Искрено сега на 29 и јас истово го мислам.Тогаш со тој памет мислев дека сум ментална,ретардирана,глупава,грда,се најлошо и дека е до мене проблемот.
Лично не сум била жртва на булинг,ама сум имала доста дешавки.Јас сум лекот за такви.Лошото детство може да го направи човекот предобра личност или некој што ќе малтретира.Кога и да сум приметила дека некого малтретираат било психички било физички никад не сум ќутела.Многу пати низ град сум гледала му се собрале на некое душиче 10 идиоти а оно им ќути.Ако се помали сум решавала со нормален разговор,моја генерација или поголеми и до поостро има доаѓано.Не оправдувам насилство никако,ама после тоа ги гледав со истите деца најдобри другарчиња и се гледа дека се смирени.Многу пати ми викале другарки да не се мешам дека ќе си направам проблеми,ама кога никој не превзема мерки мораме меѓусебно да си помагаме.Се повеќе е застапен и по основните и по средните училишта,прават професорите демек стоп за булин а кога и да има некој ученик проблем единственото што знаат да кажат е ќути си,игнорирај ги,ќе видат не им обрќаш пажња ќе прекинат..Се е џабе,само меѓу себе можеме да си помогнеме.Не молчете кога и да сте во таква ситуација ако не можете сами побарајте помош!
Ингнорот е полоша работа, бидејќи кога пробував да ингнорирам уште толку стануваа бесни.Убаво е тоа што го правиш, јас обожавам да ги советувам помалите и на сите прво тоа го кажувам да не кријат и да кажуваат, бидејќи е тешко многу. Инаку да, во право си дека ваквото детство може да не промени, јас искрено станав поодговорна,дури и навика имам да знам да споделам проблем, да пробам да дадам совет, сакам да ги усреќувам лугето,мразам неправди, се трудев да бидам целосна спротивност на насилниците.
Кога и да сум се нашла со деца некаде ги седнувам и им држам предавања,ми имаат доаѓано родители зачудени зошто го правам тоа,и благодарни се,бидејќи не секогаш родителите можат да влијаат како некоја помлада личност.
Булингот го имало и ќе го има. За жал мора личноста сама да се избори бидејќи не секогаш и секаде се има заштита од близок. Со избегнување на проблемов, ништо не се прави. А овие што вршат булинг стануваат најмизерни карактери после х време.
Тие што вршат булинг стануваат најнеуспешни личности кои не се ни личности казна и е во животот да се доле..
Бев жртва на вербален и психички булинг во средно од страна на машките сокласници. Ден-денес не можам да си ја опоравам самодовербата.
Најголема улога има учителот, ако тој внимателно ја следи динамиката меѓу децата, веројатно ќе забележи. Ако знае како да воспостави кохезија за сите да имаат фер комуникација низ игра, колку и да има агресивни деца ќе може да се контролира. Ако ја нема таа способност или не му е битно многу, се друго е џабе.
Булинг секогаш ималоци тешко дека некогаш ќе се искорени. Јас бев жртва на вербален булинг во основно и во средно и секој ден одев на училиште затоа што морав, а не затоа што сакав. Тоа веќе помина, ама не се заборава. Забележав дека и голем број наставници директно или индиректно учествуваат во булингот, а не треба да е така.
Еве јас сум сведок на булинг, педагогот знае, професорите знаат, но ништо не преземаат бидејќи родителите на девојчето кое е малтретирано требало да седнат и да му објаснат како да се справи со вакви ситуации. Значи они не преземаат ништо, мал град, сите се знаат, секој на секој прави лице, утре не знаеш каде кој ќе сретнеш, да не зборам дека се е партиски, па од партија може ќе ти се јават да ти кажат да не се мешаш дека може „тие“ се од нивните... А нели е законска обврска на училиштето да реагира? Се плашам за девојчето пропадна скроз, од енергично дете и ученик со награди сега е повлечена и со многу незадоволителни оцени... се плашам дека нема да издржи па недај Боже ќе си посегне по животот. Сакам да помогнам, нормално анонимно... каде да се обратам? Глупациве инаку ја малтретираат преку пораки така да тоа се докази. Што всушност може да се случи со напаѓачите кои да напоменам се малолетни?
