lele luge sega ja gledav poslednata epizoda, Спојлер ne mozam da se smiram,celo vreme placam tolku e jaka strashno alal im vera..posebno na krajot site glumci koga idat i koga ajlin ja guska deniz leleee super film [mod-kirilica:3m5mjquc][/mod-kirilica:3m5mjquc]
Спојлер кој е тој на почеток на четврти дел шо се сеќава и шета? Духот на Али или...? Иначе дедено со гајдето ми е ѕвезда на свадбата
Спојлер Тешеќур Логично ми беше ама одеднаш се префрлаа сцени сегашност/иднина па се збунив малку. Ти знаеш убаво турски, ќе можеш ли накратко да ми раскажеш што се случуваше? Ja многу малку фатив реков само некои основни работи знам од јазиков.
Спојлер Братот на Ајче ке го убие другарот на Осман ама на местото на убиството ке му падне бројаницата. Одамна беше и не се секавам дали ја најде Осман или Мете и со тоа и докажаа на Ајче дека брат и е убиец бидеќи таа не веруваше. За тоа дозна и таткото на убиениот дечко и го уби брат и на Ајче. Сите мислеа дека убиец е Осман и сите го бараа него. Тој се креиеше еден период ама на крај го фатија. Пред да го затворат Мете се пријави дека тој е убиецот само за да не оди Осман во затвор зошто Мете знаеше дека таму ке има многу малтретирање. Инаку во меѓувреме Џемиле ке се омажи со Ариф. Ама се појавува еден со бркови, полицаец ли е или што појма немам, мислам (колку што јас разбирам турски) дека некогаш бил заљубен во бившата жена на Ариф и од тогаш стално го прогонува. Кога дознава дека Мете е во затвор многу го малтретира и ги уценува Џемиле и Ариф дека ке го пушти Мете ако Џемиле се разведе од ариф и Ариф се пријави во затвор на местото на Мете, демек ке го пушти Мете од затвор.Ариф бега се крие, а он ја малтретира Џемиле, ја тера да се разведе, и закажува состанок пробува да ја силува за возврат да и дозволи да го види Мете. Инаку тој има некаков приватен затвор во неговата куќа во подрум каде што малтретира многу народ. Толку гоп мачеше Мете што го мрдна од памет.Џемиле само бараше спас како да го спаси мете и стално одеше кај таткото на убиеното дете и го молеше да се пријави за да го пуштат мете. Во меѓувреме мајката и женската на братот на Ајче не ја пуштаа Ајче да оди кај Џемиле и затоа Осман ја украде Ајче и тајно од нив ја венча во лажен брак, за да може да живее кај нив се додека се врати Мете од затвор. На крај Џемиле успеа да го наговори вистинскиот убиец да се пријави за да го пуштат Мете ама не знаеше дека во меѓувреме и Ариф кеој се криеше наваму- натаму реше да му се предаде на тој лошиот полицаец за да го спаси Мете. Мете го пуштија ама Ариф го затворија. Мете кога излезе од затвор беше буквално како скренат. Со никој не збореше, Ајче не сакаше да ја види и опсесија му беше како да го утепа тој што го малтерираше во затвор и да го спаси Ариф и останатите затвореници. Прво почна сам ама тешко му одеше ама после со помош на Сулејман и Сонер успеаја да го разоткријат, да ги спасат затворениците и да се дознае во полиција што прави тој.Во последната епизода Мете се опоравува и ептен се среќни со Ајче. Сонер ке се засака со Бахар, но ке се умеша една женска,една пијандура , дали беше некоја богаташка или некоја од фирмата не знам и ке им ја растури љубовта.