Спојлер Тој е полубрат на рибарот и сака преку Селма да дојде до наследството и ке успее во тоа и делот на Џемиле ке го земе а Каролин ке му помогне
Некако Џемиле ми стои како да нема ПОИМ од бизнис и раководење со фирма а сепак стои на чело на фирмата..Кога тврдоглаво кажа на состанокот дека треба да се вложува и во работи кои немаат добивка-превртев очи.Тоа што е напатена жена и знае дека на таквите им треба помош,ако сеуште ја пече таа рана не треба да раководи со фирма.Прво вложи за да имаш,размножувај па давај со срце!Не да дадеш што имаш и фирмата да пропаден.Сепак ако гледаме од хуман аспект многу луѓе би останале без работа и тако даље,да не ја тупам.Зборот ми беше дека не е искусна за раководење а сака планини да поместува!Кенан или ако и да се викаше тој сепак има искуство.Многу се залета Џемилка!
ама сепак серијата е топ,не ја пропуштам ниту една епизода ,многу е поучна ,само некогаш со време сум ограничена а немозам да ја најдам на интернет со превод да ја гледам ја наоѓам само на турски ако знае некој нека пушти линкче ако испуштам некоја епизода да си ја гледам поз
Јас првата сезона не ја пратев, некако ми се чинеше дека не чини, ама интересно ми е во вторава. Најмногу ја гледам во поглед на семејна драма, а воопшто не ми е интересно тоа што се киднапираат, пукаат и лажат меѓу себе. Ми се допаѓа семејството на Осман, сакам да ги гледам како живеат и како од ништо створија нешто. Нешто свое, после тоа од првата сезона што имам видено дека живееа во една немалтерисана барака. Џемиле ми е многу убава, браво за изгледот. Исто и Османче, многу добра синхронизација на детенцето. Уште да напоменам дека кога има сцена со Каролин, јас си вршам домашни обврски. Не можам да ја сварам! А за Али пак некако ми е жал, после се... Да видиме што ќе биде натаму.
Првата сезона ја гледав, интересна беше. Сега пред неколку месеци започна втората. Не ми се допаѓа. Зошто секогаш во турските серии е така? Мора нешто да направат што ќе ја направи серијата глупава.
http://www.youtube.com/user/turnmeon998?feature=watch еве тука ги ставаат епизодите од филмовите меѓу кои и бурни времиња
Може малку се поназат од нас ама ке ти сврши работа.Еднаш неделно ја даваат новата епизода. http://www.natabanu.com/serija/kako-vri ... olazi.html Овде барем ке им ги слушнеш оргиналните гласови.
Џемиле гуска, Ифет гуска, Филиз гуска, Арчана гуска.......можно ли е да постојат вакви жени по светов. Ај овие другите, и така и така, ке речеш филм,ама за џемиле не можам да се начудам бидеќи велат дека тоа е вистинска приказна !!
Ја искрено не верувам дека се ова што се случува е вистина.Можеби вака површно да,ама толку до детали не ми се верува. Вторава сезона е премногу досадна и многу навлегуваат во животот на небитни ликови.