во својот живот не верувам дека би ги прекршил само за некое мало земно задоволство. Затоа ти препорачувам да се упознаеш добро со Будизмот, но и со менталитетот на некои одредени жени од Словачка што за секој мистик вадат по еден муабет дека нешто им се правело, не знам од желба за внимание или голема суета дека тие се најубавите жени на светот и мора некои нешто да им прави, а во контекст на тоа ќе го вметнам и обвинувањето и на Вишвагуруџи од страна на словачки жени дека нешто им правел. Ја најдов оваа поврзаност со словаците интересна затоа ќе ја споделам овде.