Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг на интернет кон јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 14 февруари 2021.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Поефтино им е тоа да откупат. Со кабловскиве кога почнаа, имаше некои програми ги забранија да се емитуваат, зошто луѓето почнаа тоа да гледаат. Значи и да си решила друго да гледаш, не може.

    За интернет, има сешто. Имаш избор, ама најчесто ако знаеш Англиски или најдеш со превод. Можеби на голем дел од народот и тоа им е дел од проблемот, не знам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе Бијонсе е недомаќинка да видете какви холокопки обукла невоспитана нејадела ќотек на време провоцира гола се слика има ли образ и срам детето ке ја гледа ке му се смејат во школо, ах јадно дете трауми ке има од неа, има 100 ебачи, а и црнец маж лелелел, да е Бијонсе од Македонија ова би изгледало вака, иако има талент, ама оти е жена ке биде газена од жени и уназадувана.
     
    На edna_malecka, Bezobrazna01 и Justicija им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Ама за жал тоа не им е интересно и така.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Па и Џеј Зи кога ја вараше Бијонсе збореше цел свет и се свртеа 300 верзии. Ги нападнаа и едниот и другиот, па не седнаа на инста да се жалат туку си ги решија проблемите меѓу себе и направија уште некое милионче од таа слава. Ако мислиш дека е страшно во Мк да си познат, оди прочитај малку за надвор. Ама не, плукни си по својот народ прво |(
     
    На LadyC, tinka-mace, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Ама глобален е трендов, не измисливте топла вода.
    Дискавери продуцира. Не разбирам како им е поевтино реално шоу наместо да оди еден снимател и еден наратор, да зборат откајзнам, за струја од ветерници и сончеви панели, на пример.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Грд збор е грд збор. Што не би му кажала на некој пред мене, не би го кажала ни на некој преку тастатура, само зашто можам и нема последици. Не ме интересира дали ќе прочита или не, нит па ме интересира да се приклучувам на глутници за забава, а факт е дека постојат. Многу невкусни работи се кажуваат, ама па и какви јавни фаци постојат... Ама нешто ми кажува дека уствари се работи за јинг и јанг, едното не може без другото а тоа кажува многу.
    А нормално ќе се најде и некој познат што ќе се истреска квалитетно и ќе забоде во очи ама на такви само им се укажува на глупоста и тоа треба да е последен пат некој внимание да им обрати, после се праќаат во заборав каде што и припаѓаат. Ама ова последново ако некој мене ме прашува.
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Па не знам, не се разбирам од продукција. Само претпоставувам дека ако прават документарец, нема да биде доволно тоа. Тоа е крајниот чекор, ама пак мора да стапат во контакт со научници, да направат интервјуа, да снимаат на повеќе локации. Зависи и од документарецот.

    Добра тема е ова за дискусија, само што забегавме офф топик. Кое е друго објаснување? Дека едноставно сме глупи?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    За Дијана, Принцезата Ди не е несреќен случај,така прочитав. Сакала да се разведе од принцот имале многу несогласувања. Она воопшто не сакала да се мажи за него, но била приморана. Добила 5 звезди од цела Англија бидејќи си била своја, едноставна жена без оглед на круната. Дијана сакаше еднаквост меѓу луѓето, меѓутоа Кралството се соочува со други влијателни проблеми од надвор.
    Да не должам, жално е да се става во ваква категорија. Нека си почива во мир.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не дефинитивно не е како тука тука луѓето имаат право се да прават и да вознемирувааткако булинг доживеа Тамара не сте свесни ја пцуваа, плукаа на улица не ја бранеше ни полиција ни ништо заради химна...
     
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А недај боже некоја да е лезбејка или геј од популарните тоа ке биде хаос... Нема да успее да се пробие тука заради гниди кои си гледаат само пред носот во животот и имаат предрасуди ограничени..
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ја плукале на улица? Жал ми беше и мене за Тамара, верувам дека беше ненамерна грешка.
    Не дека кај нас е подобро ама за разлика од тоа што се случува во странство, ова е ништо зашто ние немаме некои фаци. Не иди подалеку, погледни во една Србија што се случува прво таблоидите што пишуваат, па после луѓето и познатите. Се вреѓаат по емисии, на настапи, на социјални мрежи, па се тужат со години.
     
  12. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Сум против булинг да се разбереме. Но јавните личности понекогаш-најчесто го злоупотребуваат влијанието. Не сум видела некоја од нашиве јавни личности да направи нешто добро или да одговори на негатива без контра булинг. Секогаш во нивна корист ги гледаат работите или да продадат нешто 10 пати поскапо на млади кои дома ќе тапнат нозе бидејќи другарите и другарките имале. Баш тие се личностите чиј глас се слуша да имаат соодветна пропаганда против булинг а не ниски дрски муабети. Од друга страна тоа им е професијата. Ја работиш бидејќи си можел да издржиш факт дека не секој ќе те сака тоа ти е на рамно келнер ако згреши нарачка има негативен феес бек од муштерија и негативни кај газда и секоја професија друга.
     
