1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.681
    На M&M, emiliana, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Кај нас за жал не се обрнува доволно внимание на оваа појава која станува се почеста. Јас бев жртва на булинг во основно уште кога бев. Тогаш никој ништо не преземаше, педагогот тогаш служеше како плашило за учениците, а уште е така како што гледам.

    Навистина мислам дека треба некако луѓето да се информираат и да се преземе нешто околу ова бидејќи децата и младите можат да претрпат многу работи за кои потоа ќе имаат сериозни последици.
     
    На Роберт 7, M&M и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodenpecat.mk/sakam-...zhe-vistinskite-poslediczi-na-bulingot-video/
    Згрозена сум.Толку мало детенце посакало да се самоубие.Сеуште не сум родител,но се прашувам на што ли ги учат родителите тие деца,бидејќи очигледно не на емпатија,почит,култура..?
    Уствари,до некаде не е целата кривица на нив,многу влијае и околинава,општествово во кое живееме.Сепак,ништо не е оправдување.
     
    На Роберт 7, candy.cane, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    И јас страдав од булинг во училиште и никој ништо не превземаше тоа беше многу одамна во основно ама има мнгу голема рана што ми е оставена и заради тој булинг неможев да имам среќно детство, а најмногу беа криви наставниците што гледаа само кафе и цигара да пушат и ништо не им викаа ниту пад друго да певземат.
     
    На teddybear3, Роберт 7, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    и мене многу ме погоди ова со малово детенце...
     
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    ^Многу луѓе измислуваат приказни за булинг во основните училишта само за 5 минути слава. Овој случај со детето со низок раст излезе дека е само за публицитет! Од вакви лажни приказни и информации вистинскиот булинг останува незабележан. Оваа е срам за човештвото!
    Па шо ме изнервира уште толку е шо почнаа и некој наши луѓе да си споделуваат очигледно преувеличени приказни за нејзиниот "булинг" по училиштата за некој посебен имиџ шо имале порано шо е очигледно глумење емпатија за малку внимание од интернетот. Ама денеска е симпатично да кажеш дека си имал тежок живот дека едни невообичаени фармерки или боја на коса ти го направиле животот пекол.
    Никој не сака да ги слушне вистинските приказни за булинг и колку само нема ништо симпатично, колку е само гнасна реалноста на булингот. Често завршува со ментални растројства, самоповредување или за жал одземање на животот.
    Сите се правиме дека не сме слушнале или виделе такви ситуации.
    Ми се гади до каде има стигнато човештвото!
     
    Последна измена: 22 февруари 2020
    На Caci55 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    Како тоа само за публицитет? Како тоа лажна приказна?
    Ако мислиш на тоа што подоцна беше објавено дека се работело за измама, тоа е она што е лажно уствари. Случајот прикажан во видето е вистински и е објавен за да се освестат луѓето за последиците од булингот и дека децата треба да бидат воспитани да ги прифаќаат различните од себе. И срамно е тоа што некои го искористија овој случај за кратка интернет слава, што објавија дека не било 9 годишно дете, туку 18 годишник.
     
    На Alisa22, crimson, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ете може сум мала јас лажна информација за тоа дека е лага за 18 годишникот и мајка му менаџер, ако може линк од страната шо го потврдува во целост твојот аргумент?
     
  9. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.513
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е ова погоре фејк или не е, но дека постои булинг е факт.
    Дека постојат насилни деца полни омраза е факт.
    До семејството е, до воспитувањето, па се до средината.
    Не се учат на вредности децата, на почит и култура.
    Ако ти ко родител кога ќе видиш некој со голем нос искоментираш пред детето, види го бе ко шпакла му е носон и се смееш, што очекуваш понатака да излезе од него. Му даваш пример и одобрување за такво однесување.
    Децата треба да се учат на различности, да ги прифаќаат и почитуваат.
    И моево кога ќе види човек или дете со некој хендикеп или слично ми вика мамо зошто е таков...затоа што сите сме различни, секој сака да е убав, и личен и прав и здрав ама секакви не има. И тоа е најмалку важно кој како изгледа. Се трудам да ја научам да не осудува, да не навредува, да не исмева никогаш и никого оти така сум учена и јас. И сум благодарна на моите за тоа.
     
