1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг на интернет кон јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 14 февруари 2021.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Кои сме НИЕ, жено? Освен како член на фемина, не сум во заедница тука со никој.
    Мани имам, и тие СЕ за дискусија.
    Она што не ми се допаѓа во твоето излагање е дека за твој интерес , ќе се напнеш до крајни граници , и ќе вреѓаш и ќе збориш и се. Ама другите ако го направат тоа, површни се. Како што ти реков, некој сака Симс , некој трач. Особа А е ок, особа Б е исто ок. И Миа е ок. И не е боља од другите. Не сум ни јас, ни ти. Секој нека си тера како мисли дека треба. Вербален деликт ако пистои, нека тужи. Од Фемина до булинг на Миа или пак разорен булинг има финеси. Миа беше загрижена зашто мислеше дека Инстаграмот со голи фотки и го пријавуваат од Фемина.
    Инаку баш и е гајле, таа не крие дека се сликала гола или дека е бисексуалка. Јас ништо не сум открила што таа не открила, разбираш?
     
    На fashion1111, Stressed Out, Leat и 6 други им се допаѓа ова.
  2. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Се согласувам со тебе.
    Само ќе кажам има разлика.

    Нашиве имаат очигледно погрешна перцепција за шоу бизнисот.
    Додека некои се занимаваат со малограѓански работи, други од секој муабет си прават реклама.

    Мислат дека се заштитени како бели мечки и се знаат. Сакаат да се прикажат како најпаметени, најубави, светици.

    Муабетот ми е дека никој од познатите не се замара со такви работи,само кај нас небитни личности си даваат преголемо значање.
    Дури смешно е дотичната да ја споредувам со било која личност од соседството.
     
    На simoncelicius, M.B., oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не си запознаена доволно со темава на која праиш муабет. Миа јавно исмеваше луѓе кои и пишуваат во приватни пораки на лајв пред 40 000 фоловери. Тоа не е сајбер булинг? И сеа ќе ми кажеш па не спомна имиња. Не, ама психолошкиот товар врз особата која и да е, е ист. Така и започна ,,гневот,, кон неа. До сега ниту една јавна личност си нема дозволено таков ,,луксуз,, бар ја неам чуено.
     
    На Snowflake97, Leat, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Јавни личности се подложни на критики, трачеви, озборувања, навреди... тоа било и отсекогаш ќе биде.
    Има секакви луѓе и не можат сите да се променат.

    Ама тоа не значи дека јас треба да ги навредувам со погрдни зборови, можам да дадам критика, ама не со огавни зборови. Е сега тенка е граница кога критика поминува во навреда. Јавна личност е на мета на се, критика и на одднесување како и на физичкиот изглед. Ама секогаш може да кажеме се здебелила, поубаво и личи со помалку кг, а не изгледа како свиња. Ако веќе толку некој сака да даде коментар.
    Мислам тоа е цена на јавна личност, изложеност на сите и 'право' на сите да даде својот коментар.

    Всушност, и нема многу разлика помеѓу нашето одднесување кон јавна или воопшто кон сите други 'смртници.' Јас не паметам искрено дека колку и да ми е антипатичен некој коментирам со погрдни зборови, или клетви што неретко ги читам, мислам дека тоа е чисто некое основно почитување кон човек, златното правило: не го прави она што не би сакал тебе да ти прават.

    Од друга страна, постојат јавни личности кои не се експонираат, кои се заштитуваат од драми, кои самите држат некое ниво, си ја почитуваат и заштитуваат приватноста, на кои едноставно не можеш навредливиот збор ниту да им упатиш.
    Еве првин што ми паѓа на памет Риз Витерспун и Јелена Карлеуша.
    Првата не е склона кон скандали, втората штом се поставува со став без влакно на јазикот мора да биде спремна дека ќе предизвика реакции од истите ко неа, акција-реакција. Исто како со Миа што беше, сепак е и она јавна личност донекаде, појавна од мене пример. Нејќеш така, мора и ти самата прва да не го правиш тоа. Не е гаранција да нема никогаш да добиеш навредливиот коментар, ама дефинитвно нема да ти го загорчаат животот, освен ако не уживаш во тоа.

