Булимија

Дискусија во 'Психологија' започната од Vi_ki, 6 септември 2024.

  1. Vi_ki

    Vi_ki Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Добра вечер, забележав дека одамна се нема отворено тема за ова невротско нарушување-булимија. Лично јас веќе две години се борам со порметување во исхраната, со циклусот прејадување и избегнување на храна, а последниве 5 месеци развив и нова состојба, булимија. Откако одев на психотерапија 4 месеци и откако не ми помогна во третирање на пореметувањето на исхраната, се повеќе и повеќе навлегов во разочарување, дека нема спас од ова и се повеќе и повеќе го негував моето булимично однесување. Тешко ми е да побарам помош кога не гледам излез од ситуацијава. Но вечерва, додека го гледав филмот "To the Bone" забележав една фраза која алудираше на тоа дека: во нас е моќта да се излечиме, и дека тоа нема да се случи ако чекаме некој друг да дојде и да не спаси. Откако добив малку храброст од оваа фраза, сакав да почнам од некаде и да излезам од мојата комфорт зона со прашањето: дали во Македонија постојат заедници за поддршка на луѓето со пореметување во исхраната? И дали може да ми препорачате некој добар психотерапевт кој е искусен во оваа област? Благодарна сум на секој одговор <3
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Има излез и се надминуваат пореметувањата во исхраната.

    Не знам дали постојат групи за поддршка во Македонија, но секако дека има психотерапевти и психијатри кои можат да помогнат.
    Доколку не си успеала од првиот обид тоа не значи дека проблемот не е решлив. Можеби треба да пробаш со друг психотерапевт.

    Јас имав другарка во средно која имаше некое нарушување во исхраната (претпоставувам анорексија дека беше во прашање) но со поддршка од родителите од училиштето и најверојатно од психолог се врати на редовна исхрана и немаше рецидиви. Денес е реализирана и успешна на професионален план, мажена, мајка на две деца, здрава и насмеана.
    Не се обесхрабрувај и не се предавај!
     
    На Vi_ki му/ѝ се допаѓа ова.