Книгата што не ''буди'' со нејзината содржина. Книгата која ни укажува колку спиеме додека сме будни, која ни укажува колку механички живееме и како дозволуваме општеството да ни ги наметнува стандардите за среќа. Колку се поистоветуваме со одредени ''етикети'' и како не умееме да бидеме среќни најмногу поради себеси и сопствениот начин на размислувања. Како што вели - животот е она што ни се случува додека ние сме обземени со други планови. Спојлер И да не заборавиме - јас сум магаре, ти си магаре... (оние кои ја прочитале сигурно ќе се сетат) Каков впечаток ви има оставено?