Оценките ги знаат средношколците уште во јуни, пишуваат поради некој забеган професор, кој знае што е точно, ептен жално
Не е во ред да се објавува за самоубиство по весници и рендом луѓе да коментираат, а фамилијата да чита. Тешко нив кутрите.
На твитер читам родителите сакаат да знаат што се случувало на училиште што довело до ова. Детето било одлично, повлечено дете жртва на булинг од професор и деца. Реагирано било и кај директор, класна никој не презел ништо.. На душа да го носат сега стоки едни непрокопсани. Го исплакав детево ни знаено ни познато. Душа мила кој знае низ што поминувало.
Глупо да се шпекулира зошто се самоубило тоа дете. Па и какви грди наслови видов на фејсбук, како да известуваат за нов трач од естрадата, а не за буквално самоубиство. Општото разбирање на менталното здравје ни е на никакво ниво, соодветна психолошка помош за млади луѓе исто не е на завидно ниво, најголем дел од возрасната популација се со менталитет дека младите се разгалени дечишта кои не виделе што значи тешко и сега наеднаш сите глумат зачудени зошто има самоубиство на дете. Истите насилници што си го млатат психички(и физички) детето секој ден кога ќе се деси вакво нешто први се да отрујат со семе синапово патетики. Океј ајде попрво некој Марсовец ќе обвиниме наместо да видиме што ни е пред очи.
'Срамота' е да кажеш дека имаш потреба од психолог/психијатар. Многу добро знам како изгледа тој 'срам', директно на моја кожа.
Exactly. Јас на возрасна особа кажав да посети психолог ме направи ненормална, не била луда да оди,таму само луди оделе.
Моите ме носеа по бајачи неколку години, пред конечно да им текне дека можи треба да разговарам со психијатар. И шо е уште посмешно, не постоеше кај нас 'анксиозност' како дијагноза
Ова е скроз ненормално ако ја игнорирале смртта на свој ученик, дете на школото е. Не е само Корчагин,во многу средни и основни има наставници кои се изживуваат. Од една таква ќерка ми гастритис и егзем лани. Ама јас сум крива ,требаше да одам во школо и да ја пријавам кај стигнам.
Јас и тебе те сфаќам зошто не си ја пријавила таа. Не си сакала да ја ставаш на тапет ќерка ти. Истото го пројдов со градинката на Д нели... Сега слушам во автокоманда во школото што прават, па им бегаат деца, родители префрлаат по други школи. Куп ги знам што годинава сменија школо.
1995 година, во Моша економско од 3 професори добивавме таков булинг со лични навреди. Едната е мртва, за другите 2 не знам. Не е од сега, ама сега бар децава се погласни да се стави име и презиме на професорите. Доста лични фрустрации лечење на деца. @Cosmi славеа со Данела на чело!! Насмеани, весели како ништо да не било. ДНО! https://m.facebook.com/story.php?st...D7UV6gVJjcaQYnmV5H9uvW9kdl&id=100083401567714
Нели имаше скоро една матурантка од истово училиште пишувано за булингот од страна на професорите? Или од друго училиште беше таа?