Спојлер: Совет за етика во медиуми Suicide contagion e сериозна и вистинска работа. За самоубиство не смее да се известува колку и да се гладни медиумите за кликови и лајкови и шерови. Огромна кривица гледам во нив. Кодексот не си го знаат! Срамота за слободен печат шо се истрчаа да објавуваат за самоубиството на тинејџер. На најранливата категорија луѓе. Тинејџери. Ставете се пак да имате 17 години и да слушнете дека сокласникот ви се самоубил. Па свесни ли се какви прашања отвора тоа на тие кревки умови? Да, престрашно е и е огромна трагедија. Ама обвинувања од типот дека кадарот на Корчагин е виновен или семејството на момчето.. Сериозно? Друго е да коментираме колку некадарни и ќорави и сакати станаа даскали, јасно ни е на сите како, ама сосема друго е да се вперува прст кон било кој за ваков случај. И сигурно нема Спасе Спасов од Неготино или сеедно да ја реши дилемата зошто детето се решило на таков чекор, ниту пак ние тука на фемина, само сакам да си ја изјаснам фрустрацијата кон медиумите шо како и секогаш во сѐ гледаат бизнис. Сума сумарум, едно самоубиство лесно може да повлече и друго.
Читајќи на fb коментари за детето што се самоуби, се запрепастив од коментарите. Прво имаше напишано некоја дека денешните млади девојчиња сами ги предизвикувале силувачите. Дури имаше напишано за девојчето што беше силувано дека таа била виновна, поточно нејзините родители. Сметам дека за вакви коментари треба казна затвор.
Точно го нема. Јас во основно од 1 до 8 мо имав прекрасни наставници. Средно? Не сакам ни да ги видам.
Се согласувам. Јас бев од тие што ме сакаа, за среќа или не не знам, ама не можам да кажам дека не приметував каков однос имаа кон другите. Во основно имаше многу позабегани, возрасни луѓе со тантруми, плус не знаеја како да се справат со проблематични деца па секој ден беше урлање. Во средно беше друго, немаше испади, иако понекогаш имаше суптилен булинг.
Да ни биде јасно на сите дека никој не се самоубива САМО за оценка. Треба да има друг тригер за тоа. Самоубиство не може да се направи туку така. Имало многу поголеми проблеми, недијагностицирана психолошка ситуација, притисок и од други страни.... Ехеее колку слаби оценки и колку проблеми имало па не сме се самоубивале. Има тука и друг проблем, надвор од школото сигурно, ова била само "последната капка" Јас конкретно, средното школо го паметам како најубав период од животот иако имало идиотаски ситуации. Професорката која тогаш ми беше хорор, сега сфаќам колку, всушност, добар педагог била. Историја предаваше, Марија Мирчевска. Најстрогата во Орце. Се сеќавам другарка раскина со дечкото на голем одмор, после тоа на час по историја ја крена да ја испрашува. Она не сакаше да одговара, професорката инсистираше. На крај сепак ја испраша и и стави 5ка, реално си знаеше другаркава. Ја насмеа, и го поправи денот. Нас ни делуваше како да ја мачи, раскинувањето ни изгледаше ко крај на свет, а всушност само и покажа дека ни најмалку не е се така црно . Педагог за пример.
Јас бев тешко навредена од професор на факултет за време на испит во претходната сесија.Го пријавив кај деканот. Видов позитивна промена во однесувањето на професорот, па заклучив дека деканот реагирал. Учете ги децата да не трпат и да не молчат.И за дома и за во образовната сфера. Одамна помина времето на југословенското „седи, ќути и трпи“. Ова е страшно и треба да се испита.
Ако има некоја тема за булинг означете ме да напишам мое искуство од 1 до 8 одд. Да не ја полнам оваа тема бидејќи не е за овде. А за детево ова ако е точно што го објавиле не знам што да кажам. Жално е во каков свет живееме.
