Убава е серијата,ама многу ми е жална,не можам веќе да гледам жални серии,ќе снемам солзи Жал ми е за децата,најмногу за Осман.Сцената во првите епизоди кога Али крши се од масата,а Осман се крие имам сеќавање од мала слично на ова. Татко ми беше пијан и ја скрши масата,а јас исплашена стоев до вратата.(не дека е пијаница и дека крши цело време,ама ете,се случило и тоа и ми останало во сеќавање). И кога Берин и викаше на мајка и да се разведе од него,истото и јас и го викав на мајка ми. Во првите епизоди се пронајдов неколкупати,освен што татко ми нема друга,барем колку што знам јас,ама непочитувањето,кавгите... И многу е глуп овој Али,како ги малтретира децата,не можам да гледам,се нервирам Иако знам дека е само филм,ама знам и дека има и такви "луѓе" и самата помисла на тоа ме нервира. Затоа го гледам некогаш само колку да го видам Осман срце е,многу мило детенце.
Спојлер Значи овој Али колку покварен испадна...да си ги избрка децата од куќата кај шо живееле отсекогаш и сето тоа само за да се вселе со Каролин таму ...глуп
Hipster само за тебе еве вчера што гледав Спојлер Џемиле добива работа во фабриката на рибарот, иако не знае Џемиле дека е тој богаташот Хисни Карчи. Екбер ( швалерот на Каролин од Холандија) доаѓа и сака да му земе пари на Али преку наводно вложување во ресторан на брод. Каролин го тера да јададе под хипотека делот од куќата кој е на негово име а во која живеат Џемиле со децата. Мете е скршен кога дознава дека Инџи е верена. Сонер и братот доаѓаат да ја просат Ајлин, ама нема да ја дадат нејзините затоа што мајката го наоѓа договорот дека е брак за пари а не од љубов. Ја апсат жената на Ахмет и се сомневаат во Берин дека ја предала затоа што таа беше таму во моментот кога дојде полицијата...
Ама затоа му е и интересна, пошо не го дрибла мн мн и не го добива од неа очекуваното внимание како син на министер ... а овој глупаков Ахмет, згора на се` Спојлер и ја лаже. Инаку типов е женет со некоја Палестинка, нешо политички поврзана е работава и преку бракот со Ахмет, таа има легално засолниште во Турција. А да не правам муабет дека понатаму Хакан ќе ги спаси и двајцата (Берин и Ахмет) од оние шо ги гонат комунистите. И стварно, ама стварно не ми е јасна...јас на нејзино место ќе го баталев овој коњскава фаца уште од старт Спојлер (и онака ќе видиш понатаму само проблеми ќе и` донесе.) и ќе си го изберев Хакан, барем би и` овозможил живот без стрес...а и со привилегии со оглед на тоа чија снаа е. Али интересен беше мм вчера коа глеавме серијава. Јас си коментирам „Оваа Берин мора на столче да се качи значи за да си го покачи IQ-то...па колку е глупа уште да трча по овој коњскиов. Јас на нејзино место одма Хакан би го избрала, барем помирен и поубав живот би ми пружил.“ И мм мртов озбилен и дури со љута фаца ми се избаци „А шо би ти фалело сама на нејзино место? Ни едниов ни другиов, a?’’ Ја нормално бев у фазата i-am-too-shocked-to-answer-that И да...после цела вечер муабет не ми праеше... реакцијава ми беше толку интересна што избегав во вц за да се изнасмеам Почна да шекнува серијава, нема муабет...
Многу се нервирам кога ја гледам серијава, ми иде телевизорот да го скршам кога ги гледам Краволин и оној идиотот ! А „јатрвите“ иста сорта се, си се погодија ! Двете такви лицемерни, бездушни, никакви... Мустри ееееј ! А тој па бесрамникот секоја епизода се повеќе „бисери“ кажува ! Имаше фаца да каже „Џемиле беше виновна, зошто не ми даде развод !“ Ало беее, таа да не ги исфрли децата од дома, поради една крава ?!
Јас па за едно му се восхитувам на Ахмед, ретки се да не речам сега барем ИДЕАЛИ не постојат и ваквите како него денес се изумрен вид. Нема веќе млади студенти кои се борат за своите права и не се плашат да го кажат своето мислење јасно и гласно. Можеби е пребунтовен, но веруваво тоа што го прави,а се бори со некоја искра во него,незнам со посебна љубов. Тоа ретко се гледа кај човек. А се надевам дека Али онака убаво ќе го соголи онаа караконџулата.
Абе мајка му најубаво му кажа: „Вашата цел е правилна, но начинот на кој го правите тоа може само проблеми да ви направи.“ И искрено, мене ми е идиотски да го ставаш некој идеал за кој питање е дали ќе се избориш пред луѓе од крв и месо кои те сакаат. Спојлер Па мајка му ќе ја утепаат тие негови идеали мислам...
Убаво му рекла мајка му, амана сите ни е јасно,дека сите револуции што се кревале се кревале од некој ИДЕАЛ и да гинеле луѓе, но според бив вредно било да се умре за каузата. Ние сега не го разбираме тоа, затоа што ИЗУМРЕА! Луѓето сега умираат за пари и моќ, што за мене е поодвратно и понеразбирливо него ова другово.
Aбе да нека биде бунтовен и се, ама ве молам, за се си има граници. и замисли берин заврши утре со него, нит ќе знае овој дали жив ќе се врати, нит дали завршил во затвор итн A мислам дека берин толку проблеми си има над главата па уште и овој и фали, да му ја мисли и за него. A плус малиов Спојлер и женет да ти бил Cега за сега сум да биде со другиот, ете сега рекоа на форумов Спојлер ќе се омажеле , па ајде да видиме како и што ќе биде. Mоже ќе сменам мислење Aма мил ми е тој, ептен нежно ја гледа со тоа очињата. A Aхмет ако ја сака нејзе реално, ќе се откаже од тоа неговите бунтови, или пак нека си избере
Па, ако ништо друго, барем Спојлер ќе му помогне, т.е. ќе го насочи да го бара мирот во музиката... http://www.youtube.com/watch?v=fVcL3cntQ7c со Неџати бе...не ми се верува...инаку песничето ми е баш по мерак... Едит Значи се заразив со серијава, сеа приметив скоро на секоја страна oд темава ме има...неизбежно
Спојлер http://www.napauza.mk/%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%B0%D0%BD-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8.html ОСМАН ОД БУРНИ ВРЕМИЊА СО ВИСТИНСКИТЕ РОДИТЕЛИ http://www.napauza.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%B ... D0%B0.html МАЛИОТ ОСМАН ОД БУРНИ ВРЕМИЊА
Wilma Elles Овде ги имате имињата на сите од серијата. http://wowturkey.com/forum/viewtopic.php?p=1973334
Ке биде интересно утре кога Али со ку*вата ќе си ги соберат парталите и низ врата. Баш ме интересира со кого ќе остане Али на крај и дали ќе се покае за се што стори?