    Може ми е глуп пример, ама тие две први ми паднаа на памет читајќи коментарите на Инстаграм.
    Луѓево не се глупи, не можат да бидат излажани, ни изманипулирани, барем не за долго. Значи како се поставиш ти кон другите, очекувај и другите да се постават кон тебе.
     
    На RainbowButterfly, Stressed Out, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Видов и таа што зборуваше.
    И како што пишав веќе: Не ја бранам ни нејзе.

    И не зборувам за нејзе, зборувам за вашиот однос кон јавните личности.
    И тоа веќе го пишав.

    Мора ли да повторувам?
    Ете, за тоа зборувам. (y)
     
    На GirlVolley и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Јас па не сметам дека пишување на форум, макар и глупости е сајбер булинг. Не знам некој што реално прифаќа информации од форум како вистинити, и не треба да ги прифаќа како такви. Не може да се очекува да не зборуваат луѓето. Ако не пишат овде, ќе пишат на твитер или на друг форум. Ако си јавна личност, веројатно од напред треба да си спремен на тоа. Секоја професија има и недостатоци и ризици и за нив треба да си спремен. Како докториве да речат ама пандемија е не работиме се штитиме (оу вејт и такви имаше). Не може само кога ти одговора или не.

    Не сум за навреди и клевети, ама искрено ми е попуста идејата истото да се контролира со цензура оти секогаш некој ќе се најде навреден од нешто. И не можам да сфатам како на возрасни личности им влијае воопшто нешто напишано на форум. Посебно јавни личности.
    Посебно не во индустрија која со години форсира мизогинија и вистински булинг (не сајбер), трачеви и буквално продавање на личноста и нејзиниот живот. Не може да си го искористуваш животот за да останеш во спотлајт, ама после кога ќе наидеш на осуда, неприфаќање или секакви коментари, да е пу пу не важи.
     
    Последна измена: 15 февруари 2021
    На CoverGirl10, Bezimenka90, winnie02 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Не значи ако некој се ставил public figure на Инстаграм е моќен и неможе да одбегне критика. Менталитетот "прај што сакаш батали ги хејтеритите" стана болест, најобични луѓе почнаа да ги викаат тие што им упатуваат негативна критика "хејтери", пример се македонскиве ТикТок фаци. Ова ми делува малоумно и детски зошто доаѓа од возрасни луѓе што начукале по 20 и кусир години.

    Булиг и критика се две различни работи, зошто ти можеш да им упатиш убаво објаснување за тоа што го направиле дека е fucked up и веднаш си етикетиран хејтер. Ако твојот аргумент се потпира на логика и факти не е хејт, ако им го критикуваш изгледот е. И верувам дека сите сме критикувале нечии изглед и јас еве ќе си признам ГоспоЖа Тужба ја имам споредено со Oompa Loompa зошто тенот и ептен темен темен и не и личи, во некаков осврт комбинирав факт со булинг.

     
    На winnie02, simoncelicius, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Ако ми се свиѓа фотката на Миа, дали тоа автоматски значи дека не и правам булинг?:rofl:
    За изглед немам што да и замерам, а за однесување пих, како таа што се спрда со други, и овде ќе се спрдачат со неа. И така. Cause and effect. Важно да сме весели:yawn:
     
    На Stressed Out и злоба им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    @RainBow џабе ја подели.
    Сега има две теми со Миа.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Секоја јавна личност треба да биде спремна дека покрај обожаватели ќе има и такви кои нема да го поштуваат нивното јавно делување ( да не речам хејтери) но и тие тн. хејтери треба да бидат умерени у хејтањето се со цел да не прерасне у сајбер булинг.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Демек ја викна да не искара?
    Поише се узбуџаваат оние кои као демек не читаат, од тие што читаат.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Сега дека е уште тоа актуелно, ќе добие понатаму свој тек темата.

