Ако не ти е мака да ми одговориш со цени како се таму? И дали евра се употребуваат или си имаат свој курс? Инаку јас ќе одам за неколку дена па затоа и прашав.
Едно евро е околу 300 форинти, незнам што е тоа толку смешно и непознато кога можеш и сама на google да провериш
@buba4e89 1 евро ти е 300 форинти. Градот е многу убав, живописен, бев пред едно 4 години ама останати ми се сликите во глава, би одела повторно и повторно. Е сега за цените, во моловите се беше скапо, кога влегов во H&M само неколку работи беа со нормални цени, се друго мене ми беше прескапо. Седнав исто во една пицерија, Pizza Hut, и јадев буквално картонска пица (требаше да биде маргарита) ама беше само леб и едно патлиџанче, а прилично беше скапичка. Имаат бурекџилници исто ко во Скопје баш, цените таму не знам какви се, ама сигурно храната таму е поефтина отколку брза храна по моловите и по пицериите. За облека, имаат скоро на секој чекор секнд хенд продавници, таму има преефтини работи а доста убави работи можат да се најдат. Луѓето.. така малце студен народ се и така. Мене St. Andrea (така мислам се викаше) на пат накај Будимпешта повеќе ми се допадна, мало градче, со калдрма, црквички, катедрали, и мали продавнички за сувенири, и таму луѓето ми беа многу пофини и погостропримливи.
Мислев дека ќе биде без врска град но ептен пријатно ме изненади и мене а и останатите. Пребогата култура, историја, бројни интересни градби од времето на австро-унгарија но и крајно едноставни руски згради, па до современи германски баухаус стилови. Кога ќе ги посетите Будимпешта, Виена, Братислава и Прага, Краков... ќе ви стане јасно зошто е бесмислен „аргументот„ па и на запад имало барок не само низ СК2014. Се употребуваат исклучиво унгарски форинти - HUF: но во сите шопинг молови и железнички станици (ги има неколку низ самиот град) има менувачници. Курсот речиси секој ден се менува бидејќи Унгарија не води фиксна девизна политика па моментално 1 EUR=307.75HUF според курсот на народната унгарска банка (гугл ти е другарче ) но и секоја менувачница може да има мала разлика од неколку форинти. Најнеповолен курс е на жел. станица Keleti каде што пристига и тргнува возот од и за Белград, Виена, Братислава... Таму препорачливо е да смените само помала сума на пари колку да си купите слободни за јавен превоз (не ви треба фотографија ако е до 7 дена) и сендвич. Интересно, повеќето менувачници прифаќаат и полски злоти, чешки круни, хрватски куни, српски динари... ама не видовме денари да менуваат, а штета, имаме најубави банкноти. Познатата улица Ваци (нешто како ул. Македонија само поширока и многу подолга) во центарот е најскапата - од сувенири на улица до облека во бутици и храна низ ресторани и слаткарници, речиси сè е поскапо од остатокот на градот. Таа се препорачува само за разгледување, но не и за шопинг. Сето тоа таму го има низ други места, понекогаш драстично поефтино, само треба да знаеш каде да бараш. Вкусна, разновидна и релативно ефтина храна за околу 1500 форинти има во мензите т.е. рестораните со самопослужување (готвена храна). Може да се побара пола порција испаѓа поефтино а пак ќе ве најаде, препорачувам варена леќа или крем-супа од тиквички. Пробајте и супа од овошје, интересна е, како и „птичјо„ млеко. Вкусни и свежи колачи има низ малечките слаткарници но и во зелените пазари кои во правило се покриени (се наоѓаат во големи хали) ама обично нема за седење таму, но цените се неколкукратно поефтини од ексклузивните слаткарници а вкусот ист или мошне сличен. Капучино 350-400 форинти. Пиво 400-500 форинти. Пире од костени во самопослуги 250гр. (благо е и има налку вкус на рум) 300 - 400 форинти. Најпаметно е Будимпешта да ја шетате и разгледувате со помош на јавниот превоз, особено со трамвај и метро кои се отпорни на градските гужви а со помош на повеќедневна слободна испаѓа бадијала. Имено метрото се движи под земја, а трамвајот си има свој засебен простор за движење и воглавно не се меша со колите и автобусите. На голем број локации побргу ќе стигнете со трамвај и метро отколку со такси, а секоја такси компанија има свои цени. Билет за само 1 возење 350 форинти. Билет за 1 деноноќие - 1650 форинти околу 5 евра. 3 - деноноќен т.