Сметам дека вака добар филм заслужува тема. Го сретнав во "Последен филм што го гледавте" и баш се потсетив дека го гледав скоро и едноставно ме воодушеви.Ретко некој филм да ми остави толку добар впечаток. Одличен психолошки трилер за човек кој доживува "анестетичка свест" при операција за трансплатација на срце и дознава дека докторите кои го оперираат планираат нешто друго.За време на таа состојба дознава и многу работи за неговата кои не ги ни претпоставувал.Се на се филмот има многу пресврти и е многу неизвесен и интересен за гледање. Главните улоги ги толкуваат Хајден Кристенсен и Џесика Алба. Ако го немате гледано,обавезно го гледајте.
Одличен филм, гледан ми е пред некоја година и можам да кажам, дека ме остави speechless.Интересна содржина, само не би го препорачала да го гледаат луѓе кои се спремаат за некаква операција.И Хајден е..ауууфф!
Кога ја видов темата помислев дека се работи за серијата, ама кога ја видов годината сфатив дека се работи за филмот. Предобар филм, мислам дека секој што го има погледнато му има оставено голем впечаток, и после толку години и еднаш гледан, филмот знам да го раскажам многу добро. Квалитетен филм, одлична глума, одлична тема, непредвидлив, ни на крај памет нема да ти дојде како ќе се одвиваат работите. Сепак крајот заслужно добро завршува, со оглед на тоа што се работи за мистерија, доведува и до таков мистериозен пресврт.
Добар филм.Го гледав многу одамна.Страшна идеја и добар почеток...ПОнатаму доста се разводнува и бега од првичниот момент... Како и да е , ми остави силен впечаток.Многу пати потоа кога станувало збор за операција на некој кој го познавам , ми се враќала сликата пред очи.Страшно!Ни на смртниот непријател не можеш да му посакаш такво нешто!
Добар филм. Премногу пресврти и неочекуван крај. Баш сакам вакви. На моменти ми беше многу тешко да го гледам, буквално се соживив со ликот и дури сакав да го исклучам. Ама вредеше што го изгледав крајот.
Филмов е одличен , го гледав на МТВ ми се чини пред неколку години . Хајден е damn hot и Џесика Алба исто . Е , сега , не е баш за луѓе кои се спремаат за некоја операција , но е одличен психолошки трилер .