    На mira.mira, Ariel, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    Еве.
    Ако е доволно.
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    Какви се тие симпатични и несимпатични, гнасно реални приказни? Од каде ти знаеш дека нечија приказна е „очигледно“ преувеличена?
    Не дека навистина не постои и булинг заради поинаков стил, ама во видеово со детето од Австралија дефинитивно нема ништо романтизирано, сурово е, баш прикажува булинг ради физички недостаток и толку мало дете што не му се живее поради истиот. Јас никаков релевантен доказ не видов дека е навистина фејк - возраста се потврди дека не му е лажна, состојбата очигледно му е таа, парите почнале луѓе низ светот да ги собираат на fundraiser кој го отпочнал познат американски стенд-ап комичар (исто така со џуџест раст) откако го видел видеото, не дека детето или мајката ги побарале. А и да има некој фејк елемент, булингот низ светот дефинитивно е реален проблем, посебно на деца и луѓе со физички недостатоци.
    Мене па ми се гади од ликови што по непроверениве информации дека е фејк, одма ликуваат дека луѓето глобално биле наивни со нормалната човечка реакција на шок и емпатија, и дека ја отвориле темата булинг за внимание |(
     
    Последна измена: 22 февруари 2020
    На Alisa22, crimson и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Греота е да покажуваш сила над немоќни лица.. Господ да им помогни на сите кои се соочуваат со физички и психички пореметувања! ;(
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial дали добро ми го прочита мислењето? Не можеш ти да споредуваш исмевање за физички недостаток и исмевање за стил на облекување! Зашо ми ги превртуваш зборовите? За лајкче плус?

    Јас видов информација дека е фејк приказната за детето со физички недостаток, си напишав мислење, @Bitter-Sweet ми даде линк од кој тврди различно од тоа шо го мислам за тој случај со детето, се повлекувам, ете не сум била во право. Сум имала грешка информација. И реално жал ми е за малото дете! Не можеш ти туку така да ми се ставаш за ова!

    После исмевање за хендикеп го споредуваш со исмевање за стил на облекување, демек иста е болката. Не е иста! Стилот можеш да го смениш, физичкиот недостаток не можеш! Во првиот случај можеш да спречиш булингот, во другиот случај не можеш ништо да спречиш! Природата те дала таква, таков ќе си за цел живот. Многу има разлика од овој случај до тој случај за булингот! Малку погледни и од друга преспектива, дека во овој случај многу грешиш!
     
    На Caci55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Сител се тешки лицемери..Кај беа да објават за нашиве деца што секој ден се тепани,навредувани,омаловажени?..Викнале квази психолог чавка и таа као демек само за Скопје знаела..изненадена глуми.
    Психолозите /наставниците во училиштата кај нас се најголемите дискриминатори..Колку пријави има за булинг ? Мрш таму ѓубриња едни..
     
    На anata, Роберт 7, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Кој е психологот да не знаеш?
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не споредувајте кој булинг повеќе болел. Сите видови болат. И физички хендикеп, и стил на облекување. Како може да не боли ако детето не носи адидас патики со три "ленти" туку со две пошо неговите немаат 4000 денари за оригинал ама му купиле од 400 ден. па ајде децата смеј му се абибас дека носел.
    Некој пиша горе стилот на облекување можеш да го смениш за да го спречиш булингот. Булингот не се спречува со тоа што ќе смениш нешто кое не му се допаѓа на насилникот. Нема што некој да менува стил на облекување затоа што постојат насилници.
    Булингот е ужасна, најужасна работа, ептен го мразам врсничкото насилство, ама ептен. Кривам родители, кривам наставници. Сум видела како на булинг кај 4то одделенци се одговара со "ајде играјте заедно, без карање". Така не се решава булинг ама треба некој газот да го мрдне малку. Малку ли се дечиња кои се самоубиваат по светот. Или во тешка депресија како резултат на булинг. Да бев наставничка или педагог/психолог во школо на булинг еднаш регистриран ќе свикав родителска средба и мислам дека вториот пат на децата насилници ќе им доделував преместување во друго школо. Мислам, јасно ми е дека наставниците немаат толкави ингеренции само сакам да кажам колку сериозно го сфаќам булингот, а колку наставниците и не ги користат сите моќи кои ги имаат во борба против булингот. Секако дека тука се дечињата од мама и тато кои се познати фаци па уште од прво одделение се научени дека не смее никој да им пререче. Ужаснотија. Дете што дома не видело насилство, не е насилно кон другите. Така да проблемов е подлабок. Не сакам да сум и во кожа на мајкава на детенцево погоре. Да ти каже 9 годишен син дека сака да се убие? Па јас не мислам дека ќе имав сила таа тага да ја истрпам. Не сме свесни булингот што прави. Не е само кажи нешто и заборави го наредната минута - жртвата може нема да заспие вечерта. Учете ги децата да се културни. Наставници реагирајте најстрого на секаков булинг. Девојко од сторијата ако го читаш форумов - храбра си. Не секој излегува и кажува дека бил малтретиран. Сите сакаме да изгледаме силни и недопирливи.
     