Ама со помош на малата Дениз пак ке се збилижат со Бахар од кога таа жеската ке ја изгази кола. Бахар ке остане трудна и нема да му каже на Сонер,ке сака да абортира мислејки дека тој ке ја откачи ако разбере дека е трудна, оти то и збореше дека не сака други деца и дека се плаши да не и се случи на мајката исто што и се случи на Ајлин. И тој кога дознава во последен момент трча во болница да ја спречи. Многу се грижи за незе и многу му е страв да не и се случи како на Ајлин. Последната серија е нивната свадба. После толку години Берин останува трудна од Ахмет и пред да се породи го убиваат Ахмет. Берин цело време го криви Хакан за убиството на Ахмет. Хакан за да и докаже дека нема вина го става пиштолот на глава пред татко му и му вели да каже кои се убиците на Ахмете оти ако не каже ке се убие. Стариот му кажува и он оди да расчисти ама и татко му доаѓа и во претрелката го убиваат татко му. Каролин живее со Екрем ама он не ја венча. Еден ден таа му ги ноѓа документите и гледа дека Екрем сето богатство после смртта го остава на Хакан и она почнува да му се пушта.Предходно малата Зехра има проблеми со некоја болест и и треба донатор. Сите донираат ама од никого не одговара само од каролин одговара. И таа, тајно за да се докопа до богатството го уценува Хакан дека ке донира за Зехра ако он се ожени со незе. Он им кажува на Берин и Џемиле и тие се против тоа ама Хакан мисли дека нема друг излез и прифаќа да се жени, а во меѓувреме Џемиле и Берин ја наогаат Бахар која тога беше разделена од Сонер и она одговараше како донатор. И таман Хакан и Каролин да се земат, Каролин во венчаница ,само што рече ДА, влегоа Берин и Џемиле и го спасија Хакан кога рекао најдовме донатор. Сите отрачаа во болница а Каролин ке го утепаше матичарот оти закасни Хакан ја откачуваше и поната и таа за да му возврати глуми дека си ги сече вените, Хакан ја крева во раце и ја носи во соба а она намести во тој момнет да влезе татко му и кога Хакан ја легнуваше во кревет таа почна да вришто по Хакан , пушти ме, пушти ме.... демек Хака сака да ја силува. Екрем го скрши од мавање хакан а овој сакаше да му објасни дека нема веза. И после Хакан смисли план. И се проближи на каролин почна да се бацува, и закажа состанок во хотел за секс и во исто време го викна тато му да дојде во таа соба во хотелот и таман кога овие двајца се наместија во кревет за секс влезе Екрем и ја избрка од дома. Кога ке ја избрка, каролин му се пушта на Ибо. мажот на Месуде и ке му ги собере сите пари од бизнисот, него ке го затворат а таа во последната бега со Мустафа во странство ама малиот не сака и и бега и оди кај Џемиле а таа сама оди во странство и ја пожуваат на една плажа кај што се сунча опколена се еден куп мажи околу незе. Инаку Берин роди машко дете од Ахмет и го крсти Ахмет и на крајните серии тие двајца се зближија и се засакаа. така да Зехра ја израсна Ахмет како татко а малиот на ахмет ке го израсне хакан како татко. Важно последна епизода е ептен убава и релаксирачка. Единствена среќна (колку може да се каже среќна) и доста комична. Завршува со свадбата на Сонер и Бахар во која Џемиле конечно најде мир покрај саканиот човеко кој ја сака неизмерно и се секава на незите родендени за разлика од таа барабата Али.Осман станува писател и цело време ја раскажува приказната за неговото семејство. А тоа “дедето“ се заљуби во баба Хасефе уште на почетокот кога ја виде на на една прослава или можда свадбата на Џемиле, не се сеќавам, одамна беше. Во последнава епизода отиде кај Џемиле и Ариф да ја побара раката на баба Хасефе.
Спојлер Да Сулејман и Сонер преправени како полицајци ке успеат да ги спасат сите од затворот и Ариф ке се врати дома и ке си бидат заедно со Џемиле. Џемиле -Ариф Сонер - Бахар Мете -Ајча Хакан - Берин Каролин во странство Осман сам и писател
лелеее ајдин мојот ајдин нема да си го глеедам,остај тоа стварно беше тажно греота ,и покрај тоа што е филм знам дека не е мртов и пак ми е жал