@Norah Jones претпоставувам си професор? Дали нејзините родители знаат за се ова? Зошто најпрво би ги советувала да ја носат кај психолог. Не школскиот, туку некој друг. Би ги седнала нив, би им објаснила како стои работата и би ги советувала да разговараат со директорот. Ако директорот не сака да соработува со нив, треба да го потсетат дека постојат медиуми преку кои може да се покаже колку е неспособен. Ако му се допаѓа таа варијанта, нека продолжи да се прави наудрен. И нека се консултираат со адвокат што можат правно да превземат.
Што да кажам... родителите биле да разговараат со педагог и психолог и овие им рекле не можеме да помогнеме многу бидејќи наставата е онлајн... родителите рекле ајде да ја преместиме во друг клас, овие рекле така не се решавало, и таму ќе имало проблеми.... е сега, сите знаат, но сите креваат раменици и не го сфаќаат сериозно проблемот, може така им одговара, но јас гледам дека девојчето почна да опаѓа ментално, глас нема повеќе.... Тука нема психолог, а и да има никој во мало место не би се осудил да оди до таму, бидејќи знаеш.... мало место, па ако треба нека биде и трагедија! Јас сум предметен наставник, па знаеш тука има хиерархија, прво класниот треба да одлучи дали ова е проблем за кој треба да се збори, па педагогот, не можеш да се мешаш ти од страна.... глупости. Затоа сакав да пријавам негде анонимно, не знам да помогнам некако а да не ме стрелаат
Искрено чудно ми е како може родителите толку слабо да реагираат на цела ситуација. Дали како предметен наставник имаш можност да разговараш сепак со родителите, во рамки на тој предмет? Прво ми делува дека тука треба да се реагира и да им се објасни ситуацијата. Без нивно залагање тешко нешто да се постигне. А ако они реагираат, не мора да спомнуваат имиња кој што им кажал. Ако знае некој правник или друг професор како да се реши правбо ова со пријава, да ја прочита темава. Не сум стручна за тоа. Може и самите родители да се консултираат со адвокат.
И јас бев жртва на вербален булинг во средно од две соученички. Се уште имам проблеми со самодовербата... Доколку ги сретнам некогаш во животот би им одржала една лекција, чисто онака да си знаат.
А каква врска има Данела со ова....аман од овие што користат туѓа трагедија за да си протнат политички ставови.
Ова со Корчагин не е ништо ново организиран булинг трпат одредени ученици, ги уценуваат, малтретираат.... Познавам неколкумина кои се отпишаа затоа што не можеа да го издржат сето тоа. Страшно А уште пострашно е прифесорите се знаат меѓу себе и се штитат... битно за плати поголеми штрајкуваа, за ова си ќутат
Данела ја спомбува зашто следниот ден била на прослава во Корчагин и се смеела како да не се случило ништо. А Корчагин ни ден на жалост ни статус за сочувство.. Мизерија
Цццц, боже каде ли ќе им оди душата?? Ќе се воздржам од коментар зашто имам многу да пишувам, ама се надевам сите во тоа училиште(и други) ќе одговараат за случајов, веќе е жално и бедно деца да страдаат заради 'егото' на професорите. Нека почива во мир, сочуство до семејството.
Сериозно ли се молчи за детето што се самоубило? Јас еве деца ќе почнам во школо да праќам, а сеуште имам трауми од школото, од оваа гледна точка дури чудно ми е и што не сум се самоубила. После случајов уште повеќе мразам школо! До кога ќе се делат на богати и сиромашни деца? Кога ќе се прифатат сите деца онакви какви што се? Ќе одговараат ли и родителите за самоубиството? Школото? Наставници? Државата? Како воопшто можеле и да прослават? Има ли некој чувства и здрав разум во оваа држава??? Каде се тие што се налтретираат психички и физички други деца?