1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг во училиштата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 13 февруари 2020.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Alisa22, оружје во училиште, ок? Не е ни тема на дискусија :) Се знае одговорот- огромно НЕ!

    А едноставно решение на булинг нема. Во друга земја за тоа што си го направила може тужба да ти стигнат родителите на другото дете и кривично да одговараш ама ова е Македонија па вакви ситуации се нормални и поминуваат неказнето. Знаеш дека сум во право.

    Што би направила моето дете ако е малтретирано? Тешко прашање. Прво ќе напнувам кај класната, директорот, психологот и ќе барам средба со родителите на другото дете. Веројатно ќе се заканувам и со тужба. Во исто време ќе го запишам на некоја боречка вештина за да добие самодоверба дека може сам да се одбрани, па ако треба- и да се одбрани ;) Насилниците бараат мирни, повлечени жртви, не некој кој може да им ги скрши забите пред остатокот од одделението.

    А ако ништо не помогне, ако е навистина критично, и ако се согласува со мене, ќе го отпишам од таму.
     
    На Norah Jones, bravemum, ku4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    И јас сум за самоодбранбен спорт, ама памтам едно тормозено дете кое го запишаа на карате и после наредни 4 години лечеше комплекси, пола школо го викаше на тепачки, забега скроз. А родителите од мирни-помирни.
     
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Види тоа што он носеше нож секако не е мала работа ама и тоа што наставничката и педагогот и родителите ништо не превземаа а со години е молено , на брат ми му е објаснето дека не е во ред да носи нож а и он самиот беше свесен дека тоа не е во ред , он е многу повлечен и многу мирен затоа и ми беше највеќе криво да доаѓа секој ден тепан , го учев да го истепа да не му ќути ама ете се плаши затоа морав и јас да направам нешто.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Alisa22 ,

    Јас во наставничкиот кадар ја барам одговорноста.
    Гледаш дека има проблем- реагирај. Штом разговорот нема ефект, избркај го насилникот од школо.

    Многу е лесно, ама проблемот е што кај нас добар дел од наставниците/ професорите буквално не се замараат. Да си го оддржат часот, да си одат дома и да си земат плата. Ич к*р не ги боли за децата. А не е дека не се свесни кое дете е проблематично, а кое е мирно и малтретирано, ама нив мува не ги лази. Не се слепи, не се глуви ама свесно се прават такви.
    Или па насилникот е дете на овој или оној па директорот го брани...

    Затоа, боречки вештини (y) Нема да му текне повеќе на насилникот.
     
    На NarCis@, candy.cane и Alisa22 им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Џабе е и наставникот ако родителот не дозволи за неговото дете да се каже лош збор.
    Се жалеше една наставничка дека не смееле ништо негативно за децата да кажат, ни дека попуштиле со оцени, поведение, ништо.
    Само да фалат смееле..
    Не смеат да ги опоменат за ништо.
    Родителите настапуваат со ставот, која си ти да му го кажеш на мое дете.

    Кај мене ок беше некој да те вреѓа, ти си крив што тоа те повредува.

    Кога едно дете од дома е учено дека никој ништо не му може и смее, џабе е се.
    Се додека системот не воведе поинакви мерки.
    Казни и за детето и за родителите.
    Ама, мало било, што разбира.
     
    На Norah Jones, ku4ence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Никаде не пишав дека сум се помирила. Едноставно се справив на свој начин. Дете со дете. Да ескалираше, моите ако не успееа преку наставници/директор ќе отидеа кај неговите родители. Тоа пробувам да кажам.
    Сила не се покажува на послаб - тоа е проблемот со булингот. Утре ако некое мало дете го претепа моето, нема ни да ми текне да одам јас да го тепам. Ако веќе веруваме дека грешката е во родителите и надлежните, таму треба да ја бараме правдата.

    А информирана сум, верувај.
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Да знаеш само колку ми е криво што бев мирна, ама па дурго решение немав, кај нас машките тепаа девојки, во мојата населба сеуште е така.И да пробаш да си мирен, машки се,брзи, физички посилни и повисоки,обично ваквите имаат и круг на пријатели со кој што заедно малтретираат, нема шанси како да се справиш со вакви, тука и ингнор не помага.

    Си пишала не за оружје, нас ни ставаа скалпери под врат за да им дадеме пари кој ни беа за храна,кога се пожалив наредниот ден стана полошо, не е ни чудо пола населба што се малецкиве комшии кај моите сега што нивните ги запишаа по други населби да учат.
    И да, права си неказнети се.
    А јас што да кажам што ради ваквите имам стравови, се породив и се мислам дека малата исто ќе трпи,знам дека маж ми нема да дозволи да се деси ништо,ама пусти трауми..
     
