Хурем и мене ми е Мете симпатичен, ама онака тој е по... женски тип на убавина, убаво лице, полни усни, убави очи, нос. Хаканчо ми е баш тип.
Oваа женска ли му е? па не е нешто убава што е ова у превод? Mакедонија? да не пишале лудо од Mакедонија сака да те мажи?
http://www.kanald.com.tr/oylebirgecerza ... izle/19002 ja koj saka da vide deka ke ima nadez za berin i hakan
E ako ви кажам што вели вашиов омилен Хакан (кој јас ич не го обожавам оти беше голем плачко пред сите а посебно пред татко му до последен момент додека не го убија) и вие ке се разочарате Ова е интервјуто во кое тој одговара на прашања поставени од новинарот http://blogcuzehra.blogcu.com/makedonya ... m/13389388 Се вика Салих Бадемчи (Salih Bademci) и роден е 15 август 1985 год. Вика имам 28 години ама одлично глумам четириесет годишник. Роден е во Измир и до сега играл во три серии.Barda - 2006, Elveda Rumeli (Збогум Румелија) - 2007, Öyle Bir Geçer Zaman ki (Бурни времиња) - 2010. Серијата Збогум Румелија се снимаше во Битола и режисерот на серијата Сердар Акар му бил многу добар пријател. Новинарот покрај разни други прашања му го поставува прашањето дали сеѕште се гледа со својот стар пријател Сердар Акар. И сега овој објаснува, во 2007 го повикал Сердар на телефон да дојде во Македонија и да игра во серијата и овој без да размислува,незнаејки ништо за проектот веднаш рекол “ДА“.Подоцна од неговите пријатели дознал дека во македонија владее мафија за органи и дека има шанси да го нападнат и да му ги украдат бубрезите.Картата му била чекирана и дури размислувал да го откаже летот за македонија.Кога стигнал на аеродром имало големи процедури со документите и повторно го фатило страв да не му се случи нешто. Мислел дека нема никој да го пречека бидеќи според договорот требало да дојдат по него но во холот немало никој и мислел дека нема да може да се снајде, ама подоцна се појавил некој човек кој држел табла на која пишувало Збогум Румелија. Со страв му се приближил на човекот кој требало со возило да го однесе до Битола.Цел пат го поминал со страв, дури ниту цигара не земал од него кога му понудил. Ова е делот за македонија ,подолу во текстот пишува за Бурни времиња,дека таму игра 40годишник со бела коса,зборува за реклами во кои учествува ,за облеката во серијата и за ’70 - ’80 тите години и за неговиот стил на облекување за кое вели дека е спорски и дека најмногу носи фармерки.Текстот во статијата е со повеќе прашања ама ете новинарот од сите теми одбрал случката за македонија да ја стави како наслов. Инаку насловот на статијата е многу чуден за превод и доаѓа нешто отприлика вака : Мислев дека во Македонија треба да се “одиграат“ бубрезите или Во Македонија се “играа“ бубрезите
ке раскаже некој што се дешаваше во петокот таа епизода,видов на реклама нешто сонер ке се налути кога ја виде собата на дениз со пердуви и само тоа а незнам зошто се лути нели сака да е срекна дениз што е сега
Сакам да знам кој е тој чичкото што ја изнајмува куќата на мете,берин,осман?? Ќе се жени ли со тетка Џемиле или не? И незнам зошто,ама мислам дека Али е жив
Леле Дениз душичка..Сите сцени до крајот на филмот ѓи имам гледано од нејзе! Спојлер Епа да ви кажам дека Лејла од Завет ќе му се пушта на Сонер ама поради Дениз ќе ја откачи оти ич нема да ја сака!
Види го ти лудово, прво Хакан-какан, а види ја сеа ... Инаку за сторијава со бубрегов, немам коментар и не осеќам потреба да се притресавам и така више не ми е симпатија. Кој му е крив шо не дошол кај мене на гости? Тогаш не бев мажена, а и сигурно немаше бубрег да му барам. Барем си доби прекар - бубрег. Инаку насловот е нешто „Мислев дека ќе ми ги украдат бубрезите во Македонија“. Ама муж...одма се исплашил... Не ми замеравајте, болна сум се`уште немам кафе пиено.
Луѓенцааа дај кажете нешто што ќе се случи во иднина со серијава Првите две сезони постојано ги гледав,сеа на третава некако со сила,ајде нас'скајте ме со информации да ми биде поинтересно Ако знаете и вие,нормално
Интересно ќе биде многу понатаму имам гледано!Во Турција има 120 епизоди а кај нас ќе направат 220 еоизоди сигурно како што ги кратат!