    На RainbowButterfly, Someonespecial, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    146.568
    Пол:
    Женски
    Моментално гледам серија поврзана со ова, 13 reasons why, многу е добра, инспирирана од вистинска приказна и подржана од веб страна за подршка на жртви на булиинг. Многу ме замисли искрено. Средношколските денови се далеку зад мене, не се сеќавам да имало некој потежок случај додека јас бев во школо, барем не во моја најблиска средина, ама се сеќавам на приказни од некои школи за физичко малтретирање на послаби и помали од постарите генерациј. Сега е се поизразено сајбер насилство, исмејување, како и да е, што е уште пострашно затоа што вест, порака, слика, се шири со брзина на светлината. Син ми за неколку години ќе навлезе во пубертет, уште кога почна со основно милион пати ми има поминато ова низ глава, многу е чувствителен и ми беше страв да не му се закачи некој затоа што мислам дека многу би го погодило и дека дури нема да сака да оди во школо. Засега е се ок, се дружат доста со децата од одделение, имам приметено малку кај девојчињата дека веќе почнува она непријатно подбуцнување, не знам зошто ама мислам дека станува се поизразено баш меѓу девојчиња, барем додека се помали. Мнооогу зборување треба, но треба и школиве да имаат некоја програма да се справуваат полесно со ова. Море страв ме фаќа :worried:
     
    Последна измена: 23 февруари 2020
    На Herrera и prominent им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Многу грозни знаат да бидат некои дечишта. Вистински мали ѓаволи. Па ќе ми рече некој, не збори така, дете е. Пу бе. Одамна немам прочитано за погрозна постапка.
    Најголемата вина ја наоѓам во домашното воспитување, тие деца произлегуваат од одвратни, арогантни родители, си ги размазуваат децата и ги навикнуваат да се изживуваат, вообичаено, врз деца што глас не пуштаат и се малку повлечени.

    И да, секој, ама секој вид булинг боли многу. И за физички или ментален хендикеп, и за стил на облекување, и за тежина, и за висина, буквално за се'.

    Малите исфрустрирани насилници секогаш ќе си наоѓаат мета. Не е решението ,,сите да си играат заедно'', како што спомна и @Mantub малку погоре.
    Решението се строги педагошки мерки на училиште, строги казни, да не им текне веќе уста да отворат или па рака да кренат врз некој различен.
    Казни и за родителите што не заслужуваат да се нарекуваат така.

    Скротете си ги дечиштата!
     
    На anata, RainbowButterfly, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.145
    Пол:
    Машки
    Коренот на bullies-от почнува од дома. Кој сака нека каже ама за мене родителите се највеќе криви, не може бе дете што е правилно воспитано да тепа и малтретира друго дете. Јас бев сведок како еден татко му вика на синчето "Скрши му ја главата, акни го". Со такво домашно воспитување кој е крив?
     
    На RainbowButterfly, NEA, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  20. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Па нормално ќе се такви.Не дозволуваат никој збор да им рече,абе мавало, кршело,урлало-,,дете е".
    Што да очекуваш друго.
    Не дај боже наставничка да ги викне родителите на разговор за недолично однесување,или да му напише пониска оценка,абе очите ќе и ги извадат.Сум имала такви примери во средно.По 10 души од фамилија доаѓаа на карање.
    Се разбира дека има исклучоци.
    Не знам зошто не сакаат да слушнат некои родители дека децата им прават нешто погрешно.Еве не знам.|(
     
    На ku4ence и Mantub им се допаѓа ова.