Апсолутно се согласувам, за жал и срам и ние сме дел од ова и треба да престанеме да шпекулираме и да запре дискусијава. @RainBow
Аууу да се... Уффф ако е ова вистина (а верувам дека е), со име, презиме сите на тапет. Да знаат дека се соучесници во убиство!!! Морони едни. Леле ама се вознемирив... Сега е јасно зашто не бил битен да се спомне. А да бил некој син на буџован кој умрел од дрога ќе жалеа месец дена, па рип па све и свашта. Кутро дете.. Господ сила да им даде на родителите.
Во право сте за медиумите. Лични трагедии не смее да се искористуваат за сензационализам и тоа си стои во кодексот. Но, медиумите денес „прибираат“ информации по Фејсбук. Многу несериозно. Друго, што ако во позадина има нешто друго? Сега се под притисок и професорите, иако не ги бранам, ни ги знам, ни познавам. Се пишуваат вести од шпекулации. Јас познавам личност која имаше големи соништа, а немаше капацитет да учи, и дома на родителите им се закануваше дека ќе се убие поради оценки (сироти трчаа и молеа по школо, па разговор со педагог, па со психолог, па кој професор колку може да попушти, да се солидаризира), па не се уби, жива, здрава, ама денес работи нешто сосема обично, а имаше сон да биде обвинител. Не верувам дека поради оценка некој ќе се убие.
Јас мислам дека медиумите не објавија први дека детето се самоубило, туку некој друг беше пишал на фб како медиумите не ја пренеселе таа вест.
Претерват медиумите, гниди( не користам вакви зборој). Не е трач тема да се задоволи јавноста, не е ни бизнис за кликови. Кој поголема глупост ќе напиши се такмичат. Треба да се слушни и да се знае да, ама не шпекулирање со бомбастични наслови. Детето, ако се негови зборови, му го почувствував секој збор. Душа. Многу ми е криво кога мора да има трагедија за нешто да се смени, а кај нас ни тогаш.
https://m.facebook.com/story.php?st...vZWAFiYBAyfREtRerK87Go8Zol&id=100002651254786 Читајте тука.. Ако имате сила..
Ја познавам мајката на детево што се самоуби, многу фина и добра жена. Многу жално ептен се потресов кога видов статус кај неа за ова.
Кога ќе се запишуваш во средно школо ти даваат еден лист да потполниш за податоци на мајката и таткото, дали работат и каде работат, дали се носители на јавна функција, кој степен на образование го имаат, дали земате социјална помош.. Од каде би знаеле соучениците дека детето е сиромашно, мислам тие деца едно со друго не се знаат пред да тргнат во средно школо, не знаат кое е сиромашно а кое не..
Во мое време беше тоа на глас, кажување, и еден вели татко ми е невработен, друг земјоделец, трет работи во МВР на РМ, и така. И по начин на облекување, колку трошиш, кај живееш, ќе те дознаат дали си имотен или не. Кај мене децата на административците седеа преку еден ред од нас децата на работниците. Кога ни честитаа роденден, беше тоа со пола уста, некако со некоја ароганција. Муабет ни правеа по потреба, службено, и денес ми е смешно кога некој од нив ќе ме побара за услуга.
Јас во основно уз муабет на соученичка кажувам маичкава ја купив за 300 денари во локален бутик оваа фати да превртува очи како тоа евтини маици од 300ки сум носела, она пазарела у трговски секогаш само у попознати продавници, не некои подруми таму И среќа не мислев дека е проблемот до мене што знам, све дур е чиста и уредна облеката, мање битно цена. И во периоди кога имам повеќе пари гледам да поминам со поевтино. Патем маичката беше еднобојна, најобична.
И ние бевме делумно сиромашни порано, ама јас секогаш бев со чиста облека и убаво средена во школо, ми се дешаваше да ми кажат нешто тие во основно што учеа со мене као вие сте сиромашни и такви детски префрлувања оти знаеа каде живеам и знаеа се за мене, дури и едно дете од маало ми рече еднаш мама ми рече да се дружам со тебе иако сте сиромашни, ама во средно школо ниту еднаш тоа не ми се случило некој да ми збори дека сум сиромашна оти никој не знаеше ништо, не ми пишува на чело, секогаш средена косата, во чиста облека си бев, патиките секогаш ми беа најчисти дури и почисти од вансот на тие со ајфоните во раце што беа..