Каков избор сакаш да имаш? Ете нели имаш избор, ако сакаш да си го дружиш детето, ако сакаш да не го дружиш ич, по цел ден. Нели за тоа зборувавме? Ти каков однос имаш со твоите? Можеш ли да им се довериш, доколку имаш некаков проблем?
@Vitaly Вакцините животи и цивилизации спасија. Проблемот е шо овие вакцини денеска ниту се квалитетни ниту се проверени како тие шо ги примале пред 50 години. Здравствениот систем, доктори не се хумани и не се од доверба ич,види шо напрај еден јаден коронавирус, ги затвори болниците, докторите како глувци се скрија, на платен одмор се претставуваат како херои и ги остаја луѓето сами дома да се лечат. Ова ко ќе заврши треба еден сеопшт рестарт па и глави да летаат, ама не, пак на старо ќе се врати зошто повели објасни и на простава раја дека ја дриблаат. А то за воспитувањето....Мојте братучеди на три-четири годишни деца им даваат телефони, ги оставаат пред компјутер и шо очекуваш, јас им се чудам на умојте, а од страна на нормални луѓе личат ама по ова ќе ги познајш колку им тежи то на рамена. Едино бабите ко ќе ги чуваат не им дозволуваат интернет и игри на телефон, затоа после старите лоши се и глупи и мета на навреди.
Какви очекувате децата да бидат уште од мали им купуваат играчки како ножеви, пиштоли, дали е тоа некоа потсвесно кај родителите дека децата треба да бидат насилни или тоа е вид на моќност? Уште од мали се изложени на филмови каде криминалот и насилството и силувањето се моќ и никој ништо не ти може. И после оди опрај го на 18 години на вистински пат или ке се влече по затвори и тоа ке му е гордост. АБЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ
@bravemum, да нема недоразбирања- тоа што си го доживеала не е булинг, туку е криминално дело. Не ја умалувам сериозноста на булингот ама нож под грло е веќе сосема друга категорија на насилство. Не знам што школо било тоа, ама целиот наставнички кадар бил најтешка мизерија штом не реагирале (претпоставувам дека сте пријавувале што се случува). Македонија, така? Не странство? Паметен совет немам, освен дека, ако знаете дека опредено школо има лоша репутација (тепачки, дрога), да го запишете детето во друго, „добро“ школо. Едит- си пишала дека си се пожалила и после станало полошо. Искрено вака? Некој да му стави нож на врат на мое дете, тоа ќе биде последен пат детето да стапне во тоа школо. Инстантно ќе го префрлам во понормална средина. Зошто свесна сум каде живееме и џабе се борбите со ветерници па затоа единствено решение е друго училиште каде нема да учи со бараби и идни криминалци.
Булингот во школото првен треба да го запрат наставниците. Но тоа кај нас за жал ретко се случува, тие уште повеќе и го потикнуваат. Имав многу наставници кој се ситеа на тоа и не превземаа ништо, а и такви кој одоколу ги задеваа учениците за останатите да продолжат. Булингот е сериозен проблем и лошо е што се повеќе го има... Според мене потекнува од ученици кој не се задоволни од себеси кој си имаат набиено комплекси. Како што и за учениците кој трпат булинг што има психолошка помош така треба и за тие што го вршат, па дури и за родителите на тие деца, бидејќи тие може и да се причината што нивните деца така се однесуваат.