е. билет за 72 часа - 4150HUF т.е. околу 14 евра. 7 - деноноќиа - 4950 форинти околу 16 евра. што ќе рече тој најмногу ви се исплати ако седите повеќе дена (a без однапред организиран разглед). Билетите важат и дење и ноќе за сите градски линии на BKK (некое нивно ЈСП) вклучувајќи: автобус, тролебус, трамвај, метро, запчанична и урбана железница (тнр.HEV) и градски брод - внимавајте не е тој туристичкиот. Меѓународниот аеродром е во рамките на градските линии па не ви треба посебна карта за да стигнете до таму. Метрото има 4 линии - жолта (1); црвена (2); сина (3); зелена (4) Првите 3 линии се пресекуваат на метро станицата Деак Ференц Тер но на различни нивоа (спратови) па таму можете да се прекачите на друга линија. На мапата се гледаат метро линиите и линиите на урбаната железница која е нешто како шинобус но вози само до соседните гратчиња и не е поврзана со обичната железница. И да одиш, ама да поседиш повеќе од неколку дена! Голем град е, потребно е барем недела дена за да се доживее вистински. Во молот Кампона можете да го посетите Тропикариумот - ајкули над подводниот тунел но и малечка дождовна шума. Ако имате време и пари искористете ја можноста да тргнете со воз до Австрија и Словачка макар еднодневна екскурзија. Виена 3 часа со воз, Братислава мислам беше неполни 2 часа, има ефтини викенд карти само треба да се купат ден порано. Исто вреди да се посети гратчето Сент Ендре (Св. Андреја) - каде што живеат срби-староседелци, има интересен музеј на марципанот. Друго гратче вредно за гледање е Godolo каде има палата-музеј, исто многу блиску до Будимпешта. До двете гратчиња може да се стигне со урбаната железница тнр. HEV бр.5 за Сентендре и бр.8 за Годоло, но ќе треба да купите засебен билет во киоскот на почетните станици. До почетните постојки на HEV се стига со црвеното метро, види мапа горе. Климата е слична со скопската, но не и потполно иста - велат таму обично е посвежо. Така да април-мај, септември се чинат идеални. Колегата велеше дека тој јазик е сигурно нешто како словачки, полски, додека колешка ми која зборува одлично италијански и шпански мислеше дека лесно ќе се снајде очекувајќи јазикот да им биде нешто како романски кој пак е сличен со италијанскиот. Меѓутоа се испостави дека унгарците зборуваат унгарски , јазик кој е во иста група со финскиот и естонскиот. Претпоставувам прашањето се однесуваше за изминатата 2016 година, но еве една корисна информација за сите оние кои планираат оваа 2017 година: Некаде од април-мај 2017 се воведува повторно авионска линија Скопје Будимпешта со почетна цена од околу 1200МКД доколку се купат билетите неколку месеци однапред. Има и варијанта со автобус до Белград за 2400МКД повратна од Скопје со Фудекс или БС-Турс околу полноќ, и веднаш по пристигнувањето во Белград купуваш на железничка (блиску е до автобуската) фаќаш воз во 7:36 Белград - Будимпешта за 30 евра повратна. Патот така вкупно трае околу 16 часа. Односно 6 Скопје - Белград со автобус и уште 8 со воз Белград - Будимпешта.
Будимпешта ја посетив пред 8 години некаде и останав без зборови. Градот е прекрасен, прекрасни градби и еден куп места кои воодушевуваат во секој поглед. Останав само два дена и едвај имав време да ги видам главните знаменитости. Едвај чекам повторно да одам, се надевам дека тогаш ќе останам подолго и ќе имам време подетално да го истражам овој прекрасен град.
Вака сега во Прага имавме фора со менувачниците, некаде си зимаа провизија,некаде не. Дали и во Будимпешта е така? За градот Сент Андреа дали си била, вреди ли да се посети?
