1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Булинг на интернет кон јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 14 февруари 2021.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Треба малце да размислиме пред да кажеме грд збор.
    Едно е да кажеш "Не изгледа пристојно блузата".
    Друго е да кажеш "Види ја оваа ги ставила на изволте, ааа си го бара оваа, си бара нешто оваа". И ред други споредби човекот со животно мислејќи дека животното е навреда.
    Не не е навреда да кажеш "краво една". И тие имаат душа. Само зависи како гледаш на работите.

    Исто и за изразувањето.
    Многу лош израз имаме.
    "Не е во ред.."
    "Не е пристојно.."
    "Не е пријатно.."
    "Не е добро.."
    "Не ми се допаѓа тоа но може да смениш.."
    Скоро никој не употребува.
     
    На CrazyGirl15, christinnn, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Женски
    Були како були, си бара некој послаб од себе да го напаѓа, не сакаат фер игра, секогаш го бираат мирното дете што си седи само на голем одмор. Во случајот јавните личности се послаби бидејќи не можат да се одбранат, да возвратат и да се докажуваат на секој еден што ги напаѓа.

    Ако разграничиме насилство и критика тогаш - мене ваквото насилство дали на јавна личност или не, ми е домашно невоспитување. На добро воспитана личност нема да и' доаѓаат погрдни зборови. Изградена, самосвесна личност нема да има време и желба за такви ниски удари.

    Друга важна работа е и однесувањето на таа јавна личност, како се носи со критики, дали отворено ги прифаќа како можност за подобрување или ја сфаќа како атак на кој дрско ќе се спротистави. Ако јавната личност одговори со исти удари тогаш тоа е еден бесконечен круг на навреди и булинг.
    Во момент на слабост селектираш што навистина ти е вредно да прифатиш, си земаш тајм оф, работиш на себе и се враќаш посилен, а се' што не било вредно до тогаш ќе биде заборавено.
    Не знам дали има некаква поврзаност со темата, но Лејди Гага ми е еден добар пример за како да се носиш со славата.
    Јас не можам да се справам со навреда (некогаш и добронамерна критика), се' си земам при срце и затоа немам аспирации за јавна личност. Не би градела кариера по секоја цена и цена на моето здравје. Треба да си свесен колку можиш да издржиш.
     
    На christinnn, buba4e89, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не треба да постои булинг и gossip, мене отсекогаш ми биле одбивни овие работи ни како мало девојче не сум се приклучувала на булинг и озборувања у школо и у маало.

    Доколку постои причина сум за критика али на повеќето не им е тоа намерата да направат некого подобра личност туку едноствно сеирџискиот порив да си го задоволат и очигледно не можат внатрешните конфликти да ги решат кај себе па ги решаваат кај други кои патем не можат да се одбранат мене тоа ми е ниско, злобно и подло а само замислете како им е кога ќе ги прочитаат сите тие навреди и омаловажувања...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Дали е булинг тоа што некои на Јелена Спенџарска и пишале во ДМ на инстаграм колку е грда. Не се сеќавам точно што и пишале. Жени и пишувале нешто во стилот дека кога ќе видат колку е грда се заблагодаруваат на Господ за тоа какви се они.

    Јас мислам дека не е булинг. Булинг е појака форма на малтретирање. Булинг би било јавно да се објавува нешто од нејзе и тоа да стане предмет на дискусија и хејт да и маваат поголема група на луѓе. Булинг би било да ја бркаат наоколу и да и го кажуваат тоа, да ја провоцираат и да ја малтретираат.

    Јас бев жртва на булинг во училиште, ме исмејуваа, ме навредуваа и ме прозиваа на секаде со провокации и навредливи зборови. Некогаш беа поголеми групи, некогаш поединци, но тоа се случуваше лице в лице и пред поголем број луѓе. Некој на само да дојдеше да ми каже што има, тоа не е булинг, тоа ќе беше расправија. Исто и ова со Спенџарска, булинг беше кога ја брукаа со снимка од емисија каде нешто кажала, се скарала со гледач и тоа и го споделуваа и ја исмејуваа, а вакви пораки од поединци кои директно ја навредиле, не значи ништо, може да се расправа со нив, а може и да ги игнорира. Да не објавеше и да не кажеше дека и пишале, никој немаше да знае ниту да го боли уво кој што и пишувал. Тоа останало таму негде во пораките. Или и во живо да било, ќе останел муабет помеѓу нив и толку.
     
    На CrazyGirl15, christinnn и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Булинг е булинг и последиците се исти кај секого.
    AC624BC8-34CE-430D-B0C2-3DCD60272183.jpeg
     
    На Independent Girl и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Булинг е.
    Гуглав за да видам која е.
    Низ толку линкови за тоа, што облекла, што направила, со кој била во врска, одвај најдов инфо дека е водителка.

    Ќе го земам за пример Нил ДеГрас Тајсон.
    Ако критикувам нешто, тогаш би било поврзано со она што го работи и промовира.
    Доколку не се согласувам со нешто од тоа, се разбира.
    Ама нема да му го коментирам и критикувам изгледот и приватниот живот.
    И сигурно нема да му речам 'Грд си, фала му на Господ што не сум ко тебе грда'
    Тој ја популаризира физиката, јас да мислам на тоа дали бил грд или убав??
    Шо прај разлика како изгледа?
    Или со кого бил во врска?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Како за земја со скоро непостоечки работнички права и што уште не во распаѓање, многу засекирани за коментари на форуми и социјални мрежи сме.
     
