Видеово е дел од серијал. Видете како изгледа да си во центарот на вниманието. Колку сурови можат да бидат луѓето. Сигурно во некој период од вашиот живот сте биле предмет на оговарање/осуда/изневерување од блиска личност...партнер/родител/пријател/свекрва/роднина. Се кладам дека не ви било пријатно чувството. Е сега, замислете да сте bullied од илијадници, стотици илјади, милиони луѓе... Она што забораваме е, дека од другата страна на осудата е човек. Со чувства, желби, потреби, мисли, живот. Деснава рака ја сечам, дека ни еден од тие кои ќе ја предизвикаат нечија несреќа, нема да се чувствува виновен. Сите ќе рационализираат: “Само работа ми беше“ “Само пост напишав“ “Само мислење кажав“ “Само имав можност за заработка“ .... осудената, понижената страна 'не можела да се носи со славата'. Можеби... А можеби ни фали емпатија... како вид. * @RainBow ако одлучите дека постот не е за овде, не го бришете, префрлете го во соодветна тема.
Во право си ама постои едно АМА. Госпоѓица тужба постојано рандом жени исмејува на статуси на инста, фејзбук секаде каде има можност плука по тие кој не се истомисленици. Карма е кучка, зарем тие жени не се чуствувале лошо кога оваа ги плука пред илјадници нејзини следачи. Ама за нив и е гајле за неа ја боли, прво она нема емпатија...
А како се однесуваат другите? Никој за неа не рекол дека е вошка, тетка, баба, моронка која смрди на грав и нема сопствен живот...тоа се нејзини зборови упатени кон другите.
Има карма, кога она може зошто не и другите? Што е она посебна таа може да вреѓа рандом жени, а тие жени не смеат да кажат за неа ништо? Некогаш треба да се спуштиш на нивно ниво и да удриш со нивниот камен за да осетат што правеле..
Туѓото лошо однесување, не го оправдува вашето. Вашето лошо однесување, не го оправдува туѓото. It goes both ways.
Човек треба само да се помири дека нема на сите да им се допадне , на некои ќе им биде антипатичен Јавните личности треба тоа да си го знаат Еве Бритни е светски позната ѕвезда,со врвни светски награди а некој не може да ја поднесе и не ја ни смета за пеачка и сега што? Миа стана уште повеќе антипатична личност и нз кој би и дал нешто неа да рекламира после вакво бламирање
Отвори амерички и западни медиуми/социјални мрежи итн. види таму каква критика се публиката и фановите. Најважна. Таму за серија очи ќе ти извадат ако пример режисерот го утнал финишот на приказната. А не два дена лајвови да држи и тужби да најавува пошо он не се слагал со 483885 други неистомисленици пошо алапачи биле. Лол. Дотичната ќе требаше да се збогува од кариерата со ваков пристап таму. Ама тоа е веќе друг муабет.
Ама зошто сте се фатиле да споредувате со светските ѕвезди, нормално дека врз нив притисокот е огромен. Погледајте во соседството дали некој се занимава со тоа што е напишано на некој форум или фб. Еве еден пример, каде на странава јавно ги исмеваат јавните личности во Србија, а тие на тоа го гледаат како на реклама. https://www.instagram.com/p/CLNlakYAMHr/?igshid=1nqudcoauxf7j А кај нас се занимаваат што кажала комшивката за нив, па ај сеа ќе ја тужам. Па после ќе глумат фаци, инфлуенсерки.
Реков погоре дека ќе разционализирате и баш тоа се случува Туѓото лошо однесување, не го оправдува вашето. Петко или Фред (странци де), ако навредуваат, не ве оправдува вам да навредувате. Навредувате. Ужасни беа дел од коментарите на старата тема. Не само кон Миа (за која од вас дознав дека постои), туку кон сите што ги зборувавте. Приватните животи им ги цепкавте, анализиравте и судевте. И Миа е како вас. Затоа и се случи, ова што се случи. Два остри камења, не мелат жито. Не е нормално. Исто е како и македонското. Bulling is bulling. Па за bulling на школо ќе зборуваме... Децата од кај учат? Од родителите.
Па што е разликата меѓу јавна личност од Србија и од Македонија? Нашиве се бели мечки заштитени со закон? Не, туку сакаат и гомното утринско да го објават на стори и публиката да каже колку е тоа прекрасно. Е јбг, за некој ќе е прекрасно, за друг ќе е одвратно...
Значи ние на Фемина да сме меки... Ти вака , како еден 'тап камен' советуваш 'благи' да бидат лугето што ја плукаат. Миа правеше КАМПАЊИ против луге кои и стапнале на нога. И ова може да се нарече така.... Таа најпрва, прва, ерсте почна и со години вреѓа луге. Само пошто има платфотма , вреѓа јавно на нет, тв и слично.. Еден були со тапија, хмммм ич некако не ми е чудно што е дочекан со истата муниција. Ти исто употребуваш вулгаризми кога не ти чини нечие мислење и затоа, хм, како да кажам, немаш бекграунд да критикуваш кога некого со неговото оружје го шлапаат по уста. За оправдано, неоправдано, кој е тој што правда, ТИ?
Сите, секаде и секогаш. Не дека ќе направи разлика, ама да појаснам: Ако имам проблем со Миа, ќе одам на Миа ќе и' кажам/пишам. Ако имам проблем со Дентина, на Дентина ќе и' кажам/пишам. Нема да зборувам на инстаграм за Дентина, ниту на форумов за Миа. И не разликувате критика од навреда. Прочитајтете си ги зборовите кои сте ги користеле за луѓе, кои воопшто не се присутни да ви реплицираат.
Вери најс. Во Утопија. Миа урла тужба, оти детето по 15 години на фемина ќе читало, ти урлаше оти на школо наставничката не знам што рекла за секс, еве можи не си урлала, не бев до тебе, ама сигурно ќе си врескала ако ти стапнеле на жуљ. И овде врескаа луге оти таа со несолени изјави им стапнала на жуљ. Многу си мирољубива кога не се однесува на тебе или твоето дете. Тогаш си ратоборна. Плиз, камен да фрли тој што е безгрешен..
И ти си користела зборови за луге кои не се тука да реплицираат. И користиш навреди за оние кои мислат поинаку од тебе. Можеби не трачаш, не знам , можеби трачаш. Овде си зборувала за луге други кои не се анонимни оти не си ти анонимна, и кои не биле тука да се одбранат. Можи тие друго ќе кажат. Те молам. Ок. Важи, во право си.
Вас, кој сме вас? Ниту сум мешала деца со погрдни зборови, ниту сум измислувала. Доста со крусејдов, оти си иста и ти.
Да. За луѓе кои лично ги знам, за искуства кои сум ги доживеала со нив и зборови кои сум ги чула со свои уши, случки кои се случиле пред мои очи. Верувај. Се' што пишувам овде, речено им е и нив... в лице.
Не сум јас 'пресвета'. Не ги гледам луѓето како 'светци' и 'грешници', туку како луѓе. Сите ми се исти. Си имам маани, си ги знам многу добро. Ама не е лошо и вие сопствените да си ги прифатите.