Може ли да наведете еден начин на булинг од професор? Сериозно прашувам бидејќи лично не сум била сведок.
Ова никој не го пријавил? Не ми е јасно стварно, имало одредени претерувања во моето школо, но не во вакви размери. Затоа прашав, што може професор да ти рече а да остане непријавено.
Пример: неспособни сте. И закани за намалување на оценка, всушност психичко насилство. Правење стрес на децата, и тоа е психичко насилство. И за вакво нешто треба да се лета веднаш од работа. ВЕДНАШ! Без опомени.
Еве јас ќе ти кажам што ми има кажано колешка од факс за настан дури била средно На сред час ученик малтретирал соученик и му рекол оди убиј се а професорката се насмеала и му кимнала со глава на насилникот во знак дека се согласува со него ( професорката била по психологија ) сега ти види која е*ана држава сме.
Sekogash imase bulging od profesori I soucenici.Na fakultet imase eden profesor koj ne gagjase so indeksi ako nesto ne znaes I ne vregjase deka nikogash nema da zavrshite.Drug koga nosev indeks me zakluci vo kancelatija pa od prozor izlegov, sreka bese prizemje. Vo sredno eden budala ne redese vo prv red devojcinjata so pogolemi gradi I ne zjapase, ni stavase edinici, pa moravme dodatno da vezbame(se ozeni so ucenichka posle). Drug po matematika celo zivotinsko carstvo ne narekuvase.No za zal nikogash ne prijavivme no kazuvavme ponekogas doma. Treba vo deneshno vreme da se lociraat edinkite koi ne treba da rabotat vo obrazovanie I da se trgnat od rabotata so mladite. I posle 30+god od obrazovniot proces seuste imam traumi I bi im gi iskopala ochite. No togash site si molcevme I roditelite I decata kako I sega. Strogost I baranje znaenje treba no ne vregjanje I nasrnuvanje fizichki I ucenuvanje.
Ова беше 1995. Моите беа, разговараа, полошо беше после тоа.Ме фати на заб. Не сакам да се сеќавам.. Баш ќе се распрашам дали е жива ако не е да отворам шампањ да славам!!
Мене професорка ми има кажано “ Инвалид”. До директор стигнавме, ама ништо. Демек во афект го кажала тоа, афект или не ми остана ко траума. Секој збор верувајте останува.
Во далечната 95 професорот по Информатика ме извади на табла за пред сите да ме покаже дека сум била со прекратка сукња и не сум изгледала како што треба. А него изгледа му се дигаше на девојчиња Иначе немам слика од средно да ви пратам ама верувајте ми на збор дека бев се се ама провокативна не. Со очила со диоптер -12 и кратка коса бев даааалеку од "фем фатал". Ова во Орце Николов. На моите не им кажав до крај, и никад веќе сукња во школо не облеков. Тоа дека плачев со денови скришум е друга работа.
Викај ќе го испиеме заедно, ама дознај и која парцела е за коа ќе ни се примоча. Кој сака нека рече злобна сум, ама вакви професори го будат најтемното во мене. Митра ден денес ја колнам!
Сите кои трауми и анксиозност почнаа поради учителка во прво одделение. Траеше скоро деценија дури не завршив. Моите дома нерви искинаа, жалби, инспекции, полиции, ништо не ги спречуваше ниту децата ниту професорите да ми вршат и психички и физички булинг. Наставничката, колку да ги откачи, се договори со моите да разговараме за неколку дена сите заедно со заедничко присуство (наставничката, јас, соучениците, моите родители и психологот). Моите се сложија. Арно ама, другиот ден, кога отидов во школо сама, наставничката го викнала психологот и дебело го изедов пред сите. Ми се дереа зошто сум кажувала дома се, и ми кажаа дека само убавите работи треба да им ги кажувам на мајка ми. Ме натераа да им се извинам на сите дека сум кажала дома. И после следеше цел ден плачење во школо, сама, на најпоследна клупа. И така продолжи, се дур не завршив. Така да, се надевам дека секој наставник, учител и професор кој ќе направи штета врз туѓа психа ќе може тродупло да го осети на свое дете. Немам емпатија.
Кога бев 8 мо оделение (пред 10тина години) една стара професорка ми удри шамар и ме избрка од час. Сите беа запознаени со нејзиното насилно понашање а прогледуваа низ прсти (ајде стара е ќе оди во пензија)
Ова е страшно. Премалку се зборува за Корчагин,премалку медиумска поддршка. Зошто се замижува за булингов ? Порано носеле стап и тепале,сега се садисти одредени професори/наставници и учителки. Зошто невладиниве перални на пари еднаш не повикаа на протест за булингов на деца?!
Зашто нема ниедна асална организација, владина, невладина која сериозно се занимава со заштита на деца. Ниту имаме активисти од тоа поле.
Луѓе да бидам искрена јас или сум учела во “Харвард” или сум од Марс падната. Низ цело мое образование не знам за ниту еден ваков пример, затоа и прашувам. Знам за купени оцени, фаворизирање деца бидејќи наставникот бил близок со родителите, ама “оди убиј се”, тепање и сл, ептен ми е ново. Ако било така треба да одговараат наставниците. Во однос на закани за намалување оцена, не мислам дека е булинг ниту психичко насилство. Ако има потреба треба да се намали оцена, нема ништо чудно во тоа.
Харвард задњиве десет години колку студенти им се самоубија.. знаеш? Не од булинг, ама од притисок, премногу учење, анкс на најјако. Дека спомна де.
А стварно зашто ниту еден нема пишано во коментар на сликите на фб дали прославава е ПРЕД да се самоубие момчето или ПО?