Колку се прекрасни речениците кои Осман ги одбира за да ја раскаже серијата. Внимателно одбрани, на висок стил. Денес ми остави впечаток реченицата со пеперутката и нејзинот живот кој трае дури една минута. Денешнава епизода-почеток на крајот. Позитивна и една од ретките кога владее безгрижноста и радоста. Секој си дојде на своето, и си` го доби заслуженото. Љубовта победи, ги совлада сите бариери, гордоста исчезна, довербата се зголеми. Се изнасмеав со Денис и Мете, односно кога подобро ќе размислам со сите. Бабата - феномен. Бурата помина, браво за добрата глума на сите глумци кои успешно не` нервираа и во епизодите како денешнава - правеа да се смееме и да заборавиме дека сето ова е добро смислено сценарио. "Бурни времиња" и "Кога лисјата паѓаат" според мене се единствените серии кои заслужуваат да го носат епитетот `хит на годината`( секако,од големата конкуренција на турски серии )
^Е да со тоа се сложувам!И тато тоа го вели иако наповеќе го нервираат турките серии.А бе да ве прашам Осман така без женска ќе биди ,нема да му најдат некоја?
Неможе да му најдат зошто серијата е направена по вистинска приказна. Очигледно Осман тогаш немал девојка и затоа не "му нашле".
Заврши бурата Мене баш ми се допадна крајот што ја покажаа цела екипа,поготово Ајлинка,многу си ја сакав.Убава серија беше,,за мене најдобра од Турскиве,поготово првите 2 сезони Актерите супер,секој лик си го сакав посебно и така....
Единствената турска серија (покрај Шехерезад) што ја изгледав од почеток до крај. Прекрасна, прекрасна беше и последната епизода. Прекрасни глумци, се се се .. па на крајот кога излегоја сите и Ајлин леле...и само капетан Али уште требаше. ке ми недостига.
Дефинитивно најубавата турска серија што ја имам гледано...Толку падови, толку успеси,болка, тага, среќа, љубов...Шо се немаше.. Дефинитивно ќе ми недостига
Прекрасен крај имаше серијата. Омилена серија ми беше ја изгледав пред време на интернет и сепак на македонски ја гледав редовно. Интернесо тоа што во последната епизода се појави и Ајлин и Осман што го глумеше мал, а зошто го немаше Али и Каролин не се појавија во последната епизода, нели кога се собраа сите?
Најубавата серија што некогаш сум ја гледала,се расплаков малку дури на крајот,а јас мн ретко плачам.
Си ја гледав скокни рипни серијава,ама убава беше.Прекрасен крај,пуштив солзи кога се собра екипата,а и Ајлинка.Една од подобрите турски серии дефинитивно..
Исто леле уште плачам, многу убаво заврши ама и тажно-за мене Сега ќе нема кој да не насмева до солзи ахх штета преубава веше серијата
Соврешенство ми беше Бурни Времиња -најубавиот филм што досега го гледав Би сакала да ја гледам повторно првата сезона и втората не верувам дека ќе ми биде досадна Искрено очекував повеќе во последната епизода барем јас сакав уште малку да даваат како Осман се сеќава на минатото тоа така ми беше по емотивно Ќе ми недостига многу ....
ја гледав серијава ама си рипав по некoja епизодa ама сепак повеќето епизоди ми беа гледани а за крајов беше ФАНТАСТИЧЕН. преубав крај па и редно беше покрај толку тажни настанаи вредеше ваков крај. Перубаво заврши И за Џемили и се восхитувам на жената со колку нереќи,проблеми се справи и успеа да остане цврста до самиот крај.
Ах последнава епизода, преубава беше особено делот кога се собраа глумците на крај, а и раскажувањето на Осман... си пуштив и јас по некоја солза Преубава серија беше, се согласувам дека оваа и Лисјата беа поразлични од останатите турски серии, емотивни, не можат никого да остават рамнодушен. Не ја гледав баш најредовно, ама ќе ми фали.
Овоа ја да не го пишував? Ми ги прочита мислите. Дефинитивно исто мислиме. Серијава ме остави без зборови. Од почеток мислев дека ќе биде тотална глупост (ко шо се пола и повеќе серии ) ама сум згрешила. Заслужуваше ваков крај. После толку нервози и сеќирации.
Ја имаше Каролин, беше облечена во нешто розево или црвено. Инаку убав крај имаше, ми е криво по малце што заврши ама нема везе Многу убава серија беше, само ми беше жал што Ајлин ја немаше во приказнава ама Сонер си нашол многу добра жена, бар тоа.
Традиционално,на"барање" на гледачите се репризираат де,Сител ли не ги знаеме Ама оваа озбилно е на барање,и пљк ќе си ја гледам чат-пат ,многу бев соживеана со серијава,во срце ми влезе.
Крај. Под велот серијата криеше многу насмевки и одрази во огледалото,спомени и траги,фотографии замрзнати во времето, запишани во вечноста.Серија која ми украде дел од емоциите,серија која ја следев со чај и ненаситност.Навидум невреме без крај,вечен дожд.Тмурно небо. Бура. Ми го крадеше времето,ми ја будеше фантазијата а јас тонев. Ќе ми недостига таа магија. Таа бура.
Значи ние сите се туфкаме нели,заврши серијата,плачеме и слично,а Кетринка пишува уметност..Стварно капа ти симнувам девојко,најобична работа како крај на турска серија,можеш да ја опишеш како длабок,емотивен и исполнувачки чин изваден од најубавиот роман.. Алал да ти е Морав да искоментирам,посилно е од мене