Бутик за венчаници

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 20 февруари 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    40.770
    Девојки, каде во Скопјево има бутици за венчаници? И како се движат цените?
    Јас планирам неделава да се рашетам малку, па искуствата се добредојдени. :)
     
  2. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    32
    Има каде сакаш и за колку сакаш :) Елена Лука на пример, кај поранешна Треска (прескапа се знае) Има во Буњаковец на прв спрат, гледа на партизанска, Жан Мари се вика, има Зиане во Беверли (со прескапи венцаници и 5м2 простор), потоа од таму накај центар го имаш Кокев карши Јоспип Броз, Кај Кастм паб е Квин. Во ГТЦ имаш два бутика на 2 спрат. На почетокот е Дива, а на крајот Форевер. Тие два имаат отприлика исти цени и не се скапи. Лично во Дива знам како работат зошто моја другарка ја правеше таму венчаницата и бевме презадоволни. Кога ќе тргнеш накај Југодрво после Зелен пазар, ќе наидеш на Селестра и на уште една ново отворена одма пред неа. Во Селестра е скапо, а тоа новото не би требало да е скапо зошто е истиот дуќан од Мавровка. И на Југодрво ти се наоѓа Жана, а истата ја имаш и во Бисер. Во Жана се малку поскапи отколку во Жан Мари, Дива и Форевер, ама многу се побогати и според мене поубаво сошиени. И се разбира тука ти е и цела Мавровка со поевтини цени,ама и поевтии материјали ми се чини. Се надевам дека ти помогнав..ако те интересира уште нешто прашај зошто јас прошетав за се што е потребно за свадба. Ми остана уште кондури да си купам и да решам кој ќе ме шминка :)
     
    На rajna-vojvoda и RainBow им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    15.985
    Пол:
    Женски
    ^^ А кога правите свадба бе женцки? И колку време од околу треба за шиење на венчаница?
    И уште едно прашање, дали знаете некој бутик во Сингелиќ на А почнува, нешто како Аполонија ли беше, стварно заборавив и ова Викторија Мари во Трубарево ли е или грешка сум?
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.936
    Пол:
    Женски
    Цела Мавровка ти е до бутици, + карши буњаковец Жан Мари, потоа во ГТЦ на трети спрат има 2 Diva и Forever,Кокев кај Јосип Броз, Queen кај соборна, Жана на југо дрво, во Бисер незнам мислам имаше една на вториот спрат, а и низ стара чаршија-мада мислам дека таму нема да најдеш.
     
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Еве на фб можеш да видиш има и информации каде се наоѓаат...гарант ќе ти се допаднат многу ;) Имаш и декорации и триста чуда...

