Секакви има, јас имав наставник што на ученичка и рече “оди обеси се”. Буквално. И реагирано беше од родители, и џабе.
А на факултет ми се закачи јака професорка до деканат стигнав. Многу,многу ми беше тешко од нејзе едвај положив. Многу ми правеше,притисок, наредби, исмевање,омаловажување. Мејлови праќаше во форма на деловен македонски, за време на испит ми даде задача која што може да се реши за 15мин, односно да се предаде за толку а таа очекуваше да ја предадам за 45мин и што да им дадам на децата. Таа и за една вежба ми најде маана и ме испонижи пред цел клас деца во второ одделение. Па ко да и беше малку тоа продолжи пред колегите. Мајка ми неможејќи да ме гледа веќе нонстоп расплакана, си барав вина во себе замина да се сретне со нејзе таа да ти ја избркала, нервите и ги дигна на жената, до степен да и се слоши таму. Мислев ќе пошизнам тогаш, и таа ќе ти била професорка. Закажав кај деканатот состанок,таа уште немало да одам. Таа година ми беше една од најлошите. Среќа што не ја памтам по име,ама преку врски беше влезена. А ме видеше, ме понижуваше. Знам дека една студентка не и молчеше ама што се случи потоа не знам. Многу беше јака на зборови,дури и од училиштето каде одевме на пракса се жалеа. Никој ништо не и може велеа, од Вмро е. Тогаш вмро беше на власт. Не знам колку студенти ја имаа колнето. Треба да ми заблагодари што мајка ми не ја тужеше за нанесен булинг и претрпен стрес оти не сакав да се бавам со тужби,адвокати и глупости. Тој период ми остана во памет, не се заборава.
И една на ФБ од каде да занеле, учениците требало да направат комеморација. Деца од 15 до 18 години да направат комморација. Не бе не. Ми се повраќа од тоа каде живееме.
Булингот почнува најпрво дома,па се пренесува и на училиште.Детево од КОРЧАГИН,ако се самоубило за оценки не се криви наставниците.Родителите му вршеле притисок,не е лесно да се учи во елитна гимназија каде сите се одлични.,ама малку родители се свесни за ова.Почнува од 1 оделение со запишување на сите можни активности,одење натрепревари и слично и синдромот моето дете најдобро да биде.Првенци на генерација се посебно истрауматизирани деца со родители со комплекси.Па не може по сите предмети да те бива и да ти оди,стресови се тоа многу..Тоа дека има ѓубриња наставници,има во секоја професија шлајм од доктор до продавачка.,и работа на родителот е да си го земе и заштити своте дете.Ако не би- ТОЈ,ТОГАШ КОЈ?
Зашто е трач. Не сме сигурни дека стварно детето било изложено на булинг и страдало заради тоа.Кој може да каже со сигурност зошто тоа дете се самоубило освен тоа? Ако излезат и други да кажат дека да, со месеци и години трпело булинг ок, ама вака е само трач. Не ми се верува колку лесно се извадија милион заклучоци за нешто што е толку комплексно, само врз основа на некои рандом твитови.
Со самиот факт дека се самоубил веднаш по примањето на свидетелство е баеги сомнително. А Корчагин време е да престане да ќути.
За втората реченица се согласувам за првата не. Само тоа си знае што му поминувало низ глава и зошто баш тогаш. Инаку да, фактот што следниот ден било славењето е ептен ептен грдо....
Е па директорица пред два месеци ја ставиле на позицијата како да не ја покани Данела да и заблагодари, да излиже ... на Твитер читам не е прво дете што се самоубило од Корчагин. И многу родители се јавуваат да кажат за тоа како им поминале децата таму.
Има секакви ситуации, како што има лош однос на професори кон ученици, исто така има и катастрофално лош однос на ученици спрема професори, посебно во средните училишта имаш професори кои се постојано малтретирани, навредувани, се обраќаат кон нив без никаква почит, едноставно се изживуваат врз нив а често пати се тоа е снимено и објавувано по социјалните мрежи но народот за тоа си ќути и го прифаќа како да е во ред, исто така има и случаеви каде родителите кога нивното дете прави проблеми и за тоа ќе бидат известени од училиштето тие одат и се расправаат со наставници, директори како смееле за нивното дете така да кажуваат, наместо да превземат одговорност.
Не е трач. Не се рандом твитови. Го обелодени случјот проф.од институт за физика. Училиштето е педагошко воспитна установа. Секако имало влијание директно или индиректно. Не можат да с еправат удрени. Потребно е инспекторат да чешла,бидејки има сведоци што му се случувало и случува таму ,а и список на професорки кои вршат булинг во Корчагин. Маж и на едната брзо денеска со објава на фејс колку била професионалец жена му.
Исто. Јас каде што сум учела, немало вакви работи, ни во моја генерација ни во претходни и после мене.
Можеби не сте биле вие таргетирани.А не сте приметувале дека кон други деца се однесуваат различно и тоа е.
Не Нена, го нема баш во секое училиште тоа. Има наставници кои не треба да бидат наставници и треба да се прочешла кадарот, тоа е.
Значи се согласувам дека треба да се прочешлаат. Тоа дека има булинг во училиштата насочен од професори кон деца за кој се молчи е апсолутно точно и можеби ова е прилика да се извадат повеќе работи на виделина. Но, исто така не треба да се пребрзува со заклучок зошто детето се одлучило на чекоров затоа што огромни се шансите детето да имало психичми проблеми кои не се третирале и довеле до ова, плус булингот. И тука е пак битно психолозите во школо да им бидат достапни на децата баш за овие работи. Има деца со депресија, деца кои трпат семејно насилство и други најразни проблеми и баш треба да се охрабруваат да одат кај училишните стручни лица кои се ставени за тоа, па тие да оценат дали ќе треба понатамошна помош. Ама наместо тоа, единствена функција што ја имаат тие психолози и педагози се да извршуваат администратина работа и да си испијат по некое кафе. Нас од прво одделение нѐ заплашуваа наставничкине дека како казна ќе нѐ пратат кај психологот, па што понатаму да се збори....
Основно - наставничка по биологија. Влегува на час ,добро утро животни. Денес како сте расположени како за зоолошка или како за на пазар ? Од 5-8 ова цело време секој час ,секој клас. Ми остави 3 ка знаеше дека ќе ми треба за просек. Ќе си станиш да поправаш. Станав, соученик пееше на час додека јас раскажував ,се налути го акна дневникот еве ко сакате да сте во зоолошка ќе си се запишуваш втор круг ако те примат хахаха