    На темјанушка, butterflysk, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Ве молам задржете се на темата, без оф-топици и навреди, лични проблеми решавајте по лп. Благодарам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    А може и има причина зошто никој не го коментира него врз база изглед. Не може да промовираш како изгледаш и тоа да ти е дел од работата, реклами за фризери, бутици и козметичари и слично, и после да си навреден ако некој ти го коментира изгледот.

    Да сумирам, секогаш добиваш коментари поврзани со содржината која ја презентираш. И не можеме некоја инфлуенсерка од инстаграм да ја споредиме со Нил ДеГрас, никако.
     
    Последна измена: 19 февруари 2021
    На M.B. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Точно. Булинг е ако јавно се пишува негативности за нешто поврзано со личноста, како што наброја ти. Ама во порака ако и пише некој тоа е само вознемирување.

    Плус не е само водителка. На инстаграм се претставува како многу нешта. Пример зборува за мода и облека, за храна, тука таму споделува лични работи, патувања. Се претставува и како модел, промовира некои онлајн продавници. Сака и life coach да биде, прочитај под сликите каков опис става.
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ако јавно и пише е булинг, а во порака не е булинг туку вознемирување.
    Не боли тоа што не се гледа, а?:tmi:
    Кога некој кажува нешто за некого со самиот начин на кажување повеќе кажува за самиот себе отколку за другиот.
     
    На WildMk и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Па мене не ме боли ако некој ми пишува, а нема сила да ми каже в лице. Bullies малтретираат бидејќи те сметаат за послаб од нив. А вака од лажни профили секој може да пишува и прави што сака. Реално не ми може ништо преку тастатура и од лажен профил. Ако објави јавно веќе ќе ми руши углед или ќе ми шири озборувања.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Работата на фризерите, бутиците и козметичарите, нема врска со тоа дали некој е 'грд', или не.
    Може да не ти биде убава фризурата, или шминката, или облеката.
    Но зошто воопшто муабет ко: 'Фала му на Бога што не сум грда ко тебе' ?

    Има начин како да се каже било што, без некого да навредиш.

    Без разлика. Исто е булинг.
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Апсолутно не е во ред обраќањето ни па сум помислила некому така да се обратам. Ама не значи дека ќе прекинат да постојат секакви луѓе со секаков речник.

    Како и да е, поентата моја беше друга. Не можеш Нил да го споредуваш со инфлуенсерките на Инстаграм што практично живеат од својот изглед. Значи споредба на астрофизичар и инфлуенсерка не можеш да правиш.
    Уствари ненормално е вториве што имаат некаков кредибилитет да зборат на сериозни теми без воопшто било каква стручност. На пример за вакцинација зборат личности што немаат никаков кредибилитет, ко оваа пресветата.

    Содржината што ја нудат отвора простор за секакви коментари. И секој човек кој сака да се бави со јавна работа треба да да е спремен на секакви коментари. Тотално сулудо е да придаваш значење на такви негативни коментари, а ако придаваш, едноставно бави се со друга професија.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Значи луѓето се и ќе бидат безобразни и не можеме ништо да смениме?

    Да ја затвориме темата тука. Најарно ќе биди. :lol:
     
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Не, туку треба да си го сменат ставот кон негативни коментари ако веќе се бават со јавна професија.
    Не знам зошто не се разбираме :)
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да не реагираат на навреди и да не навредуваат тие?
    Така те разбрав.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Ми текна за еден човек кој е многу скромен, а при тоа јавна личност и пребарав да видам дали нешто има за него на форумот и што. Најдов само пофалби. Некои и лично го знаат, па ви позавидев. Држи вода дека во народот има глад за сеир, критики, но на крајот мнозинството повеќе ги сака луѓето кои многу работат, а малку се фалат. Инаку, феминките се многу активни на Инстаграм, и затоа знаат што се случува таму. Јас на пола социјални мрежи сум мртва, и скоро дознав дека на Инстаграм можеле и пораки да се пишуваат, мислев само фотки се постираат.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.152
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Има тема за булинг на Интернет кон јавни личности а нема тема за булинг на обични луѓе?
    При спомнување на сајбер булинг, најпрво ми доаѓа прашањето - зошто? Што го тера човек на тоа? Мислам дека тука лична несреќа е во прашање. Личната несреќа бара наштетување на други и наоѓа задоволство во тоа наштетување. Светска јавна личност е изложена на огромна маса луѓе, секакви луѓе. И има секакви болни умови креативни во своите злобни намери. Да, јавните личности си имаат свои преокупации и попаметна работа од обрнување внимание на некои вакви ликови и нивните ниски удари и постапки, но не се имуни, сепак сите имаме душа.
    Всушност, барав тема општо за Интернет булинг, мислам треба да има посебна. Или оваа да се преименува, да не мора да е само за јавни личности.
    Не знаеме ничиј живот, не знаеме ничија состојба, зошто мора да има негативни, злобни ликови? Зошто и како некој станува таргет на вакви? Зошто ширење немир?
    И уште, темава била во Кафе муабети? Ова е сериозна тема, во Општи дискусии би и било посоодветно место...
     
    Последна измена: 27 февруари 2024
    На злоба, ArabellaStarfall и Cutiepie1 им се допаѓа ова.