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно затвараат човек кој си продава кебапи без на никој да наштете а кога видат насилство повеке обвинување имаат кон жртвата и да ти кажам секаде сум била у многу држави таква некултура и таква слобода на насилсво има само од Црна Гора до Македонија нагоре не сретнав никаде, секако дека има ама ги чистат многу брзо и превземаат строги мерки
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Образовниот систем е со закон обврзан да санкционира булинг кој се случува во нивните институции.
    Тоа што 'не смеат' да преречат наставниците е поради праксата на: Пријатели, роднини, кој сум јас.
    Можеш и школото да го тужиш ако не ти го заштитат детето од булинг.

    Заканете им се со тужба, да видите како се презема акција за санкционирање на булингот.
     
    На Mantub и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    И сами гледате дека нема ништо добро од денешниот образовен систем.. Остануваат само лоши навики, знам по себе и повеќето од вас ќе се согласат длабоко во себе иако ќе ме негираат само за да бидат контра... Децата никаде на друго место туку во школо се учат на лоши работи како пиење, пушење, дрога, насилство. Времето поминува и никој нема да памти што учел историја на пример или географија, ама тоа што почнал да пуши бидејќи другите во школо пушеле ќе му остане.
    Да го научите да брои да собира, одзема што е добро а што не може и дома, барем тоа не е проблем во време на таква технологија што се е можно од дома. Не би било проблем да му посветите на своето дете 2-3 часа дневно и да му бидете и учител и другар и родител... Аама за жал сме робови на еден скапан сатанистички систем и тоа не е можно, дури и да е можно многу луѓе не би се согласиле бидејќи мамичка и татичко се презафатени со ред други работи одколку да се посветат на тоа правилно да воспитаат дете.
     
  11. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    како свекор ми да го слушнав да зборува
    70 годишен е :drunk:
     
    На Bella •••, Ladybug98 и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ова ти што го кажа 99% го кажуваат. Ама кога ќе награбусаат менуваат став. Одсекогаш имало повеќе глувци од лавови. Свекорти има 70 и ќе ме надживее и мене што имам 20. Бидејќи се храни здраво и не се кљука со апчиња и не се гаѓа у вена со вакцини. Делата кажуваат се. Колку и да ти се одвратни неговите ставови тој ќе не надживее и тебе и мене. Ретко кој од нас ќе доживее 70. А тоа се должи еве поради тоа помодарство. Вакцина од ваму, радијација од онаму, ај па марихуана да пробам, ај па на журка се начукав, ај па цигари не се ништо, капка по капка вирче и после Заев и Вучич се криви, типично балканско однесување...
     
    На bravemum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Во мојата населба имаше петкратно убиство, кебапите ништо не се.
    Инаку на 18 кога станав се иселивме од мкд, но сеуште ги имам траумите, кога доаѓам ништо не ми е сменето,истите се дури и поагресивни,позлобни и полоши.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Системот не е крив... уште помалку е сатанистички.
    Сами одбираме како ќе го поминеме слободното време.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    На кој начин како деца би можеле да одбереме сами кога не размислувме како сега?
    Јас сакав да бидам понастрана од насилници,мојата класна мислеше дека не сум во ред што не знам да се здружам.А искрено кој би сакал да се дружи со некој што го малтретира и му посакува смрт?
    Не знам не секогаш како мали ја имаме таа можност, јас затоа и пишав.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се однесуваше на родителите и нивното време поминато со децата.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Па да, ретко го поминуваат или ги учат да бидат насилни,не секој се интересира за децата.
    Моите кога го поминуваа времето со мене ме убедуваа да бидам како другите, не знаеја да ми помогнат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Системот е ултра сатанистички. Немаш избор, веднаш си санкциониран ако не го клукаш детето со вакцини и што уште не. Се промовира дрога, секаков вид на деструкција а она што е правилно и морално се претставува на лош начин, како нешто заостанато. Не фала за таков систем, нека ви седи, а и нека ви суди.
    Одбирајте сами како ќе го поминувате вашето време, никому не му е грижа тоа, само не се жалете дека детето ви го малтретира некој од школо бидејќи детето најчесто е малтретирано од страна на оние чии родители уво не ги боли за детето, битно им е го нахраниле и што сака нека прави, нека расте на улица. Панкер да буде, па пуши цигарче а тате да го тапка по рамо да не се криел да признаел не било лошо тоа.
     
    На bravemum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bravemum

    bravemum Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Родителите на насилниците не даваат збор да кажеш за нивните деца, имав комшија од мал го учеше синот да биде агресивен,син на тато, ќе се тепал, на 2 години ставаше видеа од него на фб како знае да го слуша и да прави што ќе му каже, ама ако некој пробаше да му укаже дека тоа не е добро стануваше агресивен,скоро го имаше низ цел фб како ќе тепал во полициски час...
     
  20. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ваше е да го воспитате вашето дете да се разликува од насилниците. А ако биде нападнато и никој друг од надлежните не преземе вие ќе преземете. И еден воспитен разговор со децата кои не го добиле од родителите, па после и со нив :)
     
    На eliesaab и bravemum им се допаѓа ова.