Спојлер Братот на Ајче ке го убие другарот на Осман ама на местото на убиството ке му падне бројаницата. Одамна беше и не се секавам дали ја најде Осман или Мете и со тоа и докажаа на Ајче дека брат и е убиец бидеќи таа не веруваше. За тоа дозна и таткото на убиениот дечко и го уби брат и на Ајче. Сите мислеа дека убиец е Осман и сите го бараа него. Тој се креиеше еден период ама на крај го фатија. Пред да го затворат Мете се пријави дека тој е убиецот само за да не оди Осман во затвор зошто Мете знаеше дека таму ке има многу малтретирање. Инаку во меѓувреме Џемиле ке се омажи со Ариф. Ама се појавува еден со бркови, полицаец ли е или што појма немам, мислам (колку што јас разбирам турски) дека некогаш бил заљубен во бившата жена на Ариф и од тогаш стално го прогонува. Кога дознава дека Мете е во затвор многу го малтретира и ги уценува Џемиле и Ариф дека ке го пушти Мете ако Џемиле се разведе од ариф и Ариф се пријави во затвор на местото на Мете, демек ке го пушти Мете од затвор.Ариф бега се крие, а он ја малтретира Џемиле, ја тера да се разведе, и закажува состанок пробува да ја силува за возврат да и дозволи да го види Мете. Инаку тој има некаков приватен затвор во неговата куќа во подрум каде што малтретира многу народ. Толку гоп мачеше Мете што го мрдна од памет.Џемиле само бараше спас како да го спаси мете и стално одеше кај таткото на убиеното дете и го молеше да се пријави за да го пуштат мете. Во меѓувреме мајката и женската на братот на Ајче не ја пуштаа Ајче да оди кај Џемиле и затоа Осман ја украде Ајче и тајно од нив ја венча во лажен брак, за да може да живее кај нив се додека се врати Мете од затвор. На крај Џемиле успеа да го наговори вистинскиот убиец да се пријави за да го пуштат Мете ама не знаеше дека во меѓувреме и Ариф кеој се криеше наваму- натаму реше да му се предаде на тој лошиот полицаец за да го спаси Мете. Мете го пуштија ама Ариф го затворија. Мете кога излезе од затвор беше буквално како скренат. Со никој не збореше, Ајче не сакаше да ја види и опсесија му беше како да го утепа тој што го малтерираше во затвор и да го спаси Ариф и останатите затвореници. Прво почна сам ама тешко му одеше ама после со помош на Сулејман и Сонер успеаја да го разоткријат, да ги спасат затворениците и да се дознае во полиција што прави тој.Во последната епизода Мете се опоравува и ептен се среќни со Ајче. Сонер ке се засака со Бахар, но ке се умеша една женска,една пијандура , дали беше некоја богаташка или некоја од фирмата не знам и ке им ја растури љубовта.Ама со помош на малата Дениз пак ке се збилижат со Бахар од кога таа жеската ке ја изгази кола. Бахар ке остане трудна и нема да му каже на Сонер,ке сака да абортира мислејки дека тој ке ја откачи ако разбере дека е трудна, оти то и збореше дека не сака други деца и дека се плаши да не и се случи на мајката исто што и се случи на Ајлин. И тој кога дознава во последен момент трча во болница да ја спречи. Многу се грижи за незе и многу му е страв да не и се случи како на Ајлин. Последната серија е нивната свадба. После толку години Берин останува трудна од Ахмет и пред да се породи го убиваат Ахмет. Берин цело време го криви Хакан за убиството на Ахмет. Хакан за да и докаже дека нема вина го става пиштолот на глава пред татко му и му вели да каже кои се убиците на Ахмете оти ако не каже ке се убие. Стариот му кажува и он оди да расчисти ама и татко му доаѓа и во претрелката го убиваат татко му. Каролин живее со Екрем ама он не ја венча. Еден ден таа му ги ноѓа документите и гледа дека Екрем сето богатство после смртта го остава на Хакан и она почнува да му се пушта.Предходно малата Зехра има проблеми со некоја болест и и треба донатор. Сите донираат ама од никого не одговара само од каролин одговара. И таа, тајно за да се докопа до богатството го уценува Хакан дека ке донира за Зехра ако он се ожени со незе. Он им кажува на Берин и Џемиле и тие се против тоа ама Хакан мисли дека нема друг излез и прифаќа да се жени, а во меѓувреме Џемиле и Берин ја наогаат Бахар која тога беше разделена од Сонер и она одговараше како донатор. И таман Хакан и Каролин да се земат, Каролин во венчаница ,само што рече ДА, влегоа Берин и Џемиле и го спасија Хакан кога рекао најдовме донатор. Сите отрачаа во болница а Каролин ке го утепаше матичарот оти закасни Хакан ја откачуваше и поната и таа за да му возврати глуми дека си ги сече вените, Хакан ја крева во раце и ја носи во соба а она намести во тој момнет да влезе татко му и кога Хакан ја легнуваше во кревет таа почна да вришто по Хакан , пушти ме, пушти ме.... демек Хака сака да ја силува. Екрем го скрши од мавање хакан а овој сакаше да му објасни дека нема веза. И после Хакан смисли план. И се проближи на каролин почна да се бацува, и закажа состанок во хотел за секс и во исто време го викна тато му да дојде во таа соба во хотелот и таман кога овие двајца се наместија во кревет за секс влезе Екрем и ја избрка од дома. Кога ке ја избрка, каролин му се пушта на Ибо. мажот на Месуде и ке му ги собере сите пари од бизнисот, него ке го затворат а таа во последната бега со Мустафа во странство ама малиот не сака и и бега и оди кај Џемиле а таа сама оди во странство и ја пожуваат на една плажа кај што се сунча опколена се еден куп мажи околу незе. Инаку Берин роди машко дете од Ахмет и го крсти Ахмет и на крајните серии тие двајца се зближија и се засакаа. така да Зехра ја израсна Ахмет како татко а малиот на ахмет ке го израсне хакан како татко. Важно последна епизода е ептен убава и релаксирачка. Единствена среќна (колку може да се каже среќна) и доста комична. Завршува со свадбата на Сонер и Бахар во која Џемиле конечно најде мир покрај саканиот човеко кој ја сака неизмерно и се секава на незите родендени за разлика од таа барабата Али.Осман станува писател и цело време раскажува. Мислам дека отприлика опфатив се што беше најбитно.Се надевам дека си задоволна.