    Подобро би било дискусијата да биде општа за сите јавни личности, а и за сите што коментираат, не само кај нас.
    Еве, може да почнеме со тоа да разграничиме можеби што сè сметате дека е интернет булинг. Дали само погрдни и отворено навредливи зборови или можеби и нешто пошироко?
    Дали вие самите пишувате критики по други страници, не мора да е само овде, дали коментирате под статии пример, дали се трудите речникот да ви е пристоен или можеби некогаш сакате и да се „испукате“, па тоа е секако јавна личност и мора да си прифати секакви коментари?
     
    На LadyC, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    57.670
    Пол:
    Женски
    Абе да Џони, ама друго било порано кога немало социјални мрежи, жолтата штампа била таа што ги креирала озборувањата, тоа е еден цел свет на маркетинг кој функционира на начин кој ние никогаш нема да го разбереме. Некогаш дури и сами гласини си пуштаат за публицитет, PR е цела професија што таргетира групи и ја прави јавната личност центар на внимание.

    Ама откако можеш зад псевдоним да си го искажеш мислењето секаде, многу е на полошо станато. На јутубери им пишуваат практично да умрат, кога читаат некогаш хејт коментари мене ми е грдо што гледам што им пишуваат не па нив.

    У реду е да не ти се свиѓа некој, у реду е да се запалиш некој ако се глупира ко Панчо со тангата, ама пак треба да има некоја црвена линија. Крај краева ако некој не ти се свиѓа не мораш да го следиш и да се замараш со него.

    Еве Тужбата ме налути и мене конкретно, ја отследив од сегде, не се замарам веќе со неа, што сака нека прави. Ама да седнам да и коментирам за нејзин приватен живот апсолутно неам намера. Нека прави што сака, ама ич не ми е гајле.

    Стварно мислам дека секој треба да си има некоја граница до кај оди со коментарите, затоа што колку и да се популарни, сепак тоа се луѓе.
     
    На sweet-cherry, Bezimenka90, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Единствено со вулгарни зборови, сум се обратила на членка од тука, потоа се извинив на тие што прочитаа, не зашто ми беше срам што напишав, туку тие незасегнати особи не мораа да читаат навреди. После сфатив дека игнор тотален е решение за малициозни.
    Иначе не вреѓам, но употребувам тон како на соговорникот. Едноставни особи ( ај да не биде п....и ) разбираат само едноставен , прост речник.
     
