едната била по англиски , мајка и била директорка, а другата по социологија.Ги има низ коментарите под фб постот на новинарката со име и презиме. Мислам дека таа е.
И мајката и ќерката предавале англиски, не е директорка. Имаше пишано родител чие што дете завршило таму.
Учев и јас во строга гимназија и истото и ние го минувавме. Професорите (дел од нив) гледаа на крајот од дневникот родителите каде работат и инстантно имаа подобро однесување према оние од кои можеа да имаат корист. Имаше ученици кои исмејуваа, но сега кога се враќам назад оние кои вршеа булинг беа несреќни деца и немаат успеано во животот оти немаат ни дел од социјалната интелигенција која и тоа како е важна.
Страшно е што се случува и се што прават професорите, да ти е страв дете да пратиш во школо. Не сакам ни да се потсетувам на основно, многу лош период ми беше и од соученици и од наставници. Децата ми се смееја што имам постара мајка како баба ми била и ми се смееја што чуднo име имала, а јас си бев повлечено дете и си ќутев цело време. А наставниците оценки ставаа и ги тинтреа тие деца што од нивните родители имаа корист. Средно ми беше подобро и бев веќе друга и посилна личност па не ми можеа ништо, професорите беа супер.
Убаво си рековте, тие деца кои вршеле булинг, потоа во работна средина како возрасни ги прават истите финти. Веќе се длабоко навлезени во материјата, така да, добро им оди, ветерани се за сплеткарење. Колку ситуации сум преживеала, ехеее, можам книга да напишам, и затоа велам на помладите, ако не сте почнале да работите, па вие никаква мака не сте осетиле. Тие што се тепале за незалужена петка, денес се тепаат за покачување, кое не е заслужено и се спремни за 100 денари очи да ти ископаат.
Ова е пребитно. Најголемата иронија е ова, луѓе што се дел од проблемот не гледаат дека се дел од проблемот. Не може на свое дете секој ден да му приредуваш вербално насилство и псоле да се чудиш кога истото ќе го направи професор. Не може на детето да му викаш дека е неспособно, не го бива за ништо и е глупаво и после тоа да се чудиш кога истото ќе го прави професорот. Не може да се повикуваш на "ќотекот е излезен од рајот" а потоа да се чудиш кога и професорот ќе го спроведува истото. Еден куп возрасни луѓе кои гордо ги пренесуваат своите трауми врз децата мислејќи дека тоа е најправилно се шокирани кога и професорот го има истиот менталитет. Не, не се криви наставничките влезени со врски(не ги оправдувам само е друга тема), туку фактот што сите поддржуваат насилство, ама глумат изненаденост кога ќе се видат ефектите на истото. Фактот што проблемите на децата не се сфаќаат сериозно, како членкава над мене што тврди дека младите не виделе што е мака во тема за самоубиство на дете. Ало??? Нарисоиден народ со нула способност за саморефлексија. Ако навистина ова било главната причина за кутрото дете, тогаш сите с(м)е индиректни убијци.
Може да биде и добитник на Нобелова награда, после вакво нешто, секој човек што има барем малку совест би си дал оставка..
Страшно е што се случува и толерира. Кај син ми има дете кое се дружи само со моево и со уште 2 3 кои се убаво воспитани. А другите му викале некапен, смрдиш носиш исто палто, бла бла. Наставниците се прават глуви, сите си молчат за да некој некому не му падне во око. Наставничка имаат која буквално се изживува врз нив. Е до лани трпев, годинава планирам се да пријавувам, моето не го зафатиле уште ама мене ме боли и за, други деца. Што се тие виновни? И да, треба да се воведат обуки за родители. И страшно е кој се се напика во образование дури мислам дека намерно ставаат такви фрустрирани ликови за да ги мачат децата... Ужас
И родителите треба повеќе да се грижат за својте деца понекогаш во однос на хигиена, бидејќи стварно има деца кои што на училиште доаѓаат небањати, нечисти и усмрдени, со кал под нокти, со гомна во ушите, со вошки во косата, патиките како од лозје во школо да дошле им се со кал, иако тоа не треба да е причина за булинг, туку треба да си пријават психологот и педагогот во социјална служба дека родителите не водат соодветна грижа за одредено дете.
Апсолутно не оди така детево, ама е премногу повлечено, дури прочитав во разговор со син ми на мсн(бидејќи морам да контролирам што прави) само си има поставено дијагноза на адхд. А детето е премногу интелигентно, математика знае повеќе од сите има 5, исто и англиски ама некој треба да го насочува и многу да работи со него. А тоа, да затоа пишав треба обука за родители, некои навистина ги запуштаат децата, ама да како што велиш има и социолог и психолог кои можат да го мрднат газот од фотелјите и да сработат нешто за што се платени а не само да гледаат кој е колку подотеран. Да имаш таква работа и да те мрзи, ас не знам, не можа да разберам. Ама тоа е кај нас. Заспана нација.
