1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Таква сум, што да правам. Не сум видела насилство како дете, не ме учеле да напаѓам некого, да се тепам.
    Јас ќерка ми само ќе ја учам се да ми кажува, тоа ми беше може грешката што не кажав дома, а да биде напаѓач и да возвраќа на насилство со насилство не.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    7.478
    Пол:
    Женски
    Сноуфлејк те разбирам потполно, но мораш да го научиш твоето дете да се бране. Некој ќе го навреде то ќе ќуте, и пак ќе го навреде ако не знае да се одбране, и пак, и пак нема крај то. И това остава големи последици врз менталното здравје. Мене на пример ме учеа како мала ќути и трпи. Последица: депресија и после 15 години. Но кога почнав да се бранам, никој не смееше лош збор да каже. Зато никако да учеш ќути, трпи.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Не да трпи и ќути де, да ми каже мене. Си има служби, ќе решиме ние како возрасни, со нивни родители, педагози, психолози. Краен случај ново школо. Ама да возвраќа на некои насилници значи дека сум воспитала да е иста како нив. Против насилство од секаков тип сум.
     
    На Ugly Duckling, _beautyy_, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.161
    Пол:
    Машки
    Колку шо се презедоа мерки за скандалот со контроверзниот камп, изјавата на матурантката од Луј и многу многу други сведоштва поврзани со булинг и сл., толку ќе се преземе нешто и за ова.

    А членовите шо ме нападнаа во една претходна дискусија, "шо било тоа се со протести да требало се да се решава, да не можи чоек на мира животот да го ужива, младоста во протести да им помине", ќе ги замолам да изнајдат соодветно решение, зашто очигледно е дека државното раковдство е ГЛУВО. Остај тоа, резил над резилите шо идиотите од Корчагин се уште не изразиле СОЧУВСТВО кон нивни ученик, а камоли одговорност да преземат, е тоа многу кажува до каде е дојдена работата.
     
    На Feminka22, FridaodaMk, Ugly Duckling и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    Три тинејџерки држеле девојче заклучено во стан во Струмица, го нападнале со нож

    Девојки на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче, го држеле во стан и го нападнале со остар предмет, соопшти МВР.
    По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
     
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Митра македонски ли?

    Која е сега директорка?

    Не толку одамна и самата матурирав во Корчагин, се надевам ќе се расчисти ако се работело за булинг. Мое лично искуство, имаше дефинитивно пациенти ама повеќето мислам отидоа во пензија (ама не сите, за жал - пс. Ангова, уште ли читаш?). Колку што имаше секакви професори, имаше и булинг од ученици врз професори, реално и тоа беше прилично трауматично искуство. А инаку далеку од тоа дека Корчагин уште е реално некаква елита, и далеку од тоа дека сите се одлични и под многу притисок. И многу многу (млади) квалитетни професори си заминаа.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.694
    Пол:
    Женски
    Не беше Корчагин, јас во друго средно учев далечната 1995 година.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Измешав со Даниела, беше проф. по филоСофија, сега пратеничка.
     
  9. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира дали се работи за Митра македонски.

    Елена Стојанова – Димитров мислам дека е сега директорка. Драган не е повеќе. Предавала математика колку што разбрав и после породилно директно на директорска позиција.

    Јас искрено уште сум под стрес. Случајов со детенцето ме исфрли од колосек. Не смееме да дозволиме да се заборави за 3 дена. За наши деца се работи.
     
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    Професор од Битола гласно ја кажа cypoвата вистина: “Сите деца одлични, а државата пропаст. Им набивте лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени”
    961.jpg

    Фејсбук статус на професорот по германски јазик од Битола, Никола Аврамовски
    Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади!

    Не заборавајте дека 5 ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се.

    Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова.

    Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел. Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог…

    Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка… Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл.

    Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете!
     
    На Ajronmen, Annath, Sielo❤️ и 8 други им се допаѓа ова.
  11. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Пола од професорите вака да размислуваа многу подобро образование ќе имавме. Може и не е толку лош системот како тоа што нема кој добро да го предаде. Повторно кажувам дека има исклучоци и врвни даскали, ама јас во текот на моето образование сретнав само ископлексирани луѓе на кои им беше битно на крај на месец да се наполни џеб.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене бившиот во средно кога раскинавме ме извреѓа дека сум била сиромашна не сум видела море, и сум имала стари родители. Цела ноќ ја преплакав до 5 часот (будала), и уште не знам што е финтата со тоа стари родители имаш. Во никоја кавга не сум мешала родители.
     
