гледав неколку епизоди од серијава, и онака најголем впечаток ми остави таа професорката, Инџи мислам се вика...кога и паѓаше косата...душичка
Mногу им е лош преводот.Каролин не му вика на Али : Јас сум мирна жена а твота Џемиле за која мислиш дека е мирна жена, таа е бремена...... Всушност Каролин вели : Јас сум чесна жена а не како твојата Џемиле..... Значи разликата помеѓу “мирна“ и “чесна“ е голема !! Истото го имам приметено и кај Величествениот кога го гледав со превод и ова што кај нас го кажуваат !!
Во право си топрак многу грешки има во нашата синхронизација подобро ќе беше да е на турски на македонски дури и ефектот се губи
да многу грешки праваат и насловот на серијава не терба да е Бурни Времиња туку -"Како што времето одминува" не прведуваат убаво..
јас мислам дека така го преведоа затоа што имало и некоја англиска серија преведена кај нас Како што одминува времето. барем така слушнав
Ама и на англиски да е тогаш “мирна“ е peaceful а “чесна“ е honest , или innocent што би значело “невина“ или “чесна“. Така да мислам не е ни до англискиот.Некогаш некои зборови и по логика треба да се преведуваат. Некно го слушам Али односно Дац кога отиде да ја бара Џемиле кај ке абортира па отиде кај братму и на таа Нериман и вели : Абе овде живееше една бабица не и го знам имотот !! А Нериман вели : Што ке ти е тебе бабица ?? Па ово вели: Добро не е важно... и заминува !! Абе каков имот, гарант чита од некој текст во кој сигурно требало да пишува; Не и го знам името а не имотот и овој Дац без размислување чита како што му пишува таму без логички да размисли !!
За ова незнам, но за Величествениот имаат кажано, дека не преведуваат правилно, затоа што кога им давале преведено, било премногу литературно. А они го измениле, затоа што мислеле дека не се сложува со временскиот период, кој е прикажан во серијата, бидејќи сепак тоа е во минатите векови, а преводот, од денешно време, и се било сува литература, и токму затоа имаат вметнато и турцизми.
нешто ми помеша постои англиска серија As time goes by http://www.imdb.com/title/tt0105943/ што ја давале кај нас и ја превеле Како што одминува времето и изгледа за да биде различен насловот турската ја преведуваат како Бурни времиња. ТОа сакав да кажам. а преводот во сериите не е како што треба тоа се согласувам само насловот не е некој проблем во споредба со синхронизацијата. Се надевам сум јасна овој пат
па и не преведуваат со турцизми во Величествениот, повеќе турцизми во народните приказни имам слушнато
Да, има шарм и јас го засакав. Еве погледнете и некои фотографии, да го видите во друго издание. Во серијава ептен озбилен и постар го направиле. Спојлер еве го и со Шефкет
Cонер во приватниот живот има 37 години, а во серијата го направиле да личи ко 45, демек дупло постар Aјлин!
во серијата на почетокот спомнаа дека има околу 35 кога се запознаваа со ајлин значи таман си е --------- мене на почетокот сонер ми беше ок ама покасно кога поразмислив што знам некако зошто се заљуби во ајлин кога самиот тргна по неа за да ја бара за брат му? Ајде добро тоа се заљубил во девојката што требаше да биде за брат му, ама не ми е јасно зошто некој на негови години се заљубува во девојче со школска униформа и кики фризура? Барем повозрасна да ја направеа ајлин тогаш да изгледа. Сега изгледаат таман ама на почетокот.... а тоа не е ништо споредено со играчките со месуде незнам не ми е и тој баш како што треба деф.
Единствено што можев да сватам од биографиите за Yeliz и за Aras е дека она има 25 години, а он 22. Ќе може ли некој да ми ги преведе биографиите, и по можност да ми кажете некои други филмови каде што глумат они двајца?