1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
  2. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda, kolovoz, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    За жал , постојат . Син ми е често навредуван во училиште само затоа што не сакам да носи облека со натписи на фирми како најк , адидас и слични . Едно ромче редовно му вели дека е сиромашен , го навредува , дури и физички го нападна во два наврати . Веднаш реагирав кога го видов со модро око . Наставничката вели " деца се , тоа е нормално " . Деца се , ама син ми не е боксерска вреќа . Му реков ако тоа дете повторно го нападне физички , да му врати , бидејќи родителите на тоа дете од некоја причина не се појавуваат на училиште и не доаѓаат на повикот на наставничката , кога син ми му вратил со иста мера , веднаш се појавија . Тогаш јас стапив на сцена и им објаснив дека ниту нивниот но ниту мојот син не се боксерски вреќи , дека не оправдувам насилство , ОСВЕН во САМООДБРАНА , што беше случај кај нас . Ги прашав дали знаат дека детето им врши булинг врз син ми , дека му помодрел око .. велат дека не знаеле . Епа реков , еве сега знаете . Разговарајте со детето , за да не стане посериозна работата . Јас со моето сум разговарала уште пред воопшто да тргне на училиште . Знае дека не смее да навредува други дечиња поради изглед , облека , висина и слично . Ако нешто знае , да помага на оние кои не знаат .

    Сеуште има проблем со детето , но има напредок , не го напаѓа физички , и не го навредува секој ден повеќе . Знае еднаш во неколку месеци да се скараат , но тоа не е секој ден како претходно . Родителите не ми изгледаа некултурно и неразбрано , нема врска што се роми , мајка му баш фина ми изгледаше и разбрана жена . Но ако повторно се случи син ми да биде физички нападнат , ќе одам директно кај директорката и ќе барам да се преземат мерки . Во ред е да се расправаат , да се лутат и да не зборуваат со другарче , но физичка пресметка е way to much .
     
    На buba4e89, tambelina, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Страшно... Не знам, не знам од каде толкава злоба и агресија кај мали деца. Загрижувачки.
     
    На CrazyGirl15 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Најчесто од дома. Ќерка ми е 7одд не можам да се изначудам уште сега се поделени ,не се канат на родендени. Таа и уште 2 девојчиња се потивки,интровертни,не упадливи со гардероба и се често мети на потсмев,критики… имаат во одд едно полничко момче мајката ги молеше родителите да зборуваат со своите деца бидејќи детево почна да не јаде во училиште на одмор да не доаѓа на училиште… ништоооо! Пред некој ден дојде нов ученик (од соседните села на општината) заврши со скршена рака.
    што е најтрагично на родителска да ги слушнете засегнатите родители како синхронизирано го нападнаа новото дете како сам бил виновен за скршената рака.

    Кога се префрливме и ние од село тука ќерка ми исто така беше новата играчка за тортури. Да не се поврзеше со тие две девојчиња ќе ја префрлев во друго училиште.

    Јас сум запрепастена од ,,реакцијата,, на родителите колку креативни изговори имаат за насилството кое го вршат нивните деца.

    Последна ситуација беше кога еден соученик во неколку наврати и се имаше обратно на ќерка ми со зборот ку*** и кога се обратив до наставникот добив одговор,,аааааа тоа е детето на **** немај гајле јас ќе средам!,, Кога ќе видам на фб мајка му просветен работник. Аха,ете зошто јас да седам тој ќе средел. Е не може . Барав кај психолог/педагог на разговор да одат. Разговорот изгледал вака
    -Стварно ли вака си ја нарекол?
    Не!
    Моето дете молчи како и по обичај.
    - Аааааа да не ве видам повеќе тука кај мене во канцеларија! :swear:

    Со нетрпение чекам да се исселам од државава.:dance:

