1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Особено за машки деца. Урла, крши, мава - машко дете што да му правиш.
     
    На Someonespecial, Alisa22, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.931
    Пол:
    Женски
    Немојте со тоа разликите во булингот.И исмевањето ради стил на облекување и ради физички изглед и ради вера,и тепањето,се булинг.
    Исто тежат и болат.
    Највиновни се родителите што погрешно ги воспитуваат децата или подобро речено што не ги воспитуваат.
    Државата прво треба да ги поправи родителите,а после децата.Но,проблемот е што државата не чини и нема кој да ја поправи оти народот спие.Сè дури спие хаосот ќе владее и невините ќе патат.
     
    На Feminka22 и emiliana им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Проблемот потекнува од дома.
    Но дефинитивно и психолозите мора да преземат соодветни мерки за ова, а не само кафиња да пијат во школо. И професорите и психолозите мора да реагираат, а не да се претставува дека се е во ред во школо.
    Не, не е. Обавезно мора да има работилници за емпатија и предавања за насилство. Ова може да се реализира од страна на училишниот психолог за време на класен час и онака ништо не се прави на класен час. Но никој не сака да се замара.
     
    На Feminka22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски


    Не е секогаш до родителите..Дали си свесен дека кај нас најголемиот булинг доаѓа од професори/психолози ?
    Ги делат децата .Ако си керка/син на доктор ќе те штитат..А да си на човек кој мете улици на пример ?
     
    На anata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.931
    Пол:
    Женски
    *Свесна,женско сум,ми пишува под аватар.
    И професорите и психолозите се нечии деца.
    Мора да се почне подобрување од некаде.
     
  6. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    126410"]*Свесна,женско сум,ми пишува под аватар.
    И професорите и психолозите се нечии деца.
    Мора да се почне подобрување од некаде.[/QUOTE]


    И да не вршат дискриминација проф/псих ,со тоа што не се замараат кога некое дете е жрвта на тоа СОУЧЕСНИЦИ СЕ на булинг и точка..Не се поправа кај нас ситуацијата .
     
    На anata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    @Mantub иста е сигурно болката некој кога ќе ти се смее за тоа шо си инвалид и за тоа дека не си носел патики од 4000 денари! Сигурна сум дека навечер кога ќе дојде време за спиење со иста болка ќе заспијат и двете деца. Многу е лесна споредбата да ја направиш туку така, да го доживееш оваа не знам дали би урлала толку за едни глупи патики!

    Некои деца не можат да згазнат на нога, дали си свесна за тоа? Некое дете да им се исмее за тоа дека никогаш во животот нема да проодат, е многу болно! Секој момент од неговиот живот тоа дете ќе се потсеќа на тие гнасни зборови! Колку и да се труди да не мисли, ќе знае дека тоа дете од класот е во право за гнасната вистина и не му е гајле шо на тој начин го кажал тоа. Секоја вечер ќе легнува со солзи и ќе се проколнува себе си зашо морал таков да се роди. Ете тука е моментот кога почнуваат менталните болести.
    Мислеш во овој момент битни се патиките од 4000 денари? Или чудната маица? Или фармерките шо имале скинат џеб?

    Исто имав пример на пракса, девојчиња од 4то одделение го исмеваа друго девојче зашо нејзинот несесер не бил со барбики. Се вмеша учителката, почнаа сите три да плачат, се расипа часот. Другиот ден истото девојче дојде со нов несесер. Ете се навредила, вака така ги натерала нејзините дома да и купат, и не и се исмеваа тој ден за несесерот. Булингот престана!