    http://www.facebook.com/profile.php?id=100000071296079&sk=info
    http://www.facebook.com/profile.php?id=100000972040233
    http://www.facebook.com/profile.php?id=100001279117909
    http://www.facebook.com/profile.php?id=100001010239695
    http://www.facebook.com/profile.php?id=100001907419005
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    7.460
    Допаѓања:
    56.753
    Јас прашав прво во Викторија Маер ,тие се во Црниче над Мвр,меѓутоа ми рекоа уште зимата да појдам иако во јуни ми е свадбата,за да не ми се поклопела со друга невеста :^) Потоа навратив и до она незнам како се вика до Селестра едно малечко,ама уште од излог веднаш се вратив нити го кажав моделот нити прашав за цена :tmi: Селестра се малку преценети па изборот падна на Жана до Црвен Крст.Уште кога влегов бев многу убаво пречекана,можеш да пробуваш колку сакаш,добив сугестија дека фустанот што го избрав во колковите ќе ме шири,па заедно гледавме венчаници и одбравме друга алтернатива.Само во жана не продаваат туку мораш да нарачаш за шиење.Цената ќе ми се движи од 450 евра нагоре,зависи од чипката,која сеуште не ја избрав.Бутик за венчаници има многу во Мавровка,и има еден голем гледа накај факултетите исто во Мавровка е,нз како се викаше,имаш Елена Лука,Квин,Руби мислам дека беше во Аеродром......
    Ти предлагам да си пишеш на ФБ бутик за венчаници и ќе ти излезат еден куп :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    40.770
    Комплициран ти е фустанот Ели? Јас не мислам да давам толку пари за венчаницата, па ако се движат толку цените сегде, доро е што сум си прашала прво. :)
    Ќе си барам тогаш шнајдерка, така ваљда поефтино испаѓа.
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Да не е Ал Апарел бутикот? Не шијат само вечаници? Ако е тој немој во никој случај да одиш. Ќе те одерат, ќе се распадне на пола свадба, а нема ни да ти го погодат како што треба. Прости фустанчиња незнаат да сошијат, а не па цела венчаница. Многу негативно искуство имам од нив.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    15.985
    Пол:
    Женски
    Еј фала, добро е да се слушнат совети макар и негативни,а сега приметив дека сум го напишала Викторија Мари а требаше Маер и се си мислам во Трубарево дека беа :?: ама сега ели ме збуни во Црниче биле, да не се ова некои други во Трубарево, епа не знам више, немам време, да купам готов знам дека нема шанси маанџика сум сакам да биде ја како што си замислувам, и мене не ми се даваат толку пари, на пример од 350 евра нагоре а сега ве читам и гледам чипката ја зголемува цената, а јас баш чипкани ракавчиња сакав или барем делот над корсетот :(
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    15.985
    Пол:
    Женски
    Оф леле зини земјо голтни ме, од кај го испукав тоа дека Маер биле во Трубарево, значи каква дезинформација не ми се верува, поголема глупост здравје.
    Инаку ние се средивме, договоривме (кафана,музика,сликање), и нај веќе ми се допаѓа тоа што музиката а и сликата не се некои намќори туку имаат баш пријателски пристап, остана делот со облеката и мојата венчаница, фризура, шминка.
    За 2 месеца се шие ли венчаница и фризура шминка пред колку време закажувате, ако не ви е тешко споделете со оваа напатена душа? :lol:
    И според ваше искуство, во кој бутик се така по фини и спремни да ти помогнат во изборот без разлика колку скап одн. евтин фустан ќе купиш?
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    и јас сум мнооогу непријатно изненадена од цените за венчаници!!!!!!!!!!многу скапо бреееее 500 евра па нагоре па дали се овие нашиве нормални?? гледам на интернет во америка прекрасна венчаница со чипки со све максимум 200 300 долари е ! инаку јас неккао повеке сум или за квин или за зана ..и ако мора да се даваат купишта пари барем да е квалитетно направено
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    40.770
    Цените се :x За мојот модел каков што сакав да ми го сошијат е над 450 евра. Речиси секаде е исто. Така што ништо од мојот фустан, ќе барам поинаков модел за помалку, негде за 250 евра. Нема шанси да фрлам толку пари за фустан, 500 евра, ццц.
     
    На Dust и 0306azz им се допаѓа ова.
  13. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Значи и некој друг се занимавал и размислувал исто како и јас,погледни ја венцаницата на сликата на мојот профил,совршенство,ама ме остави без здив,ја најдов на интернет ама сосем слуцајно ја најдов и сошиена тука во Скопје,ке направам секакви напори за да ја купам,зошто се залјубив во неа,а сакав да изнајмам било каков,или купам сеисто за поевтини пари,поздрав
     
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    исто и јас се заљубив во таа венчаница ама ....отвори на страната на бутик квин на фб и гледај ги сите албуми има буквално ама буквално 50 невести со таков фустан со мали варијации плус го има и во жана и таму 20 невести минимум ...не фалаааааааааа пола град ко мојата венчаница
     
    На ilence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    5
    Во Мавровка највеке ги имам слушано Бутиците Бјанка и Лидија, со тоа што во Лидија се многу поевтини венчаниците ( каде после и мојата венчаница ја шиев таму) .
    Ја препорачувам по мое сопствено исклуство,инаку никогаш не препорачувам бидејки несакам некој да ме пцуе што сум предложила нешто за кое ни самата незнам какво е :) јас мојата венчаница ја одбрав за време на вториот саем за венчаници, а ме привлече тоа што имаше еден странскки креатот не ми текнува како се викаше, и ја изнафали женава како имала најдобра изработка на венчаници од сите таму. И дека местото не и било на еден таков саем, со бутици кои имале мизерни изработки. Но секој со свое искуство и свои желби. Еве и линк од нејзината фб страница, кога веке ја испофалив

    http://www.facebook.com/profile.php?id=100002030213640

    Јас би ви рекла да не ве привлекува името или рекламата на еден бутик, туку изработката и цената.
     