    На simona_baby, eliesaab и RainBow им се допаѓа ова.
  15. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    И ние збориме за она што Тужбата го коментирала за нас и заедно со нас ставила во уста жени кои и не се на форумов, пошто за неа сите ние кои не си го ставаме приватниот живот на изволте на инстаграм сме нереализирани вошки, кои немаат живот и немаат ни куче ни маче до свои 30-ти.... Да, тоа се нејзини зборови, не мои...
    Ако она се дрзнала да ме коментира и вреѓа мене (а и тебе) на своја платформа (инстаграм), која никогаш со ништо ја немам навредено...јас на своја платформа не ја вреѓам, него ја коментирам нејзината работа/професија...пошто она нели вели да си инстаграмЏика било професија...
    Нејзината “работа“ е јавна и имам право да ја коментирам, односно да кажам дека она не прави ништо општо-корисно и дека лошо го фура маркетингот на брендовите кои ги промовира....
    Од све што она промовира јас во моментов може да се сетам само на името Божиновски....и тоа е така затоа што Божиновски се бренд кој е граден низа години наназад со квалитет и професионалност во работењето, а не затоа што се кај неа на стори...
    Оние другите кои ги промовира, не се сеќавам кои се. Се прашувам зошто? Можеби затоа што лошо ги рекламира, можеби поради нејзината лоша енергија и тоа што повеќе енергија троши на рекла-казала муабети и кој што за неа рекол него на брендовите кои ги промовира?
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @WildMk мислам дека си ги смешала работите. Видеото е за нејзиното семејство, очекувањата и искривените вредности. Па после за новинарите, весниците, јавните фаци кои ја осудуваат и исмејуваат јавно. Никаде не видов да се зборува за народот и нивните размислувања. Кај нас му се суди на народот. Весниците и новинарите ниту ги бркаат, ниту се замараат за нив. Народот збори, ама за што збори? Збори за нивните врски, за работните места и тоа е. Не гледам ништо спорно во тоа. Се навредила дотичната дека некој за неа рекол дека е секретарка. Па колку секретарки има, што е толку лошо во тоа работно место за да се навредуваш? Рекол некој за некоја дека оди со некој кошаркар. Што има лошо во тоа?! Одиш и што? Си ставила крај на врската со бившиот со кои имаш деца. Па не си ни прва ни последна. Проблемот во нашите ситни ѕвездички е што упорно глумат совршен живот. Па после кога се ќе исплива на виделина ќе се закнуваат со тужби. Не сте совршени, ниту пак богати. Немате ни кариера, тоа е реалноста. Боли, е па боли. Се додека градиш живот на лажни темели, секој мал потрес ќе те боли.
     
    На Stressed Out, Anna85 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Треба да се разграничи што е булинг а што не.
    Ако јас пишам дека стојна е грда и одвратна у мјф не може да се земе како булинг.
    Ако и пишам директ на стојна е булинг.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Затоа пишав дека е дел од серијал.
    Постираното е првиот дел од серијалот.

    Вториот дел е всушност за темава... може требаше тој линк да го споделам.
    Мислев подобро е ако е хронолошки ...

    Булинг е.
    Како не е.
     
  19. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Искрено, не ја следев многу Бритни низ годините, а бев доста мала кога таа беше на врвот во својата кариера, но сеуште јасно се сеќавам на убавата, млада пејачка чиј пат кон успехот и беше веќе загарантиран.... прежална ми е нејзинатаа судбина, а не сум сигурна дека е позната точната причина за тоа што и се случило и случува.
    Дали не можеше да се носи со славата? Дали не беше спремна за сите напади и коментари од јавноста? Дали може да се каже дека беше жртва на булинг? Дали не беше свесна дека освен фанови ќе има и такви кои нема да ја сакаат? Дали неуспешниот брак со танчерот ја додестабилизира? Постпородилна депресија со која не се избори ? Многу прашања.
    Млада, убава мајка на две деца станува личност со разрушено ментално здравје, а татко и го превзема раководењето со нејзините финансии, кариера и секој нејзин личен акт.
    Дали и мисли добро? Дали ја дрогира и мисли само на себе...
    Го погледнал ли некој нејзиниот инстаграм профил...
    Вистина не ја следам многу, актуелна е месецов нејзината приказна, се надевам дека некогаш ќе успее да врати дел од себе назад.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Малку општо- Како си на ЈуТјуб под псевдоним?:?: Не знам, можеби е така ама не знам.
    Барем ФБ не е псевдонимен, колку што ми е мене познато а антагонизмот во општествата оттаму почнува. Оти секој мисли дека е невидлив зад тастатурата и секој мисли дека има ,,демократско,, право да напише секакви бљувотини.
    И пак- форум и социјални мрежи не се исто. И пак, и форум и социјални мрежи имаат (или треба да имаат) правила за однесување. Реално, никаде не е во ред да кажуваш бљувотини, нити на училиште, ниту на работа, ниту на интернет. Оти од првиве две ќе ти следат општествени санкции, а од последново ништо? Или сепак не е секогаш ништо?:?:
     
    На Bezimenka90 и Nausicaa им се допаѓа ова.