Затоа пишав дека не е толку поволно да се менуваат многу пари на Келети железничката. Спроти таа железничка има голем шопинг мол Дуна Плаза и таму имаше менувачници, поповолно е. Да, бевме - не случајно го пишав. Е сега дали вреди или не, тоа треба вие да одлучите. Нас ни вредеше. Нас нè интересираше најмногу музејот на марципан колачињата (има цели мини гратчиња од марципан), и продавницата во музејот бидејќи кај нас во Македонија вистински чист марципан ретко се наоѓа во слаткарниците. Ако имате време (ние имавме неколку недели) но не толку многу да одите низ другите градови во Унгарија, тогаш Сент Ендре вреди бидејќи е многу блиску - 22km од Будимпешта. Како алтернатива, доколку не ве интересира толку марципан музеј и србите староседелци (има српска православна црква исто во С.Ендре), ако повеќе ве интересираат палати од времето на Австро-Унгарската империја, појдете во Годоло. Исто е многу блиску до Будимпешта - 30km. Ако немате организиран превоз, качете се на црвеното метро (застанува и кај железничката Келети) и возете се до последната метро станица Ors vezer tere а таму прекачете се во урбаната железница HEV бр. 8 и возете се до Годоло, тргнувањата се на секои дваесетина минути. Билетот во еден правец е околу 2 евра и се купува во трафиките на почетната станица.
Јас бев на екскурзија во четврта средно пред 9 години. Најпрво бевме во Сент Ендре и многу ми се допадна тоа мало градче, памтам дека имаше многу мали и шарени куќички, калдрма, мало мостче и река. Веројатно мојот мозок малку го има исфилувано до сега, ама го памтам како градче од бајка. И се сеќавам дека главна работа беше марципанот (како да не го памтам тоа кога обожавам марципан!). Од Будимпешта се сеќавам на "главните" работи, на Fisherman's bastion и погледнот кон градот, на мостот со лавови, на Ваци улицата, на парламентот навечер, на Heroes' square, на зоолошката и аквариумот. Искрено, најмногу од се ми остави впечаток зоолошката. Можда сум била дете, па уште не ме интересирало архитектура и се она што ме интересира сега. Како и да е, планирам да идам годинава, крај на август/почеток на септември. Има време до тогаш, ама зошто планирам деновие да резервирам лет и смештај, почнав да истражувам за градот. Искрено, идам зошто други сакаат да идат, па ајде и јас (реално има далеку повозбудливи дестинации со виз). И идам за една работа конкретно - Gellert thermal bath. Имам голема желба да го посетам местово, дали некој бил? Импресии? Вреди ли да се посети? Пак ќе кажам, има време; но, планирам да посетам: Ваци улицата од еден крај до друг (смештајот што го најдов е на самиот почеток од едната страна на улицата), St. Stephen basilica, Chain bridge, Buda castle, Fisherman's bastion (можда и Matthias church, ќе видам), Heroes' square и зоолошката. Имам 3 ипол дена за шетање, па се двоумам дали да ја вметнам Гелерт бањата. Некој совет за must-visit местенце? Тропикариумот ми делува малку далеку, не верувам дека ќе скршнам натаму. Трговски центри не ме интересираат. Што мислите, за 4 дена колку пари би ми биле потребни? Храна, превоз, влезници.
Дечки ми треба кратко инфо. Имам два часа во Будимпешта, сакам да ги поминам во Центарот на градот. Да погледнам неколку знаменитости, да тркнам до Старбакс. Некој да ми предложи паркинг, се мислам за оној блиску до базиликите, тој дел од градот да го фатам. И дали Старбакс и моловите функционираат со форинти или можам да платам и во евра?
Јас денеска ќе одам накај Будимпешта на неколку дена, планирам и до Виена да одам зошто е прилично блиску. Од тука си испланирав кои места сакам да ги видам, со мапи, со чуда. Многу сум организирана за вакви работи Па здравје со слики и импресии ќе пишам пак во темава наредна недела.
Ај кажете ми повеке информации за Будимпешта .Сакам да одам со автобус или подобра варијанта е авион? Што треба за со автобус што со авион зошто ке патувам сама ?Некој ми кажа дека на унгарската граница требало да покажеш 500 евра како доказ дека имаш пари да престојуваш ..
Авион. Евтини се летовите со визер и летот е многу краток. Тоа со 500 евра не ми личи на вистина, сега брзо патував и не ми се случи такво нешто
Има автобус од аеродромот што оди до центар и е на секои 20 минути. После од центар со метро или трамвај.
Авион. Има 2 буса од аеродромот, ефтини се. На аеродром смени најмногу 10 евра. Многу лош курс имаат. Некогаш бараат пари да покажеш, некогаш не. 50 евра од ден. Тоа од моите скоро 10 посети во 2 наврати ми бараа.
Будапест ал би бек...Прекрасен град вооудошевена сум.Поминавме прекрасни денови за дочекот на Новата година.Има што да се види.Мака ми е само што немавме време за термалните бањи и за шопинг.На 31.12 работеа до 14ч ама тоа е.