    Патиките и несесерот можеш да ги купиш, нозете не можеш! Дали ти е јасно на тебе која е разликата од ова до тоа? Или пак залудно објаснувам и очигледно е дека во секоја тема мора по некоја мета да имате, па дури и во темата за булинг! Срамота! Ако пробувате на мене да ми се обраќате со “некоја“ или со дрскост, ќе ве молам да прекинете, сепак возрасни жени сме, сите сме исти, оваа е анонимен форум, можеме да се разбереме со нормален муабет. Дрскоста искажете ја на некој друг, не на мене, не трпам такви подли испади :)
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ох леле циркуз. Не ми објаснувај мене километарски коментар за тоа што е булинг океј?
    Не е твоја работа да кажуваш кој булинг повеќе болел.
    Многу е наивно да мислиш дека девојчињата што се смееле на несесерот, утре нема да се смеат на нешто друго само затоа што купила несесер со барбики. Девојчињата треба да престанат да се смеат безразлика каков несесер ќе има некој. Ни 1 денар не треба да се троши за да се натера насилникот да престане со насилство. Напротив, со купување на несесер со барбики во моментот можеби престанале да се смеат, ама така правиме насилниците да мислат дека жртвите ќе прават се' што они ќе посакаат.
    Никој не ти се испонаша дрско, ама баш ниту еден член. Тоа што коментарите на темава си ги сфаќаш лично и ко напад кон тебе тоа е твој проблем, верувај никој не ти се обрати тебе, никој не рече дај да го разработиме преспецијалниот коментар на ku4ence, препрочитај ги коментарите ќе сфатиш дека сум во право
     
    Последна измена: 24 февруари 2020
    На Someonespecial, Gosh, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со неколку претходни мислења дека навистина ама навистина не се обрнува внимание околу булингот. Мислам, знам самата бев жртва на булинг во основно училиште, и знам низ што се пројдов а педагозите ич не се замараа. Тие само ќе им речеа смирете се ова она, ги нема 2 3 дена, после тоа пак се по стара песна. :!: 5 6 години поминаа од сите тиe fucking случки и сеуште можам да ја почувствувам болката и чувството кое што го имав тогаш. Не знам, навистина треба некои мерки за да колку толку прекинат насилниците. :sweat:
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Muzovskaa

    Muzovskaa Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    На тема булинг, многу од вработените во образовните институции не сакаат да зборуваат. Во секое училиште има барем по 20тина деца кои се жртва на булинг или насилство. А вработените ни око да им трепне. Деца, ученици кои се жртви ми имаат кажувано дека булингот не го сметаат за некој голем проблем, и дека ги решаваат со било поминало.

    Треба да се земат поголеми мерки и да се дискутира повеќе на тема булинг.
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со мислењата.
    Исто така мислам дека треба најсторги казни за насилниците. И како што кажав и претходно работилници и предавања на оваа тема обавезно мора да има. Само така ќе се намали булингот.
     
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Едно девојче (3) во парк дојде и ја истурка ќерка ми (2) едно 3-4 пати асално ја бутна дете скоро да падне, од куќарката за играње.
    Ја буташе се соте сила, намерно.
    Јас пријдов и ја прашав зошто ја бутка, да си играат заедно ама тоа продолжи, па ја прашав дали е нејзина куќарката.
    Ми дојде загрижен типац, тато на дрвојчево, зошто сум ја влечела ќерка му.
    Му објаснив што се случи и ми рече деца се бла бла, меѓу другото рече индека неговото дете не смее никој да го влече... дали јас за се ќе сум се бунела вака...
    Искрено смешно ми падна во ситуацијава, не знам кој се буни...
    Ете така настанува овој проблем.
    Пошо нивното е дете, моето не е.
    Нивното смее да мава, ама никој да не го допре.
    Родители, само тие се виновни за осносот на детето.
     
    На RainbowButterfly, ku4ence, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Елементарно домашно воспитување сѐ почесто недостига кај децата.

    А „каков родител, такво дете“ и сѐ е кажано.
    Вината за однесувањето на децата паѓа во најголем дел кај родителите.

    Во образовниот процес, децата се образуваат и не знам зошто повеќето очекуваат да им ги воспитуваат децата, оние истите на кои тие не им дале никакво воспитување.
     
    На ku4ence, Feminka22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.056
    Пол:
    Женски
    Ова го имаше кај мене во основно. Со мене учеше дете кое немаше никаков проблем, ама беше многу повлечено. Маста му ја вадеа одредени соученици. Го тепаа, го плукаа, му правеа глупости, и др. И сето тоа од размазени деца. Кога и да се пожалеше класната на нивните родители, они одма - Па како така моето дете. Тоа е едно прекрасно и воспитано дете. Ма немој. Да си ги воспитаа на време...немаше да прават така. Се потекнува од домашното воспитување.
     