Не знам дали се сеќавате. Пред неколку години имаше настан во Србија каде што малтретирано дете прободе соученик. Детево било малтретирано и тепано со месеци, никој, никој не реагирал. Почнало да носи нож со себе, со чиста намера да се одбрани. Еден ден багабонтот што го малтретирал во ходник го застанал и почнал да го дави, буквално. Да биде поинтересно, немало обезбедување наоколу. Детево осетило дека снемува воздух, го вади ножот од џеб и го прободува насилникот по што тој избегал прободен. Детево го приведуваат, се решило да му се суди за убиство како на полнолетен иако...никој не му кажал дали насилникот е всушност мртов. Се крева цела држава да го брани. Со притисок од јавноста детето го ослободуваат. Не му го памтам името, ама познат случај беше, имаше и емисија. Никако не оправдувам носење нож во школо ама да не бил ножот во тој момент кај него.... И факт е и дека многумина се плашат да реагираат. Оти идиотите во школо ќе те остават на мира можеби, ама надвор од школо и надвор од двор. Тука наставници немаат одговорност. Останува чисто на родителите и службите. А знаеме дека да многу тоа е само детска игра. Во школо ќе те научат дека си мирен, после ќе те следат до дома и толку треба да ти се закачат и со страв во коски да се движиш наоколу. После кој како сакал требало да го воспитува детето. Чувајте го дома тогаш.
Кај нас беше исто Кај нас беше исто, се ситеа, гледаа и не реагираа.Лошото е што машките ова го правеа највеке, колку и да се силиме и браниме сепак се машки, маваа со боксови,давеа,имаа сила. Мене не ми е нормално машко да напаѓа жена, да и става скалпери под врат и да се умислува дека е рекетар.
Луѓе убаво ви кажа Вајлд. Закана за тужба. Градинка, школо, сите се растрчуваат кога ќе им се заканиш со тужба. И научете си ги правата. Имате право да не се плашите дали денес детето ќе го пуштите на школо безбедно. Не може да се остава на посилниот. Не се школите џунгли, и не сме животни. Научете си ги правата. Ништо не ме вознемирува така како врсничко насилство. Кажете ако има некаква иницијатива од некаде за промена, за притисок, цела Македонија пеш ќе ја свртам. Мене не ме бива за потегнување. Ама мораме да почнеме од некаде. Сум го родила, сум го пораснала, сум го пазела како капка на дланка и некој недоделкан нашколо ќе го малтретира? Ќе се прашаме за тоа
Кај нас беше исто Кај нас беше исто, се ситеа, гледаа и не реагираа.Лошото е што машките ова го правеа највеке, колку и да се силиме и браниме сепак се машки, маваа со боксови,давеа,имаа сила. Мене не ми е нормално машко да напаѓа жена, да и става скалпери под врат и да се умислува дека е рекетар.
До каде ни е стигнато опшеството, го праќаш детето на школо да учи а не да биде малтретирано. И доколку му се случи нешто треба со закани да ја средиш работата, место да има свест школото веднаш да се превземат мерки, а не од кога родителот ќе почне со тужби да се заканува...
Ја во основно исто бев мета на булинг од 3-4 девојчиња од класот. Поточно заедно со другарка ми, ние бевме неразделни, па прво имаа обиди да не скараат, секако неуспешни, потоа почнаа со напади вербално. Од култура не им паѓавме на нивно ниво, така требало демек. Со овој памет знам шо би им вратила ама ај. Дека ние учевме, бевме 5.00, они беа послаби ученички така со 2ки 3ки и демек сме биле бубалици, не знам ти што, со врски сигурно 5ки сме имале, како они немале 5ки... Тоа што лектира немаа прочитано и 2 по 2 немаа поим колку е не се важеше. Демек класната нас само не сакала, нешто си збореа, ние мававме игнор. Па и никад дечковци немало да иаме, само врз книгите сме биле, така цел живот ќе сме си останале и такви некои глупости. Дома немав кажано затоа што не го доживував ко булинг сметав дека не беа нешто достојни да им се замарам, го гледав тоа ко очаен обид за лечење фрустрации и комплекси зошто не се задоволни сами со себе. На другарка ми и влијаеа многу полошо, мислам дека ден денеска е срамежлива со луѓе поради тоа. Ама ја известив класната поради другарка ми и и реков доколку не преземе нешто, ќе одам кај педагог, па и кај директор ако треба. Ќе им кажеше, кратко ќе прекинеа и пак по иста песна. 