Вака интернет билунг може да има секоја особа без разлика дали е јавна личност. На форум можеме да навредиме,но не и некого постојано да го следиме. Во секоја тема каде што членот го има пишувано своето мислење и да се вади од контекст и да се прави булинг. Лошо е на форум да се посочува со прст кон некого,лошо е да му завидувате на успехот и да кроите планови како да му упропастите животот. Никој не заслужува навреди од различни аспекти. Луѓето се сурови и злобни,завидливи и алчни. Не може секој да ве сака,а ако некој не ве сака не мора тоа да го потенцира постојано користејќи подмолни зборови,манипулирајќи со сите,да те напаѓа за било што. Ако едноставно некого не сакаш воопшто не се замараш со тој човек. Луѓето едноставно имаат потреба да бидат сурови мислејќи дека се интересни,забавни. Од тој булинг,од тој збор може да доведе до страшни психолошки проблеми и во краен случај самоубивство.
Сега е многу полесно да критикуваш некого,имавте погоре споредено со порано и жолта штампа,тогаш имаше критики од новинарите а додуша и само за вистински славни личности,сега е се поинаку како што лесно стануваат "славни" преку ноќ некој никој уште полесно е да си читаат што луѓето мислат за нив,јер платформите што им носат слава им носат и критики,тоа е тоа.
Епа така де, се кренаа сите што некој си коментирал на форум против некоја инфлуенсерка. Да рипнеа така и за детено што не го награди никој во државава, а освои прво место по математика? И куп такви примери. Ние барем пробуваме да опраиме нешто тука, форум форум, ама бар си кажуваме мислење негде. Кој сакаш критериуми да дава кога и они се неписмени? Круг е тоа, си влече едно со друго.
Јас во претходната тема воопшто не сум упатена и сеуште не ни знам која е дотичната за која се расправа, ама само едно ќе кажам. Ако некоја личност е позната или јавна личност тогаш е многу нормално да е изложена на секакви коментари, критики, навреди, и кога самата личност се пробивала во јавниот свет требало да биде свесна дека може да дојде до тоа, и треба да знае како да се носи со сето тоа. И малце е глупо искрено да се коментира ова бар кај нас во нашава држава каде што и воопшто нема ѕвезди, јавни личности, они сами со сила се прават демек познати преку инстаграм, ама за мене тоа воопшто не е јавна личност, ниту позната. Секаде низ светот па еве и најблиску до нас се србите ќе ги земам за пример, познати личности се пеачи и глумци, само кај нас инфлуенсерки се познати а инфлуенсерка за мене е личност без занимање. До душа и се извинувам на изразот унапред ама кај нас тие што треба да се познати ете пеачи и пеачки се мртво пувало.
Се согласувам со @buba4e89 интернет булингот важи за сите. Ама еве има разлика. Јавна личност треба да се сноси со тоа бидејќи го избрала тој пат. Требе да знае да ги занемарува негативните коментари а негативните соодветните критики да ги направи со своја корист за да се подобри. Има реално и луѓе кои ја злооупотребуваат својата слава и сакаат да продадат нешто кое нема вредност и создава револт.Не е ни прв пат "обичниот народ " да ги разоткрие и веднаш бунт.Ако веќе се надминува граница на невкусни зборови и ти како јавна личност сакаш да упатиш некоја порака треба да бидеш внимателна со зборови а не со контра булинг. Обично не ми се допаѓаше ама еве на начинот на кој зборува ле мон Ребека во последното видео ... сменив мислење.
Зар има потреба да се отвори ваква безначајна тема ? Сметам дека треба да се отвори тема која ќе биде посветена на : студентот кој просперира на еден од Америчките најпрестижни универзитети, за малечкиот Питагора кој неправедно и незаслужено не ја доби наградата. Македонија има многу генијални умови, кои ете за жал не добиле внимание баш поради издигнувањето на некои х личности. Ете според мене тие лица заслужуваат 50 испишани страни, внимание, милиони коментари... Отварате теми за особи чиј единствен просперитет во животот им е инстаграм, трач рубрика и по некоја блам изјава. Не зборам за поединци, него во државава ги има повеќе такви. На пример : не сум јас родена да сецкам салата....или не мирисам на грав ко Вас и тако то.
Не сум упатена која е дотичната која не мириса на грав? па она не знае кој е филингот да јадиш домашен грав бреееј, глупоќа на нивоу. ЈА мирисам, па се туширам, се прскам со паррфем кој сум го купила, а не ми го поклониле, зашто работам реално и заработувам од чесна работа...е вуала, не мирисам на грав. А сме го јаделе дома и јас и моите деца најубавиот грав. Извинете, можда не е на место коментаров, ама стварно изјави од ваков тип ме иритираат. Демек они госпожи само по кафани јадат.