    На Tanjamm, _beautyy_ и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Од ова ми е најмногу страв. :(
    Искрено син ми го спремам одамна иако сега тргна на училиште. Секое доагање ми е муабет, муабет и само муабет. Мислам дека ќе му скиснам од толку прашања.
    Ама се плашам луѓе, устата пена ми фаќа постојано дека не треба да врега, да не исмева никој, да не прашува никој за родители, едноставно да се дружи и да ужива во играта, дека сите деца се исти и да нема делби. Сега кога носат храна од дома пред секое одење обавезно му трубам да го помоли другарчето до него и секогаш ставам повеќе храна.
    Ова ми е најголема траума, да не му се случи, и зборување што не треба да прави во никој случај!
    Или не дај Боже да е жртва одма да ни каже дома, се плашам да не прекрие, тежок е на зборови ама јас сум упорна додека се не извадам од него. Поради ова и ми беа паниките кога во училиште ќе тргне.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Кога ја гледам темава морници ме лазат..
    Не дај Боже некој да осети скул булинг, дали од деца, дали од професори.До ден денес основно ми е најомрзен период од животот, на сите им е најубав мене најгаден.Затоа и сум ваква каква што сум.
    Воспитувајте си ги децата да не даваат секакви коментари, да не коментираат туѓ физички изглед и родители.Не знаете како тоа ќе го афектне некој.Јас во основно им ќутев и не им се гасев, ама после станав ѓубре од човек.
    Сега да ми го реле некој истото што и пред 6 години, на шиење ќе го однесам.
    Трпејќи и ќутејќи од страв да не е полошо, сѐ што сум собирала ме направи агресивна особа, особа со нулта толеранција према други, немам осет ни што зборам, ни како зборам, ништо.
    Тоа девојче што имаќе чувства и емоции, отиде.
     
    На teddybear3, MacenceEna, SnowWhite8 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Јас сум исто така жртва на скул булинг. Моите колку и да се трудеа не можеа ништо да постигнат. Ни наставници ни директори ништо никој не можеше, си ги наведнуваа главите. Исто така совет од мене- Со време дома детето на разговор, пред школо да почне.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Јас не ни кажував
    Ми беше страв
    Еднаш дома кажав пошо стварно веќе не ми се идеше у школо
    Мајка ми се јави кај едниот дома пуздер ги напраи.И џабе.
    Сеа пола кога ќе ме видат главите на страна или надоле..и тоа едната збореше дека сум била насилник и агресивна, како се дружеле со мене :?:
    You made me like that puta
     
    На teddybear3 и Sara<3 им се допаѓа ова.
  17. БиЧос

    БиЧос Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Мене и ден денес како со потсмев ќе ми речат Здраво, и не им иде памет пошо се прости и тупи а си ги игнорирам како да не постојат ..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.694
    Пол:
    Женски
    Од тој булинг од наставник, сега кога дознав дека умрел дека се мачел , мене ми олесна. И после 25 години имав тригери на анксиозност кога ќе го видев. Нека му е лесна земја ама прошка од мене никогаш.
     
    На teddybear3, noteforself, БиЧос и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Денес на работа ми дојде една од девојките што глумеа популарни во основно и сите ги потценуваа околу нив. Не беше во мој клас, лично мене не ми вршела булинг, но сум слушала од другите што им правела булинг.
    Жена во години веќе, не е дете и срамота беше однесувањето, дојде и збореше за сите заеднички познаници со потсмев. Си се видела ли со Митра, таа останала немажена, си се видела ли со Елена таа се здебелила и многу остарела, си го видела ли Игор што беше симпатија на сите, се развел и огромен стомак пуштил, проќелавел, никаков е сега. Какви си беа како деца, такви пораснале и како возрасни. Бедно. Си водеше монолози, викам чекаат и други, ќе се видиме следен пат некогаш, морав да сум професионална. Си отиде и се уверив дека карактерот на човекот се оформува уште во основно. Не се менуваат некои луѓе никогаш.
     
    На teddybear3, Izaabella, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  20. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Сум била жртва во основно во 5то одд. Одев на карате а не знаеја и ме закачаа постојано - машки и тоа. Кажав на моите на класен и сл - не успеаа ништо. Татко ми кажа на крај ако можеш истепај ги. Тоа го направив и престана - им беше срам да се жалат дека девојче ги истепало па никој не ме викна и сл. После не дозволив на никој друг од класот да го направат истото - зашто не ме малтретираа само мене имаше и други. До ден денес се исти - тешки гадови. Со насилници не можеш да разговараш никако - тој не знае за подобро. Или се деца на дисфункционални семејства или се деца на родилели кои воопшто не ги гледаат децата од работа па овие си бараат начин да привлечат внимание. Имав и со двата вида проблем.
    Исто имаше едно дете постаро од мене една година во маало - ностоп не малтретираше нас помалите. Знаевме дека мајка му ќе го истепа ама не помагаше. На крај и него го истепав и престана - јас кога бев никого не малтретираше.
    И сите така ги учам - не се закачај ама не дозволувај некој да те малтретира. И на сим ми му кажувам не смее да тепа прв никогаш - ама ако го тепаат да врати. Се додека ќути ништо - јас за жал не можам да сум со него секаде.
     
    На teddybear3, buba4e89, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.