    На ku4ence, Feminka22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.159
    Допаѓања:
    138.774
    А како да му се помогне на дете жртва на врсничко насилство?

    Малиот мој понекогаш го исмејуваат затоа што е повлечен. Немало некој голем инцидент како тепачка, ама има деца кои редовно му се обраќаат со погрдни имиња. Особено едно дете, со тешко минато, коешто сега малтретира многу деца.

    Искрено, не знам што да го советувам. Некогаш му викам да ги игнорира, некогаш да им врати, ама да знае дека тееба да се симне на нивно ниво и дека може да трае до недоглед. Му објаснувам и зошто тоа дете е такво, ама како што кажав, не е само тој, тој почнува и другите ми се придружуваат.

    Не знам кој совет би бил најдобар. Не сум се советувала со психолог, веројатно затоа што немало подраматична случка. Ама може и треба да отидам до школо.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.135
    Допаѓања:
    124.931
    Пол:
    Женски
    Отиди.Разговарај со неговиот наставник/неговата наставничка.
    Ако тој/таа не преземе нешто,побарај да разговараш со директорот на училиштето.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.056
    Пол:
    Женски
    Разговарај со надлежните во школото. Додека учев средно таков проблем правеа учениците од другата струка. Насилните деца потекнуваа од дисфункционални семејства.
     
    Последна измена: 26 февруари 2020
    На nextredstyle и Ariel им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Најголеми виновници за насилството помеѓу малолетниците се родителите и наставниот кадар.
    Децата најмногу учат од родителите, односно го копираат однесувањето на родителите. Па така, ако некое дете е сведок на домашно насилство, или жртва, ќе најде некој послаб од него, кој нема да му одвраќа врз кој ќе може да ги излечи тие комплекси.
    Наставниците, од друга страна, се сведоци на овој тип на насилство што се случува во училиштата и надвор од нив, но никој од нив никогаш не е изреагирал, ниту пак е обрнал внимание. Се` повеќе деца, најчесто од 12 до 14 се жртви на меѓуврсничко насилство, избегнуваат да одат на училиште поради ова, па дури имаат и самоубиствени мисли, а никој наставник како да не е засегнат од насилството што се случува пред негови очи и не е размислил да застане на страната на некое дете и да го побара изворот на ова насилство. Обично тие се вадат со изговорот „деца се, си играат, не мислат ништо сериозно“. Не знам дали не се свесни или само не им е гајле дека ова насилство, безразлика дали е вербално или невербално, влијае врз психата и понатамошниот развој на овие деца. Исто така, во секое училиште има и психолози, кои речиси никогаш не се повикани да разговараат со децата за разрешување на нивните проблеми. Исто како да не постојат стручни лица, децата се оставени сами на себе.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Предупредување до детиштата да го прекинат тоа однесување, и разговор со нивните родители. Подобро машка личност да го напраи муабетот, бидејќи се работи за машки деца.
     
    На Feminka22, SummerGirl, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Сите што се такви насилници кои прават булинг тие потекнуваат од проблематични семејства , така е најчесто кој што сака нека каже. Ете брат ми го закачаше едно невоспитано копиле и брат ми се пожали кај наставничката но она не превзема ништо во врска со тоа се додека на брат ми еден ден не му дојде преку глава па од дома украде мал нож за да го заплаши копилето и тогаш таа кучка од наставничка почна да крева паника и повика родител во училиште ама јас и реков на мајка ми дека јас ќе одма затоа што знам дека мајка ми ќе беше мека а јас кога отидов и кажав дека ништо не превземала а брат ми е многу мирен воопшто не се ни закача ни ништо откако и кажав се во фаца на кучката и и се заканив со тужба одма го смени начинот на кој разговараше со мене. А тоа смрдливо мало копиле што го закачаше моето братче го сретнав на улица го рашамарав и го фатив за врат му кажав дека уште еднаш ако го чепне има да го претепам и од тогаш не го закача , три години по ред го закачаше требаше уште порано да реагирам. Со мирен разговор со нив не може да се реши затоа што тие така си се научени и треба да се понашаш дивјачки како нив за да го решиш проблемот затоа што со убаво не може.
     
    На tel-ef и eliesaab им се допаѓа ова.