Прекрасна серија.. На почетокот и мене не ми се допаѓаше Сонер, но сега ми е еден од омилените... И покажа на Месуде каде и е местото. Spoiler Читам што ќе се случува понатаму и не ми се верува. Серијава заслужува среќен крај. Морало ли Ајлин да умре. Баш сакав среќно да живеат со Сонер, така да заврши.
Леле овој Мурат во последно време ама почна да ме нервира, размазено детиште. Се на тацна Сонер да му стави и после зошто вака зошто така. Многу ме нервираат луѓето што чекаат се на готово некој да направи за нив и само нешто ако не им се погоди одма го креваат носот.
Spoiler http://www.youtube.com/user/lalitergaston/videos Овдека ги има скоро сите видеа од серијава....
Сара јас колку што разбрав Spoiler ке се фатела со татко му на Хакан, тој богатиот стариот е јас ја мислев каролин за малку попаметна, ова ако е вистина
Spoiler Kаролин ке му роди дете на Али и ке си замине за Холандија со Егбер, додека е Али во затвор за убиството на рибарот на свадбата помеѓу Џемиле и рибарот.Али пука во рибарот а бабата пука во Али.Детето на Али и Каролин го чува Џемиле и бабата.Џемиле како наследник на имотот на рибарот станува газдарица на фирмата.Потоа Каролин се враќа и соработува со Кенан кој е бивши маж на Селма,таа мрднатата жена на рибарот и и ја одземаат фирмата на Џемиле и со незе упевуваат кенан и Каролин.Каролин се разведува од Али и бара старателство над детето.Али кога се враќа од затвор е изменет и стално се мува околу Џемиле и децата и секогаш им е при рака кога им треба помош.Со помош на селма Али и Џемиле дознаваат дека Кенан има стара илапела мајка. Али ја киднапира и го уценува Кенан да му ги даде документите за фирмата за тој да му ја врати мајката.Каролин го разубедува и почнуваат да се тепаат и доѓа татко му на хакан и ја спасува каролин.Али ги добива докуметите и ја враќа бабата а документите ги носи на суд и судот и ја враќа фирмата на Џемиле.Инаку куќата на Али стои празна а тој живее на брегот во една дрвена барака и демек го изиграва рибарот
хм... па и јас кога ќе поразмислам ахмет и мене ми е поубав. Особено кога не му е косата наназад зачешлана
Све све ама како ме изнервира она Осман кога извикуваше утка гугутка, утка гугутка да беше до мене ќе му залепев едно шамарче
Мене Хакан ми е поубав и како лик и како се. Тој колкава жртва ќе поднсе за Берин, Ахмет никогаш нема да го направи тоа. Јас не сакав Spoiler Ахмет и Берин да останат заедно. Напротив Навивав Берин да го засака Хакан.
И јас сакав Хакан да биде со Берин . Ахмет ако толку ја сакаше требаше да се тргне од неа за да не ја внесува во проблеми . Тој првата прилика да останат кај него дома и се качи. И после тоа оди ризикува крева востанија ,го земаат во полиција ,оди на ризик за државата ами Берин ? Не требаше да влегува во сериозна врска Ахмет кога сака да има таков бурен живот .
И мене Хакан ми е поубав и сакам Берин да биде со него, ама тоа е тоа нема они мене да ме слушаат, такво си е сценариото.
Јас физички велам дека ми е поубав незнам дека е плав изгледа. А како карактер не ми се допаѓаат ни едниот ни другиот. Едниот разгален, почна да трча по Берин и да ја гњави иако таа не му обраќаше вниамние, а другиот си игра револуционер нешто таму животот си го упропасти.
crtanfilm јас ова го кажувам бидејки ја имам глеано до крај на 2 сезона. Понатака ќе видиш до каде ќе оди љубовта на Хакан кон Берин.