    редакт.туууу ама се познава колку налутено сум пишувала,фалат запирки :D
     
    На BlackNight, teddybear3, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Немам коментар , навистина :x . Море и некои родители се за во градинка , кога се учат манири и однесување :@ . Коа ќе ми текне дека не така одамна имаше дури и на вести дека родители се жалат затоа што децата им учеле со " провинцијалци " како да е тоа единственото и најголемото зло во нашата држава (facepalm) .. среќа што не живеам во Скопје и децата не ми учат таму . Да имаше ваква реакција кај нас , од искомплексирани родители , ќе им го покажев патот :devil: . Јас јавно би ги објавила сите родители кои имаат против " провинцијалците " , кои неретко се 10 пати повоспитани од нив .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    За деца кои вршат булинг оправдувам еден добар ќотек да не можат месец дена да седнат на гз.
    Исто и на родителите. Паразити се множат во паразити само за да прават штета. Е само вака за нив.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    https://fokus.mk/video-veles-profesorka-napadnata-od-uchenik-vo-osu-jovche-teslichkov/
    толку се потреов кога го видов видеово
    Абе би ги тепала овие мочковциве дур не ми паднат рацете
    Не знам зашо, секад коа гледам вакви видеа, си викам и на мајка ми можеше да ѝ се деси ова.. и толку, жута минута
    Одамна се испуштени овие генерации од раце
    Ја у средно, шо им приговарав, ѕвонеа по дома, па рака да ми текнело да им кренам? Пердуви ќе летале од мене у сред школо, како магарица ќе јадев ќутек.
    Ама коа многу им се дозволува и попушта, вака и ќе резултира.
    Аздис
     
    На AneSk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    38
    Како се справувате со булинг во основните училишта, физичко и психичко насилство врз одредени деца. Повеќе пати пријавувано во стручните служби, но резултатот никаков.
     
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.447
    Пол:
    Женски
    Стручните служби се глуви и слепи. Според мене најдобро да се смени одделението или училиштето. Никој не е должен да трпи каков било булинг. И секако ако имате докази за булингпт пријавете ги во полиција. Јас лично го имам тоа направено, не дека нешто помогна ама барем се заплашија да ме остават на мира некој период. И имавме дадено пријава против училиштето и директорот. Секако зависи колку ќе ескалира состојбата
     
    На anata и Mrs. right им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.125
    Допаѓања:
    124.871
    Пол:
    Женски
    Ако директорот/ката не реагира, заканете се со тужба и дека ќе контактирате медиуми.
    Ако е премината граница, видете во полиција дали можат нешто.
     
    На anata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    38
    Може да ме контактирате во приватна порака.
    На мнение сум да пријавам и во полиција
     
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ako ne pomaga nisto,prefrli go deteto vo drugo skolo,duri i da e podaleku.Sum pominala niz slicno.
     
    На Mrs. right и anata им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Проблем е целиот менталитет и воспитување, оние кои не се bullies поскоро ќе ја отфрлат жртвата или ќе гледаат на неа со сожалување, а насилниците ги прифаќаат за дружба.
    Во Финска ова е одамна лоцирано, ги едуцираат децата што е правилно, а што не и булингот е искоренет од школите.
     
    На teddybear3, anata, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Децата учат од возрасните, а потоа имитираат. Возрасните меѓу себе си прават булинг, доказ е форумов и цел интернет простор.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    12.868
    Пол:
    Женски
    Цели 4 години во основно (од V до VIII) бев жртва на булинг.
    Секој ден, од понеделник до петок, константно, заебанции, дофрлувања, мајтапење, исмевање, закачање, понижување, психичка тортура, добро и физичка што немаше, мислам имаше ама не од типот на тепачки и физичка пресметка.
    Го мразев школото највише на свет, не ми се стануваше сабајле, ми се темнеше и повраќаше, едвај чекав петок да дојде, а коа доаѓаше понеделник ми беше хорор.

    Наставниците и стручната служба беа запознаени дека сум доста мирна и повлечена и мува не ги лазеше, а не пак да преземат нешто, да дојдат до причината зашто таква сум.
    Но ни они не знаеа мислам се што се дешаваше, зашо не ни кажував искрено, што е моја најголема грешка.

    Не знам како издржав искрено, си имам уште трауми и нарушена самодоверба поради тоа и после толку години.
    Едноставно колку и да се јачаш и да работиш на себе, не можеш скроз да го забораиш тој период ко да не постоел.

    Тогаш да бев со овој памет, дефинитивно немаше да сум во тоа школо, нити друга паралелка туку одма у секунда ќе се отпишев од тоа глупо школо и онака и наставниците беа катастрофа со понашање и однос ама пусти страв, срам, немоќ ли шо беше тогаш и не кажував ни дома што точно се случуваше, се во себе си држев и си патев.