  13. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    јавните личности штом се прават јавни треба да трпат и мислења
    кои не секогаш им се допаѓаат.
    на крајот на краиштата, ако нема критики нема ни прогрес камоли
    ограничување на лоши дејства.

    а кај нас има закон за граѓанска одговорснот за навреда и клевета
    иако во него пишува за јави личности и медиуми нема одговорност.

    посекако има слобода на говор и изразување мислења, нешто што
    за жал сегашнава власт на зајко кукумајко се труди да го ограничи,
    а со тоа и лавина на слични дејства во сите сфери на општеството.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ова ми е дискутабилно.
    Од стилот: Дали беше прво јајцето, или кокошката?
    Точно е дека тоа ни се сервира, ама и точно е дека има побарувачка за такви вести/емисии.
    Рачунај, мерат интерес кај публиката сите медиуми. И она што е најпобарувано, тоа најмногу се форсира.
    Да, ама на келнерот нема да почнеш да му го анализираш животот, и да го изнавредиш и испсуеш.
    Нели?
     
  15. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Па реално имаа .. од луѓе што ја работат таа работа добро ми е познато. Тоа што јас,ти и некој друг не пристапува така, незначи дека нема луѓе кои нема да испцујат или наведат или да анализираат и прашуваат а ти овде за стално ли си а деца имаш ли, а платен ли си добро и слично. Сакав како пример да го посочам и ја зедов оваа професија но го има во секоја. Исто така сакав да посочам дека многу е побитно како тие јавни личности ќе примаат информација и ќе возвратат на самата. Самиот збор јавни посочува дека тие се луѓе кои избрале да се во очите на јавноста и дека постојано ќе бидат мета на позитивни и негативни коментари. Тие самата слава треба да ја искористат да презентираат нешто добро. Јас освен во платени кампањи немам видено од нашава естрада некој да има конкретен став за нешто кога му се случува на друг. Кога им се случува на нив, имаат став. Ама тој став е возвратен со контра булинг. Тоа е целиот проблем. А сите славни се пратени од млади нови генерации и нивниот збор има многу поголемо влијание.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Едно е критика, друго е навреда. Вистина е дека неретко критиката се граничи со навреда. Сепак, тие се два различни поима. Јас Бритни Спирс ја слушам поретко, но ми се допаѓа како пее. Не знам каква личност е, а и не ме интересира. Не може секој да ја сака. Бидејќи и Миа Костова беше во фокусот, да бидам искрена, и мене ми е антипатична. Да бидеме реални, не можеш на сите да им се допаднеш. Да, не треба да се навредува и да ѝ се анализира животот, ама да тужиш членки на форум на кој речиси сите се анонимни е глупост. Си има соодветни казни на форумот за навреди. Но, доколку не ми се допаѓа некоја славна личност, вклучувајќи ги и самопрогласените славни личности, не ги следам на социјалните мрежи. Си следам само тоа што ми се допаѓа. Ретко коментирам, а кога го правам тоа, кажувам само убави работи.
     
    На Victorian, edna_malecka, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Многу е битен овој дел.
    Што се презентира, промовира и форсира.
    Пишав на другата тема... учење на масите на vanity, не е воопшто продуктивно.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Тоа е тоааа:!: (y)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Булинг е булинг . Без разлика од кој е упатен и кон кого . Сите сме луѓе од крв и месо , имаме емоции па макар имале милијарди фанови и обожаватели или сме тотални анонимуси .

    Од друга страна пак , бидејќи сме само луѓе , често грешиме . Свесно или несвесно . Булингот почесто свесно се прави и тоа најчесто од луѓе кои не си го " исчистиле својот двор , а судат за туѓиот " . Решението е многу , ама многу напор вложување во воспитувањето на сите генерации . За жал , барем на Балканов , тоа воспитување доцни едно 100 години . Јас како човек , се трудам да не вршам булинг на никој , се трудам и децата така да ги воспитам . Некогаш потфрлувам , не велам не ,и горко се каам кога ќе се сетам што сум рекла и што сум направила . Неретко се извинувам , но дали оној спроти мене ќе може да ми прости за мојата непромисленост и глупавост ?
     
    На edna_malecka, mode-kristina, Bezobrazna01 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Дечки многу е навредливо да се споредува Ријана, Бејонсе и Бритни Спирс со инфлуенсерка од мк со 37к следачи поише од пола за сеир што следат. Прво овие имаат професја и светска слава а не инстаграм кариера :D. Ова булинг на познати личности во Мк не постои, затоа што нашите познати личности самите плакаат да ги има на портали. Така да пало је у води името на темава.
     
    На Veta, LadyC, Leat и 5 други им се допаѓа ова.