На Мајкл Џексон што му направи славата? Ај сега не си ја разводнувај темата- булинг- интернет- јавни личности (вонаби)
И на Мајкл Џексон. И на сите. Не ја разводнувам. Баш тоа повторувам од почетокот на темава. Не е само за Миа. За сите е.
Принцезата Дајана знаеме сите зашто загина во сообраќајка, нема врска папараците, ај сеа не мешајте баби жаби. Да беа сите како неа, немаше темава да постои.
И пијаниот возач И папараците кои ги бркаа за да имате утрото 'сочен трач' Епа 'посочен' од тој што се случи, не можевте да добиете! Па колку сакате рационализирајте.
Е добро бе @WildMk ако толку е лоша славата зошто тогаш толку многу луѓе уште сакаат да бидат славни? Па се пријавувааат на Идоли и слични ствари. Сигурно има нешто што ги влече кон тоа. А одговорот ќе ти го даде одговорот на прашањето зошто не сме доволно емпатични кон нив.
Ти стварно не знам како резонираш, сто пати те прашав кои сме тоа тие НИЕ? Нит читам трач весници, нит Дајана ја пратев во развој нит пак уживав во некаква сочност. Ако не одат фактите во твој прилог, театрална стануваш секаде низ темите. Возачот имаше алкохол и антидепресиви во крвта, а ти ни П немаш од парламентарност. Гладот за крофни е бољи од гладот за трачеви...заклучивме и јас се одјавувам од темата, зашто полемика меѓу пристрасни луге е крш малце..
Мислев дека имав видено све. Мамо браво за темава! Имаше една девојка сега на 10ти тука негде, се самоуби исто ради хејт коментари. Мислам дека имала и мало синче мажот и или дечко и исто така ја малтретирал. Јас да бев на нејзино место за синчето ќе живеев.. Ама не си му на човек во кожа, затоа можеме само да нагаѓаме..
Ако се прашувам јас и славата е лоша, ако не е продуктивна и/или ако не е во интерес на заедницата и воедно на тој што е славен, односно негова лична воља. Ама не е за тоа темата. Темата е за односот на заедницата кој славните.
Славата и те како е продуктивна. Ете Лејди Ди си ја спомнала. Жената е една од главните причини зошто сме на овие сознанија за ХИВ вирусот и зошто била тргната стигмата во 90тите, најлошите години за тие што биле позитивни. Од персона нон грата што ги мислеле, бегале од нив како лепрозни, почнаа да ги прифаќаат лека полека. Се заради тоа што таа се има ракувано на слика со ХИВ позитивен човек, плус ја имаа сликано како седи со него во кревет. И не беше несреќа нејзината смрт, до ден денес е нејасно што точно се случило, се оди на тоа дека е атентат. Иначе жената најпродуктивно ја користеше славата, за едукација на феминизам, за човекови права, за подигање на свест за животот во земји во развој. Уште 1000 години нема да има таква личност, толку влијателна и обожавана од народот. Затоа и некому трн во око била. Штета. Малце оф топик заминав, ама славата може секој да ја користи како сака. Лејди Ди тоа го правеше на најдобар можен начин.
Тешко е кога човек е од онаа страна на приказната. Поубаво не можеше да биде кажано од она што го кажа Дензел.
Браво за коментарот! Да имавме повеќе такви инфлуенсери ко Лејди Ди немаше да живееме во систем со толку изместени вредности, а ликови како Тужбата немаше да имаат место во медиумскиот простор.