Насловот на темава звучи како само обичните луѓе се лоши и bullies а јавните личности невини и обесправени. Не треба да има булинг од никоја страна едноставно. Колку што имаат обичните луѓе моќ да навредуваат уште повеќе имаат јавните личности и не се штедат да ја користат нивната слава за тоа. Барем кај нас тоа е доказ со тужбата. Се согласувам и со тоа дека има многу побитни луѓе што треба да бидат славни, што постигнале некаков успех, што допринеле за општеството, што имаат некаков талент. Таквите не можат да дојдат на ред од овие со "инстаграм кариери". Што пак не значи дека заслужуваат да се навредувани, но кога некој прв навредува сосема нормално е истото да го добие за возврат. Спојлер
Темава е само за јавни личности или и за обичен народ? Се сеќавате ли на почетоците на Тоше? Јас многу добро се сеќавам кога дојде во мојот град да пее на плоштад (не памтам зошто некпј настан беше). Луѓето го исвиркаа, му зборуваа разно разни глупости и му покажуваа среден прст. Јас бев негде основно 7 8одделение и не можев да сфатам зошто го прават тоа. Тој само си испеа тоа што имаше,насмеан прекрасен каков што беше во тоа време. Дали Тоше се повлече после тоа? Само тој си знае како му било на тие години да доживее таква слава, имаше и поддршка но го имаше и ова. И Бритни беше славна во тинејџерските години, баш ја сакав но мислам не можеше да се носи со славата. За да си славен и да се носиш со тоа треба да имаш сила да се справиш со сето тоа. Да имаш контрола на емоции и да ги вртиш работите во твоја корист. Ако не можеш, не си го давај животот на јавноста. Еве и со јутубериве, мислат дека се славни или направиле се што сакаат ама секогаш има луѓе кои ќе те мразат и ќе ти прават булинг ккога веќе така го викаме тоа. Ене го ЏП ќе го спомнам, слушнете му ја песната Како мене, ги спомнува и хејтерите и мислам како младо дете добро се носи со нив. Мене ме загрижува сајбер булингот кај децата. Пред некој ден го имав во рака тел од син ми и го имаа додадено во некоја мсн група(со онлајн наставава само тоа прават). Читав што си пишуваа деца од 11 12години , одеднаш некое дете му напиша на едно девојче"краво"?!? Останав подзината и го исклучив син ми од таа група. Која е потребата од таков збор дете на дете? Со тој булинг што правиме?како можат деца во развој да се носат со тоа? Извинете на долг пост.
Отвори слободно каква тема мислиш дека е значајна за дискутирање. Постоење на вакви теми не ги исклучува оние другите, едноставно сите имаат/имаме различни интереси, па затоа и постојат секакви теми на форумот. Отвори таква тема и започни дискусија. Има тема за Детско насилство и за Булинг во училиштата.
Епа баш заради тоа што има 'повеќе' такви. И не само во државава, туку секаде во светот. Што кажува тоа за нас, како човештво? Дали нешто можеме да смениме, да поправиме?
Може. Да гасиме ламбата. Секако ќе се угаси еден ден и ќе нема кој да ја поправи, јер никого не го занима поправање ламби на инста.
Да бе, духот од ламбата ќе излезе и све ќе поправи. Последниве 30 години ако не се доказ за општа деградација во секоја смисла, не знам, да не живееме на различни планети.
Аман бе па ти... има и позитивни работи. Всушност, во однос на човечките особини/нагони, ништо не е реално сменато од денот кога настанал првиот човек. Еве, до сега преживеавме, ќе преживееме уште долго.
Не е ништо ново, туку сега со интернетот можеш да видиш кој што прави, па така делува. Кога во ваков свет што те цеди од работа доаѓаш дома, сигурно нема квантна физика да разглабаш. Ќе отвориш инста и ќе се релаксираш. Ете јас гледам видеа со животни, некоја друга ќе гледа туторијали за шминка, трета ќе чита хороскоп, четврта ќе прати трач вести. Сега трач вестите паѓаат во очи, ама тоа веќе е осуда за тоа како некој сака да тепа слободно време. Медиумите не даваат трач рубрики затоа што луѓето тоа сакаат да читаат. Туку луѓето тоа читаат, затоа што само тоа им се сервира. А тоа е најлесно за медиумите да дадат. На крај, Перса што се вратила од нива нема да решава равенки дома, туку ќе пушти ТВ и ќе гледа турски серии, пошто само тоа даваат. За да решава равенки и треба повеќе слободно време и поквалитетен живот.
Една добра стара гласи: „Ако си тргнал кон целта и притоа застануваш за да фрлаш со камен по секое куче што лае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта.“ Фјодор Михајлович Достоевски
Ептен оф топик ќе одиме ама... порано се пропагираа поинакви вредности ми се чини. Може не равенки ама крстозбори се решаваа, книги се читаа, знање-имање одеше на телевизија. Тоа е проблемот сега, што на телевизија се турски серии и реалити шоуа, на интернет реплика од истото. Плус предизвици за кое дете ќе направи поголема глупост за лајк. Се лепеле со супер лепак бе. Еве, не можам да разберам не-мо-жам. А реално на дискавери исто му се фаќа, дали ќе продуцира популаризирање на научни факти или реалити шоу. Оти е свртено кон реалити шоу?
Што кажува тоа за нас како човештво? Па мислам дека последниве години се дава многу значење и се величаат особи кои не треба да се величаат. Не може се да смениме, но за почеток може да се фокусираме на генијалците од цел свет кои имаат што да кажат и понудат - разум.