    Затоа, штом имате ваков проблем, штом целосно сте запознаени што трпи вашето дете, пробајте прво да стапите во контакт со родителите, наставниците и стручната служба па и директорот/директорката, ако глеате дека не се заинтересирани и не сакаат да соработуваат нема друго освен да смените школо, и за детето подобро ќе биде, отколку да се стресира секој ден.
    Промените не се лесни за едно дете или тинејџер ама незбежни се и доколку ќе придонесат истите позитивно да влијаат на детето, не се секирајте, ќе се навикне полека на нова и дај Боже подобра средина.

    Сериозно сфатете го тоа, зашо не знаете какви сериозни трауми остава ова срање, не сите сме еднакво јаки карактерно и психички за да можеме да го издржиме тој притисок кој знае да биде преголем.
    Родители сте и сте должни да го заштитите вашето дете по секоја цена.:)
     
    На noteforself, kikin и anata им се допаѓа ова.
  17. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    38
    Благодарам
    Секако ќе го заштитиме, меѓутоа наместо нааилниците да си одат од школото, си заминуваат помирните деца. Веќе три деца се префрлени во друго училиште

    Баш и ова се случува ,
    Баш ова се случува, насилниците ги прифаќаат за дружба, и ништо не превземаат дури и на наставниците не пријавуваат, туку измислуваат и викаат дека не виделе
     
    Последна измена од модератор: 28 септември 2023
    На Mrs. right, theowndemon и BlackNight им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Пропуст на системот е што не го менува мајндсетот на новите генерации и не ги извлекува од домашното невоспитание.
    Вистината е дека не се виновни само социопатите кои нашле некого да тормозат, туку и сите други (ученици) кои немо набљудуваат или ја избегнуваат жртвата наместо да застанат на нејзина страна, фактички тоа го прави булингот уште полош. Не е квантна физика едукацијата учениците да се штитат помеѓу себе од малтретирање. И тие што се проблематични, ако средината не ги поддржува кога прават глупости, голем дел од нив ќе се променат за да бидат прифатени.
    Ова одамна ми беше јасно, подоцна прочитав дека Финците спроведуваат програма која дава добри резултати во школите каде е применета, истата ги учи децата да се солидаризираат со жртвите, притоа игнорирајќи ги насилниците.
    Меѓутоа булингот останува проблем worldwide и не би очекувала баш на Балканот со овој ментален склоп кај што народот негува погрешни вредности некој позитивен исчекор.

    Ако имате дете кое го задеваат, лично би ви препорачала да го запишете на курсе по боречки вештини. Подобро чаре за булингувано дете не ми текнува зашто институциите се глуви и еднакво третираат насилник и жртва.
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Решив оваа објава да биде јавно објавена, за од уше во уше да појде кај " господинот " кој за една детска игра ( верувам и тој како малечок си играл така) решил да дели правда. Тој веќе мене ме знае, а јас него не и многу сакам да го запознаам.
    На ден 17.11.2023 после долги и упорни ѕвонења на син ми кој после часови беше излезен со другарчиња да си игра, во 14.15 ми се јавува целиот расплакан и растревожен и ми кажува дека е оставен во училиштето каде што учи. Појдовме со сопругот, го зедовме и ни кажа дека некој го натепал. Абе пријателе не си го натепал ти, туку си го здробил, си го отекол. Па тоа дете има родители колку што си разбрал, па зошто не го донесе дома, па да се разберевме како луѓе? Или си познат ептен што полицијата не мрдна со уше, оти истиот ден те пријавив тебе непознат манијаку. Ни шумската полиција не сака да те каже што те сретнала уз пат. Замисли ни служителките во училиштето кај што си го предал син ми не сакаат да кажат ништо, мислеле дека си му татко..ахахахахах...смешен ми е делот со таткото оти нас не познаваат, секој ден се гледаме, башка комшии сме. Абе вака арен си ти повеќе од пола час да малтретираш 8 годишно дете или не си, да го влечкаш истото добри 200-300 метри и да му се закануваш дека ќе го утепаш ако се јави на моите упорни повици? Изгледа не си арен. За потрагично да биде, полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено.
    Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме.
    Поздрав.
    П.с. секоја чест на исклучоци, вам ви благодарам за соработката, но сепак е без успех. Да не ве именувам, си се знаете кои сте. Љубов до вас.❤️

    Превземено од фб
    Маја Дукоска.
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.158
    Пол:
    Машки
    Од вакви приказни и неправди крвта ми врие! :@ :punch:

    Паметен чоек да не остани овде во државата. Само расипикуќи и пропалитети и да се изедат меѓусебе.
     
    На eliesaab и supergirlmb им се допаѓа ова.