И јас ја гледам кај што ја гледаш и ти, инаку сеуште игра во Турција ама премногу се напред за да ја гледам на турски. А и немам време па вака еднаќ неделно супер ми иде по една епизода
Затоа и толку допира до нас. Серијава е за "мажиштата" како Али да видат како влијаат овие работи врз децата. И кога викаат дека тоа не е нивна работа,децата не се роботи без чувства па да се прават слепи и глуви, како ништо да не се случува.
Koлку што знам Спојлер бракот на Ахмет со Амина нема да им биде најголемиот проблем пошо покасно коа овој ќе побара развод, женава нема да прави проблеми. Партијата на Екрем (татко му на Хакан) ептен ќе го гонат Ахмет понатаму, дури и ќе му спремаат атентат, ама прво мајка му ќе погине од шо ќе проба да го спаси од убијциве. После ќе биде заробен и во болница и во многу тешка состојба шо го праи уште полесен плен од порано. Берин ќе се омажи за Хакан за да го спаси Ахмет, пошо ќе сакаат да го см'кнат а овој и` вети дека ќе му помогне да избега и ќе му го поштеди животот (шо според мене е стварно дебилен изговор али нејсе) и ќе го исполни тоа и после ќе се земат. Ќе имаат ќерка, Зехра мислам се викаше. Но, проблемот настанува подоцна кога Ахмет се враќа во Турција и нешо пак со Берин ќе биде шуш-буш...малиов Хаканчо ќе се изнервира и ќе се разведат, ама ќе средат целосното старателство над Зехра да му припадне на Хакан и Берин ќе шизне и овој ќе и` се избаци нешо у стил „Да те занимаше ќерка ти, немаше со Ахмет скришно да се глеаш“ нешо демек Ана Каренина момент. Дотука знам. Иам некој feeling дека оваа ќе остане без двајцата.
Иако сум по плавите во случајов Хакан е поубав, Ахмет е подобар. Берин е срцка во вистинската смисла на зборот. Ајлин ми е најубавка, ама што и е проблемот со овој стариов? Му фрлила поглед се тресе цела коа му се јави, Мете па ја засака професорката по музичко ајдееее, мораше негде недостатокот од вистински татко да се покаже. За овие Каролин и Али колку и да не сакам да знам, баш ме интересира што ќе биде понатаму со нив, идиоти низаедни. А овие упикувачиве братот и снаата на Али НЕ ГИ МОЖАМ. Значи желудникот ми се превртува кога ги гледам какви лижачи се. Подлизурковци бре, јаз`к да ви е, ПУ! И ќерка им Месуде иста како нив, „многу си убава Каролин“ њњњ. Старава како ги трпи алал да и е. А Али...најлош пример за татко што може да постои БУКВАЛНО. Осман е најгревче, сирото дете. Ајде ајде станува се поинтересно, колку и да е тажно, ја сум сигурна дека постоеле и такви слични случаи што ја инспирирале серијава.
Мене на почеток ми беше Берин омилена, ама како оди дејството искрено и од неа и од Ајлин почна да ми се се*е. Најкарактерна ми е дефинитивно Хасефе, бабата. Права мајка (не само на Али и на Кемал, туку и на Џемиле), права баба за сите внуци подеднакво. Џемиле исто само што (по мое) не е многу тактична со децата нејзини иако е добра и чувствителна мајка. Воспитување на деца бара и да си добар стратег. Ќеркиве ми се тешки искомплексирани гуски, особено Ајлин. Мразам жени кои во животот го лижат она што го плукнале, едноставно мизерно изгледа. Берин карактер нула. Од таа нејзина заслепеност по тој коњскиот зуб не знае да рассудува како што треба. Спојлер Кога Хакан ги спаси и двајцата, кокошката на Ахмет му се заблагодари, а на овој ни збор не му кажа а после се мажи со него...мизерија Ајлин, ништо поарна. Спојлер Како и` се изразвика на мајка и` тогаш кога дозна дека работи како чистачка...е тогаш ептен ја замразив. Мете можеби е избувлив ама како карактер ми е најсимпатичен. Зад тој негов бес се крие едно мошне праведно и емотивно чоече. Единствениот проблем му е тоа што татко му не му покажал љубов во животот туку само по јадење ќотек му ги памети средбите со него, се сеќавате коа го тепаше Неџати како се пребаци на моментот татко му како го тепал. По мое, арно толку што издржал. А дека се заљубил во млада наставничка, тоа скоро на сите пубертетлии и адолесценти им се дешава, било момчиња или девојки. Осман е душа. За карактерот не зборам многу пошо уште е мал и е главно набљудувач на се` што се дешава.