9то одделение не доаѓаа ни во школо, па се заборави некако тоа. Ги сретнав периодично изминативе години, од срам здраво не можеа да ми кажат, глави само наведнаа покрај мене. Знам само дека ни факс сега не упишале, буквално ништо не правеле у живот, ни работа немале и уште си останале мизерни у душа ко шо си беа. Од мене простено им е, не им замерувам, толку им бил капацитетот. Е, сега кај брат ми беше слично. Исто така деца багабонти у класот, не дојдени да учат туку да се тепаат по школо, го закачаа брат ми. Вакви очигледно во секој клас вакви има. Може и нашите згрешиле што не учеле да бидеме мирни и да не се закачаме. Па, после трпи вакви на глава нека ти се качат. Брат ми многу мирничок, исто така само си учел, си седел, го приметиле уште на почеток и цели 5г проблеми му праеја. Физички го напаѓаа, глава му удрија во парно, среќа у несреќа пројде само со џумка. И покрај се трчаше во школо, ден немаше пропуштено. Моите реагираа кај наставничката и ништо не преземаше таа, дека мајката на едното дете шо се закачаше школска и била. Тато зема се закани со тужба кај педагогот и одма преземаа мерки. После и други родители собраа храброст, истите и нивните деца ги закачале. Во 5то од школо ги тргнаа, многу жалби против нив имаше. Брат ми раат виде од тогаш. Ама што се тие години претрпе. Сум го прашувала дали му влијаело, да не му останат последици од тоа, вика не. Јас си го сакав школото и уште го сакам. Вака нормално си има другарчиња и се, се надевам не му останале трауми од тоа. Според мене такви деца што вршат булинг си имаат некои проблеми у нив и бесот така го исфрлаат на помирни деца во класот. Дали од дома нешто, дали од нервози дека послаби оцени имаат и професорите постојано ги опоменуваат којзнае. Ама тужба е решението. Да видите тогаш како преземаат мерки.
Само тужба. И тоа не само закана, и некој да тера до крај и да тужи. И медиуми да се викнат, Така прават од што се научени дека сите ќутиме. Еднаш нека се изгорат да видиме после дали нема да пазат. А многу пати се докажало дека ако еден потегне се охрабруваат и други да зборуваат.
Па да, во одделението кај брат ми сите ќутеле. Откако татко ми реагираше подалеку од таа наставничка на класот шо им беше, сите се приклучија да кажат шо како. И наставници почнале да се жалат од нив тие шо им биле техничко, природни науки, од опомени и намалено поведение стигнаа до тоа да мора во друго школо да се префрлат. Ама ако им се ќутеше ништо. Наставнициве некако како слепи глумат пред тоа.
@Dream-Girl таквите најчесто потекнуваат од дисфункционални семејства. Знам, затоа што имаше такви примери во другата струка во средното кај што учев. Родителите абер немаа да дојдат да разговараат. Страшно.
И јас на моменти мислам дека им е од дома проблемот, инаку јас на моменти искрено до ден денес се обвинувам и мислам дека имам нешто згрешено лошо што се однесуваа со мене но не знам што
Море и тоа како мислат серизно, мене ми викаа самоубиј се, не ни се допаѓаш, вака изгледаш,така изгледаш,волку толку кг имаш,па ќе те удрат силно, ќе те плашат,скалпери ми имаат под врат ставано,ќе се прават рекетари ќе ти зимаат присилно предмети,пари,храна, чепкаа по туѓи ранци, вадеа погрдни имиња и насекаде ги употребуваа, ги тераа и другите да се однесуваат така, мене ова не ми е деца се, дете според мене е невиност и добрина, влијае на психата и тоа многу, мене ми е претешко да се стабилизирам.
За да се однесува некој вака, треба прво да е бил сведок на вакво однесување. А тоа потекнува од домот.