во епизодата кога али се враќа од болница и на врата се среќава со берин во позадина иде една песна што многу ми се допадна, да не знае некој како може да ја најдам.
лелеее овој гадот Али како моше да е таков идиот! не ми се верува што се шета на светов? А КЕРОЛАЈН му го сврти грбот бе, е не ќе се замара со болен средновечен маж, кој знае што Спојлер гомна има матено, се нервирам кога гледам, жално е што има околу нас вакви случаи сепак серијата емногу убава, доловен е секој момент!
Песната е турска преработка на позната песна од Мери Хопкин Those were the days Песната на турски се вика Üzüntüyü Birak Yasamaya Bak . еве ти линк на Youtube
^ Нена гледам дека добро ги знаеш песните, па би сакала да те замолам ако имаш линк од песната што ја пееше наставничката во училницата кога дојде Мете.
Песната е италијанска Non ho leta . Еве ти линк Сара се уште се снима. Во вторникот беше 70 та епизода. Планирани се 4 сезони.
Изгледа таа Кароли му ги сакаше парите на Али што малку ги заработува.Мете некако ми е многу избувлив.А Ајлин можела бар да се заљуби у некој кој малку е помлад а не овој татко може да и биде.Јас мислам на крај оваа другарка и на Берин и овој богатиот ќе бидат на крај заедно.Сега ме интересира кој ќе ја најде Берин и како.
Еее и јас за тоа навивам, шо ќе му е оваа мивкава, леле омилена ми беше на почеток а сега ја мразам... Спојлер Е сеа вака. Дебилов Ахмет ќе им се јави на киднапериве и ќе им се предаде, ќе се договорат да се најдат и они да го фатат него а да ја ослободат Берин. До договореното место ќе дојдат заедно со Хакан на мотор (ќе биде баш фраерче, плакнев очи тогаш ) и ќе го зафркнат (во колата ќе има друга девојка со нејзината облека со покриено лице) и ќе го заробат и него. За тоа време Хакан скришно посматра ситуација. На крај Хакан ќе отиде во куќата кај шо ќе ги држат заробени Берин и Ахмет и откога ќе види дека само еден ги чува ќе го затекне и ќе го нападне и ќе ги ослободи и двајцата. И да, нормално кокошката Берин ќе му се заблагодари на Ахмет. ТОЧАК а на Хакан нема ни едно „фала“ да му каже.
Нели има и ваква наша верзија??? многу ми беше позната кога ја слушнав, се си мислам дека има и на македонски, или се лажам?
^^ Позната ми е песната премногу, како од порано да ја знам, како да сум ја слушнала на телевизија со македонски текст или српски, или и јас сум во заблуда како форумџиката погоре?
Ете тоа незнам, изгледа треба прашањево да се постави во "Барам песна", ама тешко дека ќе ја најдеме, или постои, или ние така мислиме...