  16. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    125
    ;) pa ne bi se slozila.jas imam takva vencanica, megutoa ne deka e moja, bese slika i prilika na pnina tornai, bese rabotena so premnogu ljubov...jas ja probav i taa od queen(iako ne e ni priblizna na mojata), bev prva tamu koga se otvori salonot, prva probav fustan, a taa za toj prost i mn malku nadzizan fustan mi barase vrtoglavo visoka cena i duri ne sakase da mi spusti ni 50 evra iako ke bev prvata nevesta kaj niv...epa taka ne se prodava neli? nego da se vratime na muabetot: mnogu devojki siele da, no... ima edno no! za 250 evra ne moze da izgleda taka vencanicata da se razbereme, jas sum od onie koi go cenat trudot i kvalitetot, a sekoe kvalitetno parce se plaka i poskapo, sto znaci sporedete gi, ama niedna ne e ista... sepak toa e veke izbor na nevestata a i finansiite igraat uloga normalno.
    inace jas ja prodavam koja e zainteresirana, moze slobodno da mi pise da i pratam sliki, siena e vo Zana i mozam da kazam deka za mene se No 1 ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Некои од венчаниците се лоша копија на оригиналот,денес пробав венцаница во жана а потоа видов во Бјанка несто слично ама тоа не е тоа ,сакам да казам ако имаат не кој сличен детал во никој случај не мозат да се стават во ИСТ кош,изработка,чипка и многу други детали придонесуваат за да едно цело биде онакво какво сто е!Но убавото е во тоа да венчаницата да ти се засвиѓа на прв поглед,како одминува секоја минута од кога ке го пробаш да сакаш се повеќе да е твој , и нормално највазното е во тоа да МОЖЕШ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИШ
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.666
    Па добро сега,нормално е кога се прави свадба,се трошат повеќе пари,а свадба правиш еднаш и нормално сакаш убаво да изгледаш.Се согласувам дека е многу 800 евра,а до 400-500 е солидна сума.За 200 евра не ни изнајмуваат венчаници.Кога бев во Мавровка девојка пред свадба дојде плачејќи со фустан еден шивач чие име не сакам да го спомнам ако го интересира некој нека ми пише лп,да не испадне дека сум против некој,девојката со крокодилски солзи платиле околу 200 евра за да испадне катастрофа,се карале се тепале со мажот овој парите не ги враќал,проба еден фустан 350 евра го плати,си замина,и пак и испадна 550 евра :x
    Не дека мојата венчаница била во Жана,па најдобри се-уствари за мене и се,исто ми се допаѓаат и до Селестра но таму им беше друг пристапот.Во жана не пробаа да ми наметнат ваков ќе ти биде фустанот и точка,туку сакаа самите да им кажам што сакам и така да биде со нивна мала сугестија.
    Јас пробав да заштедам на покани,китенки,бонбони а не на фустан.
    Па со среќа на сите :)
    Инаку и во Куманово има многу бутици па ако ви е блиску можете да тркнете да видите ;)
     
    На bela-imela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    49
    Феминки а колку време однапред треба да се закаже за шиење венчаница?мене ми треба за во септември,дали е многу рано од сега?се двоумам помеѓу Бјанка,Селестра и Жана:)
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    7.460
    Допаѓања:
    56.753
    Mислам дека ти е рано,ама ако сакаш да си бидеш помирна отиди и закажи си термин :)
    Прошетај прво до сите три,разгледај,пробај,види цени и одлучи си.Бараат обично капар околу 100 евра,ќе те запишат за датум,а за земање мерка можеш после да одиш,битно е да си го закажеш датумот