Од 90тите и рани 2000ти Не знам дали тогаш се сметаше ваквото однесување за нормално, меѓутоа не сме виделе некоја посебна реакција од родителите или педагог, психолог. Се имам соочено со следните примери во текот на моето образование: - Јавно вадење пред табла и пред сите проверка за вошки во косите - Доколку некое машко е дојдено во училиште со "фризура" - наставникот со шише вода го прскаше и истураше вода на него како знак дека фризури не се дозволени. - Навреди и погрдни имиња - Кубење на коса - Удари по раце со стапче итн - Восхит кон ученици што биле на одмор во подалечните држави и понижување на тие што имале можност само до Претор или Охрид да појдат, демек нивниот состав "Како го поминав летото" не е вреден да се слушне од сите. Не оправдувам ништо од тоа погоре што сум го зачекала дури и се чудам од денешен аспект како на нашите родители им било нормално. На пример си доаѓаме од училиште, кажуваме дека Х денес добил прачка затоа што не ја знаел песната. Одговор од родителите - затоа ве тераме да учите и толку. Немам дете засега во образовен систем и да можам да споредам ама од приложените коментари гледам дека овој булинг не само што не се искоренува туку преминува и кон полошо.
ах бре златно дете .. кој ме тераше да чепкам по фб.. детето било очигледно малтретирано и од професорите и од соучениците. Кој им дава за право бе да навредуваат? Па што ако му се редителите скромни и постари? Зарем треба да бидат како оние од инстаграм со газовите и цицките на изволте. Џабе што им се мајките негувани кога децата им се расипани и невоспитани. Какви се личности ја имаат титулата професор просто ми се гади. Суров е овој свет, а по се и погрешен е и начинот на кој ги воспитуваме децата.
@Miss_S Кај ме потсети за вошките, исто и нас и баш јас и едно дете имавме и не прати дома учителката Сеуште срам ми е Не ми е јасно зошто така ни проверувале, требало дома да се јават на родителите и да кажат, а не така пред сите деца Јас дури сега сфаќам зошто сум ваква каква што сум
Речиси и да нема дете што не било подложено на булинг, освен тие што биле bullies. Средно ми беше прекрасен период, немало никакви проблеми ни со деца, ни со професори. Основно ми е ужасен период. Кога почнавме да влегуваме во пубертет, кај девојчињата се јави некоја љубомора кон мене, ме напаѓаа со зборови постојано. Со машките секогаш бев другарка и не сум имала никаков булинг од машка страна. Мирна и повлечена бев, не се дружев со многу во класот, имав по некоја другарка и другар, никого немам повредувано, ме најдоа како девојче што е мирно и последните години од основно кога ќе им текнеше со разни надимаци ми се обраќаа или погрдни зборови ми кажуваа како сум заостаната, несоцијализирана... Никогаш не возвратив, не сакав да паѓам на ниво некого да навредувам со таков тип зборови ама школото многу ми стана одвратно. Од ученичка со сите 5ки, почнав со сила да учам, на најблиската другарка и кажував дека сакам да се префрлам, но немав храброст да кажам дома и останав до крај. И професори доста ни се променија последните 2 години пред крај, новите што ни беа, занес потрес, се иживуваа со нас што учевме, само нас не испрашуваа за да си го пополнат времето на часот, а тие што вршеа булинг и не ни доаѓаа, така оцени добиваа. Не тераа тестови да правиме за да потврдиме оценките, не беше фер третманот. Најгрд период од животот ми е тоа, многу бев затворена во себе, никој не знаеше што ми се случува, немав ни многу другарки. Во средно се се промени на подобро за среќа и некако го имам заборавено тој период, сега се потсетив. Злобни и исфрустрирани деца многу постојат. Не бев ни во клас на богати, така да не е точно дека секогаш богатите навредуваат. Баш беше посиромашен клас мојот, но децата беа такви со комплекси и исфрустрирани, женските. Машките меѓу нив поблиски беа, имаше едно дете со посебни потреби, него го исмејуваа и машки и женски повеќето и беше жално за гледање. Знаеше класната за него и постојано имаше опомени да прекинат, на час кај класната сите беа како бубачки, на страна тоа на одмори се случуваше, немаше докази пред наставниците никакви. Уште тогаш на тие 11, 12, 13 години какви деца имало. Од дома научено однесување. Поминати се и речиси 10 години веќе, но булингот секогаш постоел. И во времето на нашите. Не дозволувајте да имате такви деца, учете ги да бидат подобри луѓе, се почнува од воспитувањето дома.
Офф и ние имавме таква случка. Едно девојче имаше вошки и учителката не' викна сите да се собереме околу неа да и' ги видиме вошките. Пола и повеќе не станавме, само оние кои беа 'миленици' и 'силеџии' отидоа. Жал ми е уште за девојчето, кога и го видов лицето за малку ќе заплачеше. Поради вакви професори да ти се одмили училиштето уште од најмала возраст.
Да би имала дете не би го учела да ќути и трпи. Овој свет е не секогаш добар и баш заради тоа би го учела да се брани. Добро однесување да, ќути и трпи никако, ама баш никако!