Откако почна серијава и откако го видов Али одма реков ист како татко ми... и нас така ни правеше тој, ист ама скроз ист.... Инаку не е фер ако Берин остане со Хакан а онаа Ајлин, е она сама си го бара, што бара со човек кој може да и биде татко
Морам да те разочарам, ама само што прочитав низ спојлери погоре Спојлер дека Берин ќе се омажи со Хакан и ќе имаат дете, ама Ахмет ќе се врати и пак ќе почнат да се гледаат, па Берин ќе се разведе со Хаканчо и...не знам, се надевам ќе остане со Ахмет Џабе е што Хакан е и поубав и побогат и не е замешан во политика, Берин е заљубена во Ахмет и тоа е тоа.
Mа со кој сака нека остане, малце да ми се наполни душата да ги гледам заедно Mногу ми е смешен каков е изгубен по нејзе. A мене Aли ич не ми делува дека е заљубен во Kаролин, заљубено машко не се однесува така, некако многу ладен е спрема нејзе што знам, не ми делува дека ја сака
Оооо Ајлин дама ипол Ама онаој нејзинот можелам малку помлад да го направат вака некако не ми одговараат
Леле, мене овај Хакан ми е срцка, па кутриот колку беше интересен кога плачеше. Ќе ми биде мило ако Берин биде со Хакан, и не сакам да се разведат како што зборувате, сакам да бидат заедно засекогаш,ма да не постои вечност...тој Ахмет глупав ми е , сељак. Никогаш да и дојде паметот, си нашла фин дечко, а она трча по тој Ахмет. Браво за старчето, како издржува! Супер бабичка. Гоу,гоу. Како се и плеска на Каролин, сите ги сака, ги брани. Браво, онаква свекрва сакам. Ајлин колку беше убава...вау, ама што гледа во тој Сонер? Плус 30-40 години поголем од неа, нема ништо харизматично во него, а оваа се затрескала, па татко може да ти биде. И, да што ќе биде со нив, знае некој?
Mоментално се снима и дава 2 сезона, а како штоп прочитав ќе се снима уште 2 години и ќе има 4 сезони.
Ајлин и Сонер... Спојлер Ајлин е заљубена во Сонер, ама тој во неа не е. Сонер има помлад брат кој боледува од тешка болест и има уште година живот, инаку од школото на Ајлин и е заљубен во неа. Во една прилика вработениот негов ќе ја спаси Ајлин кога ќе сакат цигани да ја грабнат, ќе им отидат со Сонер и ќе ги натепаат и избркаат за да си е раат девојчево. Сонер ќе и понуди на Ајлин договор според кој ако се омажи за братот негов помал, откако тој ќе умре Ајлин да го добие целото богатство и имот. Кога ќе сфати Ајлин дека Сонер не ја сака неа туку сака да ја спои со брат му ќе полуди, многу долго ќе размислува и плаче на 5 минути, мајка и нема да дозволува брак од интерес, ама таа ќе реши да се омажи. Во меѓувреме Сонер ипак развива чувства кон неа. Мене Ахмет ми е кретен и како карактер и на фаца, не можам да го сварам. Ја за Хакан навивам од почеток, ама тешка глуперда ќе излезе Берин ко шо глеам.
Абе он се понаша така зошто она сама си се открива со своите глупи потези као на пр. заткулисниот потег со спавачата под перница и онака мислам дека пошто само проблеми му донесе веќе го нервира и го вади од такт А за заљубеноста и ја мислам дека не е баш она љубов туку го привлекува прво зошто е многу убава... второ зошто е згодна и преубаво се облекува, таква жена во Турција во тоа време не се наоѓала баш-баш просечната жена била домаќинка како Џемиле + оваа е од Европа а-у, а трето мислам дека е зошто му се улизува премногу. И четврто - МУ ДАВА. Лелееее па и „татенце“ кога го нарече ми идеше да се убијам дали е до мојов ум или стварно дрти звучеше