по с*ање серија амин! не ја гледам серијава глупа ми е. само девојчето од сонер и дадилката ми се интересни другото е уби боже (џемиле изгледа постаро од свекрвата) серијата е одвива во 60-тите а во една сцена лаптоп во позадина глупости.....
^ Дејството во серијата се одвива во период од седудесетите до некаде средина на осумедесетите,барем досега е до таму,патем Џемиле и е веќе жена во години и секако не изгледа постара од свекрва и,туку својствено за постара жена.Инаку сцените во кои има лаптоп,не препостави дека се снимки од иднината?всушност писателот на книгата Осман се навраќа во минатото. Инаку денес,претпоставив дека на Дениз и недостига мајка и,што е и логично...тажен момент. Серијата се наближува кон крајот,секогаш ќе ми остане врежана во умот.
Чекав да видам дали некој ќе коментира на форумџиката што кажа за лаптопот но изгледа не го прати филмот па ја видела само таа сцена и затоа така и напишала Како и да е секој има свое мислње и може да каже што сака. Кетринке јас се сложувам со тебе серијава ја гледам од првата епизода на првата сеозна и толку многу се соживувам со неа што се осеќам како да сум таму на моменти... дефинитивно Бурни времиња за мене е едниствената туркска серија со добра содржина за жал вистинска приказна .Понекогаш си мислам ех како им било на луѓево што се не доживеале во нивниот живот Има некои што ја гледат на интернет за да видат што ќе се случува но јас не сум од тие таквите си ја чекам на тв да ја изгледам и да крај да бидам во неизвесност .
Токму така вики, ако не ја знаеш целата приказна подобро да си премолчиш.Приказната е длабока способна да те однесе недкаде далеку,да им ја читаш болката на другите да се запрашаш како им било?Можеш да влезеш во тој свет на измачување, тага, надежи и некоја зафрлена насмевка.Ја следам бидејќи е реална ,била некогаш била и постоела,некоја жена со тажни очи нечии уморни души,нечии тешки чекори.Нечии зборови,заборавени соништа и минато. Приказнава никогаш не може да има среќен крај.Среќата го одминала тоа време,задоцнила. Нечии судбини,испишани во вечноста.
Знаеш ја гледам серијава и си мислам дека всушност порано постоеле многу полоши работи,постојат и сега но на ликовите овде секојденвно им се случуваат се потешки работи кои незнам од каде ја црпат таа енергија за да го издржат животот. После сите удари од животот после сите пребродени немирни ноќи,после сите проблеми и загуби тие сепак се сите заедно се трудат да бидат едно да помогнат еден на друг колку и на нив самите да им е тешко,се докажуваат иако знаат дека деновите им се наближуваат.Мечтаат за работите кои ги сака секој среќен човек,силни се и кога се најслаби,бараат прошка каде што никогаш нема да можат да ја пронајдат ... се е премногу испреплетено и нејасно ... среќата заминала од нивните животи но надежта е присутна секој ден во нив ...
Колку ми е мило што го изгуби едното око.И ако може да ми раскаже некоја феминка како се случи тоа бидејќи тие епизоди ги пропуштив
Е тоа е, ем неразбранa поента, ем да се промрчи и да се напраи некој паметен. У муабет да се најде де. Ова ми е како некој кој се жали дека му кажале глуп виц а уствари не го разбрал. Ариф го ѕвекна со метален боксирач.
И јас не го гледав многу имав гости ама.. Знам Ариф се ''согласи'' да се јави на Џемиле,и Тугру му дозволи.. Ариф појде до Тугру,т.е до масата кај што беше телефонот,и почна ко божем да и врти на Џемиле,а во десната рака го криеше тоа,цц како се викаше едно како железно на рака што се става незнам сега И му ја акна една на Тугру,и така му го извади окото Знам дека многу убаво раскажав
Ауу јес,јес.Сега Мете нели како доктор беше маскиран и што ќе ми направи на Тугрул дебелиот? [/quote] Спојлер Нема да му направи ништо во таа епизода, Тугрул ќе биде заминат од болницата но тешки денови идат за Тугрул
Спојлер Нема да му направи ништо во таа епизода, Тугрул ќе биде заминат од болницата но тешки денови идат за Тугрул [/quote] Ако може во спојлер или евентуално по ЛП да ми кажеш што ќе му направат на Тугрул